Ракометарите на Македонија убедливи против Литванија за нов пласман на ЕУРО - Канал 5

Ракометарите на Македонија убедливи против Литванија за нов пласман на ЕУРО

Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија пред полни трибини во нашиот ракометен храм, Јане Сандански го декласираше составот на Литванија со 26-17 во клучниот меч за учество на ЕП 2026.

Ракометарите на Македонија убедливи против Литванија за нов пласман на ЕУРО

Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија ќе ја продолжи низата настапи на големи натпреварувања, започната во далечната 2012 година.

Македонија го избори деветтиот пласман на ЕУро, што е 15 големо натпреварување во серија .Инаку нашиот национален тим досега во историјата ќе има учествувано на 9 светски, а првенсвото во 2026 ќе биде и деветтото европско првенство.

Црвено жолтите со убедлива победа над Литванија од 26-17 во решавачкиот меч за пат на континентален собир го обезбеди второто место во групата кое обезбедува место на ЕУРО 2026 година.

Македонските ракометри со фуриозна игра посебно во второто полувреме, првото го добивме со 13-11, го скрши отпорот на борбените Литваници и заслужено остварија убедлива победа над балтичката селекција, вредна место во европската ракометна елита.

Повратникот на голот Мартин Томовски со 11 одбрани воодушеви на гоот и беше еден од клучните македонски ракометари за пресвртот по лошиот старт на мечот. Филип Кузманвски со 5 голови беше првиот стрелец о црвено жолтиот табор.

Честитки за изборениот пласман на ЕП во 2026 година кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка заслужуваат сите ракометри предводени од искусните Митревски, Филип Кузмановски и Пешевски заедно со целиот стручен штаб на селекторот Кире Лазаров.

Сопствениците на Ливерпул размислуваат да го купат Хетафе

 Американската инвестициска групација „Fenway Sports Group“ (FSG) е заинтересирана за купување на Хетафе.

Сопствениците на Ливерпул размислуваат да го купат Хетафе

Според „AS“, инвеститорите се привлечени од резултатите на клубот во шпанската Ла Лига, неодамна одобрениот проект за реконструкција на стадионот и јасниот план за развој, како и неговата близина до главниот град на земјата, Мадрид.

Во јули 2024 година, FSG објави дека преговарале за купување на францускиот фудбалски прволигаш Бордо. Сепак, договорот пропадна поради тешкотиите со изнајмувањето на стадионот.

Покрај Ливерпул, ФСГ ги поседува бејзболот тимот Бостон и хокеарскиот тим Питсбург.

На крајот од сезоната 2024/25, Хетафе го зазеде 13. место во Ла Лига. Во сезоната 2023/24 заврши на 12. место.

Изгаснат е пожарот кај дивата депонија кај скопско Трубарево

Пожарот на дивата депонија кај Трубарево е изгаснат потврдија од Центарот за управување со кризи.  

Изгаснат е пожарот кај дивата депонија кај скопско Трубарево

Од Карпош па се до Аеродром се гледаше црниот чад од пожар кој избил кај гробиштата во Трубарево. Од Центарот за управување со кризи велат дека добиле десетина пријави..

YouTube video

Продолжува судењето за грабнувањата и убиствата на Ѓорчевска и Жежовски

Судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски влезе во завршна фаза, каде адвокатите на обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски ги изнесуваат своите завршни зборови.

Продолжува судењето за грабнувањата и убиствата на Ѓорчевска и Жежовски

Михајло Видимлиски го следи судењето.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

притисни ентер