Ракометарите на Охрид против Целје по триумф за историски европско финале - Канал 5

Ракометарите на Охрид против Целје по триумф за историски европско финале

Продолжува историскиот од на ракометарите на Охрид на европската ракометна сцена

Ракометарите на Охрид против Целје по триумф за историски европско финале

Ракометарите на Охрид денеска го играат својот најзначаен меч во клупската историја, пред полни трибини во Билјанини Изавори против словенечкиот гигант Целје Пивоварна Лашко атакуваат на победа вредна историско финале во ЕХФ европскиот куп.

Охриѓани имаат за задача вечерва од 19 часот во полуфиналниот реванш да ја анулираат негативата од еден гол од првиот меч одигран во Словенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски е подготвен да се сретне со Путин на самит во Мајами

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во Мајами, доколку биде поканет.

Зеленски е подготвен да се сретне со Путин на самит во Мајами

„Да, секако. мораме да дојдеме. Мораме да се сретнеме, да разговараме и да донесеме одлука“, рече Зеленски во интервју за „Дојче Веле“ во канадската воена база во Норт Беј.

Според украинскиот лидер, она што ќе му го каже на рускиот претседател нема да биде најважната работа.

Во меѓувреме, најмалку 23-ца луѓе се повредени, а меѓу нив има и петмесечно бебе, кога руски ракети утрово погодиле станбена зграда во украинскиот град одес, соопшти претседателот на одеската обласна воена администрација Олексиј Кипер.

Шестмина од повредените, меѓу кои е и бебето, се во болница.

„Како резултат на нападот, горните катови на повеќекатна станбена зграда се целосно разрушени. Експлозивниот бран оштети и соседни станбени згради и гасовод со низок притисок“, се вели во соопштението на гувернерот.

На уште три станбени згради им е нанесена штета, а оштетен е гасоводниот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ со свои претставници на шведските избори

Пратеникот и заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, викендов е во дводневна посета на Стокхолм како меѓународен гостин на шведскиот изборен процес.

ВМРО-ДПМНЕ со свои претставници на шведските избори

Петрушевски во Шведска е на покана на Moderaterna и Jarl Hjalmarson Foundation, со кои ВМРО-ДПМНЕ има долгогодишна соработка и партнерски односи како дел од европското семејство на сестрински и партнерски партии.

Во рамки на работната посета, Петрушевски учествува во програмата посветена на шведскиот изборен процес, на средби и брифинзи со претставници на шведската политика, како и со гости и претставници на политички партии од повеќе европски земји.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на градењето силни партнерства со европските сестрински партии и на размената на позитивни искуства и практики кои можат да придонесат за унапредување на демократските процеси и политичкото делување во Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ изразуваме благодарност до Jarl Hjalmarson Foundation за поканата и поддршката на престојот на Петрушевски во Стокхолм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Маврово продолжуваат активностите од тридневниот семинар „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“

Во Маврово продолжуваат активностите од тридневниот семинар „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“, во организација на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ на ВМРО-ДПМНЕ, во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Во Маврово продолжуваат активностите од тридневниот семинар „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“

По вчерашното отворање на семинарот со поздравно обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, кој говореше на тема „Лидерство, визија и одговорност“, денеска програмата продолжи со предавања посветени на стратешката и ефективната политичка комуникација.

Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на партијата, Луке Галески, говореше на тема „Стратешка комуникација: од политички приоритети до јасни пораки“, при што се осврна на континуираната комуникациска стратегија на ВМРО-ДПМНЕ, нејзината конзистентност и начинот на кој политичките приоритети се преточуваат во јасни и разбирливи пораки за граѓаните.

Стратешкиот пристап во комуникацијата е еден од факторите што придонесуваат политиките и резултатите на Владата да допрат до граѓаните, а довербата што ја ужива ВМРО-ДПМНЕ е потврдена и низ најголем број од релевантните истражувања на јавното мислење. Силниот политички момент за ВМРО-ДПМНЕ е дополнителна потврда дека граѓаните препознаваат јасна политика, стабилно лидерство и доследност во исполнувањето на преземените обврски.

Свое излагање имаше и Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата, на тема „Ефективна комуникација со јавноста во современото медиумско опкружување“. Таа се осврна на потребата политичката комуникација да не биде само пренесување на информации, туку вистинско поврзување на политиките со реалните потреби, проблеми и очекувања на граѓаните.

Галески и Митева потенцираа дека клучот на успешната политичка комуникација е граѓаните навремено и јасно да ја слушнат и разберат реалноста, резултатите, одлуките и конкретните политики кои влијаат врз нивниот секојдневен живот. Ова е особено важно во услови кога опозицијата континуирано се обидува преку манипулации, извртување на факти и креирање на лажни наративи да создаде искривена слика за состојбите во државата.

Наспроти тоа, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на комуникација која се темели на факти, резултати и одговорност. Политиката мора да биде разбирлива за граѓаните, а комуникацијата мора да биде во функција на нивното информирање, а не на нивно манипулирање.

Тридневниот семинар е насочен кон размена на знаења, искуства и идеи поврзани со современото лидерство, стратешката комуникација и доброто владеење, имајќи предвид дека успешните политики и подобрите решенија за граѓаните бараат и одговорно управување и способност тие политики јасно, навремено и ефективно да се комуницираат со јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со вложувањата во континуираното усовршување и надградување на своите членови и носители на јавна одговорност, затоа што силна политичка организација значи обединета, подготвена и компетентна структура која знае што сака да постигне, има јасна визија и знае како таа визија да ја преточи во резултати за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер