3Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
ФормулаРаиконен незадоволен од однесувањето на навивачите на ФерариВозачот на Ферари Кими Раиконен изјави дека не го разбира однесувањето на навивачите кои, по завршувањето на трката за Големата награда на Италија, го исвиркаа победникот Луис Хамилтон.Британскиот возач и неговиот клупски колега од Мерцедес, Валтери Ботас, беа цел на незадоволството на приврзаниците на Ферари, откако Хамилтон стигна до четвртиот триумф во изминатите пет години на патеката во Монца. Раиконен заврши на второто место на домашната патека на неговиот тим, но упати критики кон навивачите. - Тоа не беше убаво и не би требало да се случува. Меѓутоа, тоа не е моја одлука и се случи. Таков е животот, но сепак е грдо, истакна Раиконен. Ферари нема остварено победа на свој терен од 2010 година, кога Фернандо Алонсо беше најбрз на патеката во Монца. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЗемјотрес во БиХЗемјотрес со магнитуда од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово, 30 јуни, во 6:18 часот во близина на Зеница, Босна и Херцеговина.Според податоците на EMSC, епицентарот бил на 11 км од Зеница, на длабочина од седум километри. Ова се класифицира како плиток земјотрес, кој, и покрај помалата магнитуда, може да се почувствува на пошироко подрачје. Сè уште нема информации за материјална штета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАЏа Морант трејдуван во ПортландЕдна од најголемите размени летово во НБА е официјализирана. Џа Морант повеќе не е член на Мемфис Гризлис, туку ќе ја продолжи својата кариера во Портланд Треил Блејзерс. Во спротивна насока, заминуваат Џерами Грант и Крис Мареј, со што завршува седумгодишната ера на Морант во Мемфис. Морант беше избран како втор избор на НБА драфтот во 2019 година и брзо се етаблираше како еден од најатрактивните бекови во лигата. Тој ја освои наградата за дебитант на годината во својата прва сезона, додека две години подоцна беше прогласен за играч со најголем напредок. Многумина го гледаа како идното лице на НБА, но следеа бројни проблеми. Сериозни повреди, вклучувајќи ја и најновата поради која играше само 20 натпревари минатата сезона, го забавија неговиот развој. Покрај тоа, неколку инциденти надвор од теренот резултираа со суспензии и му го нарушија односот со раководството на Мемфис.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМакедонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светотМакедонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб Енерџи и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам.Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб Енерџи и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам откако утрово на најновата светска ранг-листа на УЦИ се искачи на 33. место во светот. До овој извонреден резултат Иванова стигна по успешните настапи на трите Светски купови од престижната HERO World Cup серија – Коста Бланка во Шпанија, Елба во Италија и Натурланд во Андора како и по трката во Кастро, Италија и одбраната на титулата државен првак во МТБ маратон. Настапот во Андора имаше особено значење, бидејќи токму таму Иванова обезбеди квалификација за претстојното Светско првенство во планински велосипедизам кое ќе се одржи во Италија. Овој резултат добива уште поголема тежина ако се земе предвид конкуренцијата од стотици рангирани натпреварувачки од сите континенти, како и фактот дека Иванова го носи досега највисокиот пласман за Македонија позиционирајќи се на првата страница на светската УЦИ ранг-листа. Следниот предизвик за Иванова е Европското првенство во Рамалес де ла Викторија, Шпанија, каде како македонска репрезентативка ќе се натпреварува со најдобрите европски велосипедистки на исклучително сериозна и техничка патека долга 75км со висинско искачување од 3000 метри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook