БалканРадев поднесе оставката во уставниот суд – ја почнува битката за победа на парламентарните избори? Румен Радев и официјално ја достави оставката од претседателската функција до бугарскиот Уставен суд. Конкретен рок до кога тамошниот суд треба да ја констатира неговата оставка нема – но очекувањата се дека тоа ќе се случи во наредните неколку дена.Функцијата претседател на државата до крајот на мандатот - јануари догодина ќе ја извршува потпретседателката Илијана Јотова. Одлуката дека се повлекува од шеф на државата Радев ја соопшти уште вчера, а ваквиот чекор доаѓа на точно една година пред истекот на неговиот мандат и се случува за прв пат во историјата на Бугарија. Иако се повлекува од претседателската функција Радев сепак останува во политиката, а тоа го најави и во неговото последно обраќање до нацијата. „Верата дека заедно можеме да успееме е една од главните причини за мојата одлука да поднесам оставка. Нè очекува битка за иднината на татковината, и верувам дека ќе ја водиме заедно со вас – достоинствените, инспиративните и истрајните.“ – Румен Радев, претседател на Бугарија во оставка Според голем дел од бугарските аналитичари прашање на време е кога Радев и официјално ќе ја соопшти информацијата дека проактивно се вклучува во политиката, но засега неизвесно е дали ќе формира сосема нова партија, дали тоа ќе биде политичко движење или ќе се приклучи кон некоја од постоечките партија. Најизвесната опција е формирање нов политики субјект, а во бугарската јавност веќе се споменува и можното име на партијата на Радев – „Наша Бугарија“. „Ќе влезе ли Румен Радев во политичкото соочување – Да, ќе влезе. најверојатно во наредните денови или седмици ќе добиеме одговор што ќе претставува неговата политичка партија, дел од кадрите и така натаму. Има уште прашања на кои очекуваме одговори, но најважното прашање веќе доби одговор“– Ивелина Славова, политиколог „Радев може да собере најголем број гласачи независно дали се леви или десни, сите оние кои според мене би гласале за партија на Румен Радев се луѓе кои не гледаат лево или десно во политиката, туку тоа се луѓе разочарани од политичкиот процес во Бугарија пред се. Основната политичка линија на Радев во внатрешно политички план ќе биде Борисов и Пеевски надвор од игра засегогаш“– Слави Василев, политички аналитичар Три од парламентарните партии во Бугарија Меч, Величие и апртијата на Ахмет Доган веќе најавија најавија поддршка за Радев и неговиот евентуален новоформиран политички субјект. Од пратеничката група на партијата на Борисв пак му порачаа на Радев дека ќе го остават да се соочи со реалноста. „ГЕРБ нема да се бори со господинот Радев и со неговиот политички субјект. ГЕРБ ќе му остави на Радев да се бори со реалноста“-Деница Сачева, пратеничка од ГЕРБ Радев е претседател на Бугарија девет години во продолжение на два мандати, а останува запаметен по острите пораки кон Македонија во однос на условите за членство во ЕУ. Негоавта оставка следува по оставката на целата бугарска влада пред еден месец, по што следуваат нови предверемени избори во Бугарија напролет, а во ноември треба да се одржат и редовни претседатеслки избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏорџ Клуни и неговите деца биле евакуирани од својот дом поради пожарПознатиот актер, холивудската ѕвезда Џорџ Клуни бил принуден да го напушти домот со сопругата Амал и близнаците.Франција со денови се бори со разорни пожари што беснеат долж јужниот брег, поради што беше неопходна евакуација на стотици илјади луѓе, меѓу кои и Џорџ и Амал Клуни. Тие побегнаа од пожарот заедно со своите деветгодишни близнаци, Александар и Ела, од Брижол во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег. Претставник на семејството на Џорџ Клуни потврди дека тие преку писмо го известиле градоначалникот на Брижол, Дидие, за евакуацијата. – Драг Дидие, во овој момент немаме претстава дали нашиот прекрасен дом ќе ги преживее овие страшни моменти – наведоа тие во писмото. Тие изјавија дека се надеваат оти сите нивни сограѓани се безбедни и нагласија дека се поврзани со локалната заедница. Џорџ Клуни, кој заедно со своето семејство доби француско државјанство кон крајот на 2025 година, оваа година се најде на листата на 500-те најбогати луѓе во Франција, благодарение на својата актерска кариера, но пред сè на своите деловни потфати. – Амал и јас сакаме да кажеме дека, без оглед на тоа што ќе се случи со нашето село, ќе останеме дел од оваа заедница и ќе учествуваме во нејзината обнова. Ги сакаме Брижол и нашите пријатели што живеат таму – напишаа тие.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
АвтомобилизамОткриено кои половни автомобили се продаваат најбрзо!?Според најновиот извештај на „Индиката“ (Indicata) – компанија специјализирана за анализа на пазарот на возила – побарувачката за половни автомобили стари меѓу три и четири години моментално ја надминува понудата. Оваа категорија учествува со речиси 26 проценти во вкупната продажба на половни автомобили, но претставува само 22 проценти од вкупната понуда, што потврдува дека купувачите првенствено бараат возила кои нудат добар баланс меѓу цената, староста и модерните карактеристики. Дин Мерит, менаџер за стратегија за малопродажба во „Indicata“, истакна дека возилата стари од три до четири години претставуваат идеален компромис меѓу вредноста и квалитетот, бидејќи нудат модерни безбедносни системи и технологии по значително пониска цена од речиси новите автомобили. Иако продажбата на половни електрични возила постепено расте, автомобилите на бензин продолжуваат да доминираат на пазарот, учествувајќи со околу 43 отсто од вкупната продажба, благодарение на стабилната побарувачка и довербата на купувачите во однос на долгорочните трошоци за експлоатација. Аналитичарите забележуваат дека понудата на половни автомобили на бензин ќе продолжи да опаѓа како што се зголемува бројот на електрифицирани модели на пазарот, но нивните цени засега остануваат стабилни токму поради постојаната побарувачка, пренесува „BodyShopMag“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнгелов: Дваесетина помали пожари регистрирани денеска низ МакедонијаДваесетина помали пожари регистрирани во текот на денот,информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.Тој посочи дека брагодарение на брзата реакција на локаните противпожарни екиши , пожарите се изгаснати или ставеи под контрола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter