Други спортовиРадовиш во знакот на борењето: Јубилејниот 50-ти „Македонски бисер“ ја обедини регионалната боречка елитаРадовиш изминатиот викенд живееше во ритамот на борењето. Повеќе од 70 натпреварувачи од 10 држави, бројни спортски делегации, гости и љубители на спортот беа дел од јубилејното 50-то издание на Меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“, настан кој уште еднаш ја потврди својата позиција меѓу најзначајните и најреномирани боречки турнири во регионот. Турнирот официјално го отвори министерот за спорт Борко Ристовски, со што беше означен почетокот на ден исполнет со врвни натпревари, спортски емоции и атмосфера достојна за голем јубилеј. Во силна меѓународна конкуренција, трофејот „Македонски бисер“ заслужено му припадна на Омер Мемеди, кој доминираше во категоријата до 92 килограми. Признанието за најдобар домашен борец го доби репрезентативецот Расул Шапиев (74 кг), додека за најдобар странски борец беше прогласен молдавскиот репрезентативец Раду Лефтер (125 кг). Публиката со особено внимание ги проследи настапите на Мехмет Усинов, Реџеп Хајдари и Илија Атанасов, кои со своите борби уште еднаш покажаа дека македонското борење има иднина. Претседателот на Боречката федерација на Македонија, Дејан Богданов, истакна дека јубилејното издание уште еднаш ја потврдило важноста на турнирот за развојот на боречкиот спорт и неговиот меѓународен углед. „Во Радовиш се одржа јубилејното 50-то издание на меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер“, еден од најзначајните и најдолговечни спортски настани во нашата држава. Годинава учествуваа повеќе од 70 натпреварувачи од 10 држави, што уште еднаш ја потврди неговата репутација на меѓународната боречка сцена“, изјави Богданов. Во текот на петте децении постоење, низ „Македонски бисер“ продефилирале бројни европски, светски и олимписки медалисти, што дополнително го потврдува неговото место на мапата на најзначајните боречки турнири во Југоисточна Европа. Поддршка за спортот и младите Како генерален спонзор на турнирот, Рудникот за бакар Бучим уште еднаш ја потврди својата посветеност кон развојот на спортот, младите и локалната заедница. „Македонски бисер е повеќе од спортски турнир. Тој е место каде што се создаваат нови генерации спортисти, се градат пријателства и се негуваат вредности како дисциплина, истрајност и тимски дух. Горди сме што сме дел од оваа успешна спортска приказна која веќе 50 години остава траен белег во македонскиот спорт“, изјави Ивица Карапетров, заменик генерален директор на Рудник Бучим. Задоволството од успешната организација го изрази и градоначалникот на Општина Радовиш, Љупчо Почивалец, кој истакна дека турнирот претставува еден од најзначајните спортски настани за градот и е горд продолжувач на богатата боречка традиција по која Радовиш е препознатлив. Во рамки на јубилејната програма беше промовирана монографијата „50 години Македонски бисер“ од авторот Славчо Тодоров, која претставува трајно сведоштво за историјата и развојот на турнирот. Свечени плакети за придонес во развојот и афирмацијата на боречкиот спорт беа доделени на Министерството за спорт, Општина Радовиш, Рудник Бучим, БК Бучим Радовиш, Адора Инженеринг, делегатот Павлина Георгију од Грција и олимпискиот шампион Шабан Трстена. Посебен момент на свеченоста беше доделувањето на вредносни ваучери од по 120.000 денари на младите репрезентативци Лука Ананиев и Абдул Азиз за освоените бронзени медали на Европското првенство до 15 години, како поттик за нивниот понатамошен развој и нови спортски успеси. Организацискиот одбор изразува искрена благодарност до сите партнери, спонзори, медиумски покровители и до бројната публика која беше дел од овој историски јубилеј. Благодарение на поддршката од Рудник Бучим, Адора Инженеринг, Комерцијална банка, Кожувчанка ДОО, Општина Радовиш и Боречката федерација на Македонија, јубилејниот „Македонски бисер“ прерасна во спортски спектакл од меѓународен ранг, кој по својата организација, квалитет и посетеност ги надмина очекувањата и уште еднаш го насочи вниманието на спортската јавност кон Радовиш. Половина век по своето прво издание, „Македонски бисер“ останува симбол на спортската извонредност, гордост на Радовиш и еден од најпрепознатливите боречки брендови во регионот. Јубилејното 50-то издание уште еднаш потврди дека „Македонски бисер“ги надминал националните рамки, израснувајќи во турнир со меѓународен углед и препознатливо место на мапата на најреномираните боречки настани во Југоисточна Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
ХороскопДневен хороскоп за 27. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за вторник, 27. октомври 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во вашата работна средина би можеле денеска да забележитер личност која ви е посебно наклонета. Кариера Ќе бидете мотивирани само за многу интѕересни теми како што се алтернативни , уметнички и слично. Здравје и совет Не манипулирајте со луѓето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Разговорот што ќе го водите со личност која ви е особено драга , ќе биде доста сериозен , па дури и мрачен. Кариера Ако тргнувате на деловно патување , проверете ја состојбата на автомобилот , дали сте ги набавиле сите дозволи и слично. Здравје и совет Не е исклучена кашлица.. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ви претстои убаво помионато време во тишината на домот. Оние во врска , ќе го повикаат партнерот кај себе , а самците ќе размислуваат дали да излезат. Кариера Ќе мора малку повеќе да се потрудите околу финансиите . Имате добра шанса , па би било штета да ја пропуштите. Здравје и совет Одете кон својата цел. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе почуствувате колку е тешко постојано да објаснувате зошто избегнувате блискост. Едбноставно дистанцата ви одговара. Кариера Ќе се обидете да ги направите поедноставно работите околу финансиските трансакции. За некои тоа ќе биде чекор напред. Здравје и совет Позанимавајте се со својата листа на приоритети. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска би можеле да ја запознаат на своето работно место. Кариера Ќе бидете наклонети да мешате деловно со приватно , но тоа нема да ви пречи во доброто функционирање на работното место. Здравје и совет Пазете се од провев. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска не е најдобар ден за еротика , зашто ќе бидете студени. Затоа покажете љубов до одредена граница на физичко зближување. Кариера Загрижено ги следите сите новости , но се уште не го наоѓате она што го сакате. Сеуште постојат ограничувања. Здравје и совет Бидете трпеливи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е пријатен љубовен ден во кој ќе ги надминете сите критики кои биле кажани на ваша сметка. Кариера Добивате одредена заштита , но тоа не значи дека и натаму не треба да се докажувате. Здравје и совет Бидете праведни. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со паметен избор на зборови ќе ја пополните празнината во личните односи. Се ќе успеете да надоместите со интелектот. Кариера Ако повторно се посомневате во вашите способности , само погледнете што сте постигбнале до сега. Набргу ќе се охрабрите. Здравје и совет Соработувајте со младите. Рак 22.6-22.7. Љубов Партнерот ќе ве поттикне на нежност. Вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува секој ден се повеќе. Кариера Со своето знаење ќе придонесете работата да се заврши што подобро , како и деловните партнери да ве почитуваат. Здравје и совет Одлично сте расположени. Лав 23.7-22.8. Љубов Убавите љубовни шанси ќе бидат занемарени поради мала семејна тага или проблем. Кариера Ќе се чувствувате распнати меѓу желбите и можностите. Излезот е во реалното согледување на состојбата. Здравје и совет Бидете одговорни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Пред вас е многу ветувачки љубовен ден. Ќе имате можност да поминете преубаво заедничко време со саканата личност. Кариера Држете се до своите деловни партнери , зашто тие во моментов одлично ја водат целата работа. Не им замерувајте ако понекогаш се малку поостри. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе покажете дека цврсто верувате во своите љубовни идеали и дека од саканата лилчност очекувате повеќе отколку што мисли. Кариера Во стручните прашања би можело да дојде до една расправија или натпревар во докажување кој е во право. По обичај , никој. Здравје и совет Несоница по кошмарните сништа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетар Арсовски, Александар Трајановски и Раби Седрак во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Петар Арсовски, Александар Трајановски и Раби СедракКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Магазин Невидлив облик на злоставување во врска кој многумина не го препознаваатНа почетокот се чини дека сè е во ред, ви се допаѓа личноста и силно сте возбудени кога ќе сфатите дека и таа го чувствува истото, но она што на почетокот сте го доживеале како знак на внимание со тек на време се претвора во контрола.Љубомора и контрола Марни имала 16 г. кога започнала да излегува со нејзиното момче, биле пријатели пред да станат пар, нивната врска на почетокот изгледала како типична тинејџерска љубовна приказна. Со неа сакал да го минува секој момент и секоја вечер после училиште доаѓал кај неа. Таквото однесување го сметала за нормално и позитивно. „Каде и да одев, постојано ми се јавуваше и ми пишуваше пораки, а понекогаш и ненадејно ќе се појавеше“, раскажува Марни. „Моите пријатели и семејството беа сомничави, но јас не ги слушав. Мислев дека така треба да изгледа љубовта.“ За време на нивната двегодишна врска, нејзиниот партнер со помош на технологијата ја изолирал од сите. Ја проверувал дигитално, ѝ го земал телефонот и ги бришел пораките пред таа да може да ги види. „Не знаев кој се обидел да ме контактира, ниту дека мајка ми прашувала каде сум“, објаснува таа. Не ѝ било дозволено ниту да користи социјални мрежи – нешто што, според неа, било голем дел од неговата контрола. Марни на крајот успеала да ја прекине врската, но дури по неколку години сфатила дека била жртва на злоупотреба. „Многу е тешко да се препознае таквото однесување како штетно или опасно“, вели таа денес. „Никој не нè учи како да ги забележиме знаците.“ Насилство потпомогнато од технологијата Д-р Афродити Пина од Универзитетот во Кент водела голем истражувачки проект на оваа тема. Таа објаснува дека ваквото злоставување може да биде од финансиска, сексуална, физичка или психолошка природа. Станува збор за однесување што влева страв, ја нарушува приватноста и може да вклучува злоупотреба на интимни фотографии. Според неа, злоставувањето со помош на технологија вклучува барање лозинки и пристап до уреди, барање постојани докази за локацијата, како и тајно проверување на пораки, кориснички сметки и историја на прелистување. Тоа исто така опфаќа и следење преку споделување локација, шпионски софтвер, уреди како „AirTags“ или системи за паметен дом. Злоупотребата се манифестира и преку чести несакани повици и пораки, креирање нови профили откако претходните биле блокирани, како и во ситуации кога партнерот ја знае содржината на приватните разговори без логично објаснување. Насилството опфаќа и хакирање на кориснички сметки, лажно претставување, споделување или закани за споделување интимни фотографии, сексуална уцена, јавно објавување приватни информации (т.н. „doxxing“), како и користење уреди на деца за следење на поранешниот партнер. „Злоупотребата со помош на технологијата има многу облици, почнувајќи од демнење на социјалните мрежи, па сè до контрола на паметните домашни уреди или ограничување на пристап до технологија“, вели Џоди Лидам од хуманитарната организација „Refuge“. „Заедничко за сите што сторителот ја користи технологијата како оружје за да ја контролира и изолира жртвата, а последиците можат да бидат катастрофални.“ Бројот на пријавени случаи значително пораснал во последниве години, особено по пандемијата откако животот се пресели на Интернет. Организацијата „Refuge“ забележува пораст од 78% на барањата за помош во периодот меѓу 2025 и 2026 година. Организацијата „Victim Support“ регистрираше пораст од 140% на бројот на луѓе што побарале поддршка поради дигитална злоупотреба во текот на изминатата година. Кога грижата ќе се претвори во контрола Концептот „доверба“ може да ги замагли границите. Надзорот се прикажува како грижа („Те следам зашто сум загрижен“), а пристапот до лозинките како тест за лојалност („Ако ми веруваш, нема што да криеш“). Праксата на која на почетокот доброволно се согласувате, може да стане должност. Жртвите најчесто се обвинуваат себеси и, ако не постои директна закана, одбиваат во таквото однесување да видат злоупотреба. Според психолозите, здрав договор е оној што е слободно избран, јасно дефиниран и транспарентен и може да се одбие во секое време. Проблемот настанува кога при повлекување на согласноста или при промена на лозинката се случува притисок, казнување или закана. На што да обратите внимание Постојано испитување за секоја интеракција на мрежите, барање пристап до приватните пораки, истражување на лицата кои ја „лајкувале“ вашата фотографија, или притисок да престанете да „следите“ некого на социјалните мрежи, намерно игнорирање пораки како форма на казнување, уценување на партнерот со закани за објавување приватни фотографии и јавно понижување. Ако личноста чувствува потреба да го контролира својот онлајн живот за да го спречи бесот кај партнерот, границата веќе е помината. На младите често им недостасува вокабулар да го дефинираат она што го чувствуваат. Тие однесувањето што подразбира контрола го етикетираат како „интензивно“, „заштитнички став“ или „љубомора“, наместо како злоупотреба. Освен тоа, родителскиот надзор над децата во име на безбедноста несвесно ја испраќа пораката: „Ако ме сакаш, немаш што да криеш“. Подоцна во животот, партнерите може да го бараат истото како доказ за посветеност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27