РакометРајн Некар загуби од ПИК Сегед, Вардар е четвртфиналист Екипата на Рајн Некар Ловен синоќа го загуби натпреварот од 14.то последно коло од групата Б во ракометната Лига на шампионите од ПИК Сегед со 30:24 на домашен терен. По овој резултат македонскиот првак Вардар е прв на табелата и е сигурен четвртфиналист. Унгарскиот тим ПИК Сегед заслужено дојде до два бода и се искачи на второто место на табелата со ист број бодови како и РНЛ. Најдобар стрелец на дуелот беше Јонас Калман од ПИК Сегед со 7 голови. На вториот натпревар одигран вчера, кој е заостанат дуел од А групата Флензбург го победи Кадетен Шахфаузен со 31:26. Вечерва играат Загреб и Цеље. Двојки А група 14.коло: Веспрем – Флензбург, Барселона – Висла (сабота), Силкеборг – Кадетен Шахфаузен, ПСЖ – Кил (недела). Табела: Барселона 23 бода, ПСЖ 22, Веспрем 16, Флензбург 15, Кил 11, Висла 8, Силкеборг 6, Кадетен Шахфаузен 2. Двојки Б група 14.коло: РНЛ – ПИК Сегед 24:30, Загреб – Цеље играат вечерва, Киелце – Мешков Брест (сабота), Вардар – Кристијанштад (недела). Табела: Вардар 18, ПИК Сегед 17, РНЛ 17, Киелце 16, Мешков Брест 14, Цеље 9, Кристијанштад 8, Загреб 7. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЈувенстус со нова понуда за Емилијано МартинезЈувентус е блиску до ангажирање на еден од најдобрите светски голмани, Емилијано Мартинез. Според Дејвид Орнштајн, доверлив новинар на „Скај Спортс“ и „Атлетик“, претставниците на клубот од Торино доставиле нова, подобрена понуда до Астон Вила, а договорот меѓу двата клуба е сè поблизу. Јувентус е подготвен да плати пакет вреден 10 милиони евра, структуриран како фиксен износ од 7 милиони евра плус 3 милиони евра во вид на бонуси поврзани со учинокот. Сепак, клубот од Бирмингем во моментов инсистира на 10 милиони евра во загарантирани средства, па преговорите се фокусираат токму на структурата на плаќањето. Личните услови не претставуваат проблем Орнштајн нагласува дека личните услови меѓу 33-годишниот аргентински интернационалец и „Старата дама“ воопшто не претставуваат пречка. Мартинез изрази силна желба да се пресели на стадионот „Алијанц“ и е подготвен да го прифати понудениот повеќегодишен договор. Трансферот дополнително го поткрепува фактот што Астон Вила веќе е длабоко во преговори за ангажирање на голман-замена; следствено на тоа, се очекува клубовите да постигнат компромис и наскоро да го финализираат договорот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Пожарот во Белгија се шири кон ГерманијаГолемиот пожар што беснее во областа Хај Фенс (High Fens) и во природниот резерват Хај Свомп (High Swamp) во источниот дел на Белгија се наоѓа на само три километри од германската граница.Ситуацијата во пограничниот град Моншау, во западна Германија, беше напната во текот на изминатата ноќ, а на жителите од некои делови на градот им беше препорачано да се подготват за напуштање на своите домови, пренесува „Блид“. BELGIUM’S GREEN FIELDS SWALLOWED by MASSIVE WALL of FIRE as WILDFIRE RAGES pic.twitter.com/RQIZL57ps3 — RTVisual (@RT_Visual_on_X) August 15, 2026 „Не може да се исклучат ризиците по здравјето предизвикани од чадот од пожарот. На жителите на Платевен, Лејлох и Калтерхерберг, западно од Месевего, им се препорачува да ги напуштат овие подрачја до 10 часот наутро и да престојуваат кај роднини и пријатели“, се наведува во соопштението на локалните власти. ⚡🇧🇪 FLASH | BELGIQUE : l’un des pires incendies de son histoire ravage les Hautes Fagnes. Plus de 2 700 hectares brûlés, environ 600 personnes évacuées. Le feu n’est toujours pas maîtrisé. (AFP) pic.twitter.com/1mWv2wULVB — AlertesNewsFR (@AlertesNewsFR24) August 16, 2026 Потврдено е дека градските власти на Моншау ќе отворат прифатилиште во општествениот центар во Имгенбројх, почнувајќи од 7 часот наутро, за сите оние што не можат самостојно да најдат алтернативно сместување. Après la Grande-Bretagne, c’est au tour de la Belgique d’être confrontée à l’un des pires feux de son histoire. Des sols arides, une végétation très sèche et des flammes qui se propagent à une vitesse impressionnante. #JT20H pic.twitter.com/u2KrVfUCIH — Le20h-France Télévisions (@le20hfrancetele) August 16, 2026 Екипите за итни интервенции во Моншау не очекуваат огнот наскоро да се прошири на германска територија, но потврдуваат дека се во состојба на подготвеност. „Секако, внимателно ја следиме ситуацијата. Ќе продолжиме континуирано да ја следиме и проценуваме состојбата, а по потреба ќе ангажираме и дополнителни противпожарни сили“, изјави Филип Кригер, командант на противпожарната служба во Моншау. Од белгиска страна, евакуацијата на градовите Кихелшајд и Лејкауљ веќе е започната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМО: Утре во 19 часот, почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата Почесна артилериска стрелба по повод Денот на АрмијатаМинистерството за одбрана ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18Август-Денот на Армијата. Претходно, истиот ден, во 18.00 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter