Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот го забрзува патот кон ЕУ - Канал 5

Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот го забрзува патот кон ЕУ

Внесувањето на Бугарите во Уставот значително ќе го забрза патот на Македонија кон ЕУ – порачал бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со претставници на организациите на бугарската заедница во Македонија. 

Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот го забрзува патот кон ЕУ

Според него, секоја демократска држава е должна да ги штити правата на сите свои граѓани и да го гарантира нивното право на самоопределување.

-Вклучувањето на Бугарите во уставот на РМ значително ќе го забрза патот на земјата кон ЕУ и се надевам дека нашиот југозападен сосед ќе го стори тоа што е можно поскоро за да се отворат вратите за преговори за полноправно членство. Европската интеграција на Македонија е желба на сите, но не може да се случи по цена на правата на бугарската заедница.. – стои во соопштението од кабинетот на Радев и се додава дека претставниците на бугарските организации од Битола, Охрид, Скопје, Прилеп, Кавадарци и Кочани кои биле присутни на средбата категорично биле против идејата за уставни измени со одложено дејство.

Премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот брифинг со медиумите повтори дека според него спроведувањето на Уставните измени е само почеток и дека секоја отстапка од македонска страна резултирала со нов услов, па затоа барањата за гаранции од ЕУ се логични..

За разлика од власта, опозицијата смета дека земјава треба што е можно поскоро да ги направи уставните измени и да го отвори првиот кластер од преговорите.. Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски смета дека нема проблем Бугарите да се вметнат во Преамбулата на Уставот, бидејки со тоа според него државата добива признание дека постои бугарско малцинство, кое е различно од македонскиот народ..

-Ние имаме 2 национални интереса, егоистички, македонски, најмакедонски во свет интереси за влез во ЕУ..Утре да се распадне, денес треба да влеземе, од прво развојни, ние немаме право за развој сами, ние мора нивните пари да ги земеме и да се развиваме..Вториот е транспарентност за политичките реформи и владеењето на правото.. Бугарите во уставот се македонски интерес да се внесат, бидејки со внесување на бугарското малцинство во уставот ние го решаваме нашиот суштински тензичен судир со Бугарија како еден народ во две држави,- Љубомир Фрчоски - универзитетски професор - „Само интервју“.

Според предлог заклучоците на Советот на ЕУ кои се очекува да се усвојат на 16 декември во Брисел, Македонија уште еднаш ќе биде повикана да ги направи уставните измени за да може да продолжи со преговарачкиот процес, а штом го направи тоа, Советот на ЕУ ќе биде подготвен да свика меѓувладина конференција, а потоа и да го отвори првиот преговарачки кластер ...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаревски: Историски договори за повисоки плати во здравство, образование, администрација, безбедност

Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го унапредува социјалниот дијалог и да создава услови за повисоки примања преку институционални решенија и колективно договарање. 

Јаревски: Историски договори за повисоки плати во здравство, образование, администрација, безбедност

За првпат се постигна договор со синдикатите УПОЗ и САДО за повисоки плати на административните службеници, а кон договорот се приклучија и други синдикални организации. Со тоа за првпат по долг период се обезбедува системско подобрување на статусот на вработените во администрацијата.

Од превземањето на обврската владата да ја предводи ВМРО-ДПМНЕ досега, за 20% се зголемени платите на просветните работници и на сите вработени во образованието.

Согласно колективниот договор, вработените во основното и средно образование ќе добијат од 46 до 60% повисоки плати во еден мандат, а за 14% се зголемија платите и на универзитетските професори.

Со потпишувањето на анексот на колективниот договор значително се зголемија и платите на сите вработени во македонското здравство. Согласно договорот платите на здравствените работници се зголемија за 4815 денари нето, додека зголемувањето за медицинските сестри изнесува дури ,200 денари и до крајот на мандатот покачувањето на платите треба да достигне дури 50%.

По долги години во соработка и дијалог со претставници на синдикалните организации, колективен договор добија и вработените во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, кој предвидува зголемување на надоместоците за вработените и подобрување на нивниот работен статус.

Исто така се зголемија и платите на вработените во безбедносните структури кои преку јасен план ќе продолжат и понатаму да се зголемуваат.

Со владата на ВМРО-ДПМНЕ никој не е заборавен. Сите работници го добиваат заслуженото внимание, грижа и паричен надоместок за својот труд.

Ќе продолжиме да работиме исклучиво во интерес на граѓаните преку дијалог, партнерство и политики што обезбедуваат раст на платите, сигурни работни места и стабилен економски развој.

Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведена охриѓанка ткако ја нападнала 72-годишната свекрва

Полицијата  вчера привела 34 годишна жена откако ја нападнала свекрвата во семјниот дом. 

Приведена охриѓанка ткако ја нападнала 72-годишната свекрва

- На 14.08.2026 година во 09:40 часот полициски службеници од СВР Охрид од слобода ја лишиле Т.Д.(34) од охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72 годишна свекрва, соопштија од полицијата во дневниот билтен.

По целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар од Босна и Херцеговина премина во Хрватска, ангажирани воени авиони и канадери

Пожар на отворено, кој избувна во Босна и Херцеговина, утринава се прошири на хрватската страна на планината Динара, соопшти Хрватската противпожарна заедница.

Пожар од Босна и Херцеговина премина во Хрватска, ангажирани  воени авиони и канадери

Противпожарниот центар на Шибенско-книнската жупанија го откри пожарот преку систем за видеонадзор. Противпожарни единици веднаш биле упатени на местото на настанот.

Во гаснењето на пожарот моментално се вклучени 37 пожарникари со 19 возила, тие доаѓаат од Интервентната противпожарна единица на Шибеник, Јавната противпожарна единица (JVP) на Книн, како и од доброволните противпожарни друштва (DVD) на Книн, Кијево и Свети Јурај Кистање.

На терен е присутен и окружниот командант на противпожарните служби.

Во гаснењето на пожарот вклучена е и војската Хрватската противпожарна заедница соопшти дека, заклучно со 10:00 часот утрово, 26 припадници на противпожарниот вод на Хрватската војска се распоредени за да им се придружат на пожарникарите на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер