Каранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа
2Каранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа
РакометРакометар е исфрлен од Мундијалот- користел лек за трудници Ракометарот на Португалија, Мигел Мартинс (27) нема да игра за својата репрезентација на Светското првенство во Данска, Норвешка и Хрватска.Причината за ова е што на само неколку часа пред почетокот на натпреварот помеѓу Португалија и САД тој добил позитивен резултат на допинг тестот. Билд пишува дека во примерокот на Мартинс бил пронајден лек кој се користи во бременоста за да се намали ризикот од предвремено породување. Германците додаваат дека моментално многу не е јасно во случајот: „Засега е непознато како ќе заврши овој бизарен случај со допинг. Неодговорено е и како ќе се решат поставените прашања“. Мартинс е еден од најдобрите играчи во португалската репрезентација постигнувајќи 243 гола на 108 настапи, а на португалскиот список за актуелниот мундијал повеќе голови дале само Педро Портела (483), Фабио Магалхаес (351) и Антонио Ареја (285). Неговиот сегашен клуб, дански Алборг, објави дека поради споменатата причина нема да учествува во натпреварувањето на најдобрите светски репрезентации. Мартинс оваа сезона за Алборг постигна 22 гола и забележа осум асистенции на 10 натпревари во Лигата на шампионите. Португалците по две кола имаат две победи. Ги совладаа Бразил 30:26 и САД 30:21.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУченик избоде повеќе лица во училиште во Полска: Двајца се тешко повредениНапад со нож се случи во среда наутро во комплекс на стручни училишта во полскиот град Остроленка, при што се повредени најмалку седум лица, објави полскиот медиум RMF24.Нападот го извршил ученик Според првичните наоди од истрагата, нападот го извршил 19-годишен ученик. Тој со нож нападнал други ученици и еден наставник. Двајца од седумте повредени се во тешка состојба. Уапсен по бегството По нападот, напаѓачот побегнал од училишниот комплекс. Полицијата го лоцирала и го уапсила во близина на градската плажа на реката Нарев. Policjanci z Ostrołęki w pobliżu plaży miejskiej zatrzymali 19-letniego mężczyznę podejrzewanego o zaatakowanie ostrym narzędziem osób w pobliżu i na terenie szkoły w Ostrołęce. Ze wstępnych informacji wynika, że mogło dojść do zranienia 7 osób. Policjanci na miejscu wykonują czynności i ustalają przebieg zdarzenia. — Policja Mazowsze (@PolicjaMazowsze) October 7, 2026 Фото:„Policja Mazowsze“ Тагови: Полска ученик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКаранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во ЕвропаСветка банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа, нагласи заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на денешната прес-конфефренција. Таа посочи дека Светска банка со најновиот извештај ги побива оптимистичките тврдења на премиерот Христијан Мицкоски за економскиот напредок на државата, и дека констатира стагнација на Македонија, отсуство на доволно структурни реформи, заостанување во економскиот, политичкиот развој и приближувањето кон Европската Унија. „Самиот наслов во извештајот на Светска банка кажува се - „Излез од стапицата на среден доход“. Светска банка само ја дава дијагнозата која што ја говориме веќе повеќе од две години. А тоа е дека Македонија стои во место, дека е комплетно изолирана, дека нема реформи и дека таквото непостоење на реформи директно удира во развојот и во економското и политичко и секакво приближување на државата кон Европската Унија. Тоа значи дека бајките на Мицковски за трета економија во светот се распаѓаат како кула од карти. Тоа може да го говори овде внатре за внатрешни потреби. Извештаите на Светска банка и на сите други меѓународни институцији се погласно го говорат спротивното.Светската банка му ја избриша вчера табелата на Мицкоски, веројатно ќе треба да почне одново да црта “ рече Каранфилова Пановска. Каранфилова Пановска укажа дека според прогнозите на Светска банка, ако политиките на власта продолжат, економскиот раст без структурни реформи ќе биде 2,4 отсто, што би значело дека земјата со децении ќе заостанува зад европскиот просек. „Извештојот констатира дека растот на економијата, ако продолжиме на истиот начин, без структурни реформи, ќе биде 2,4%. И дека со таков раст од 2,4% до 2050 година, до средината на векот, ќе стасаме едвај до 55% од просекот на развој на европската економија, или со други зборови, со ваков раст, ќе ни требаат 75 години, ниту една цела генерација нема да може да ја заврши работата, да го стасаме, просекот на Европска Унија“ рече Каранфилова Пановска. Таа додаде дека споредбата со останатите земји во регионот дополнително ја покажува реалната состојба со македонскиот економски раст кој заостанува во споредба со регионот. „Иако, годинава банката проценува дека растот е 3,2%, што е далеку помалку од сите држави во регионот, констатира дека сите држави од соседството одат побрзо и напредуваат подобро од нас економски“ рече Каранфилова Пановска. Притоа, Каранфилова Пановска посочи дека и Светска банка укажува на потребата од спроведување на реформите како можност за подобри економски резулти. „Извештајот вели дека ако ги спроведеме реформите, имаме шанса да обезбедиме раст од 3,8% и да обезбедиме дополнителни 250.000 доброплатени нови работни места до 2050 година.“ рече Каранфилова Пановска. Скопје, 07.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Поставени топлотните пумпи во затворениот базен во КавадарциЗатворениот базен во Кавадарци постепено ги добива сите потребни системи за да биде целосно функционален.Поставени се топлотните пумпи, а во тек е опремувањето со се што е потребно за еден современ затворен базен – од системите за греење и одржување на температурата, до останатата техничка опрема. Чекор по чекор, објектот се подготвува за својата намена – спорт, рекреација и пливање во текот на целата година, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00