Радев побара од Унгарија да влијае врз Македонија за уставните измени - Канал 5

Радев побара од Унгарија да влијае врз Македонија за уставните измени

Радев оствари средба со својот унгарски колега Тамаш Сујок.

Радев побара од Унгарија да влијае врз Македонија за уставните измени

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, по средбата со својот унгарски колега Тамаш Сујок, изјави дека ја повикал унгарската страна да ја искористи својата блискост со Македонија за да ја убеди дека уставните измени и европскиот консензус се неопходни услови за напредок кон Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Во последните две години вкупното ниво на странски инвестиции е околу милијарда и 400 милиони евра

За две години остварени се речиси 1,4 милијарда евра странски инвестиции, изјави денеска премиерот Мицкоски ...

Мицкоски: Во последните две години вкупното ниво на странски инвестиции е околу милијарда и 400 милиони евра

Eкономијата расте а за тоа потврда е растот на странските инвестиции, бројките во првите две години од мандатот на владата се двојно повисоки од времето на претходната влада, вели премиерот Mицкоски по критиките на СДСМ за економијата. според Mицкоски резултатите се видливи и на терен, а ветува дека и во следните години владата ќе се посвети на зголемување на животниот стандард.

„ Во последните две години вкупното ниво на странски инвестиции е околу милијарда и 400 милиони евра.. / Колку и да сакаат тие да го оцрнат она што оваа влада го работи, ќе мора сите да се сложиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години, а јас ви ветувам дека за три години од денеска ќе се живее многу подобро од денес и тоа е наша цел како влада. Мотивирани сме како никогаш до сега да испорачуваме. “

Пример за проширување на инвестициите според Мицоски е германската комапнија ВИК која денеска пушти нов производен погон во Прилеп. Таму се планирани нови 300 вработувања, а според менаџментот на фабриката и директорот на ТИРЗ се од оваа инвестиција ќе има големи придобивки целиот регион.

„ Веруваме дека тука има голем потенцијал за ВИК и за другите компании, но исто така и за образовниот систем во Македонија. Ако изградиме силна соработка помеѓу владата, образовниот систем и индустријата ова може да биде добра можност за маладите, кога ќе завршат факултети или техничко училиште да пронајдат инспиративна работа во земјава. “

Гоце Димовски – директор на ТИРЗ

„ Директорот на ВИК очекува во иднина да инвестира многу повеќе со цел да се креира поголем економски развој во државата. Вик е меѓу пионирите во овој регион, сега во овој нов објект ќе врши производство на таа циркуларна економија која е многу барана во Европа. “

Според последната анализа на ТИРЗ, интересот на инвестирањето во Македонија e зголемен споредбено со претходните години. Во периодот од 2017 до 2019та имало прилив на директни странски инвестиции од 744 милиони евра, а од 2024 година до денес, милијарда и 381 милион евра, или 86% поголем прилив.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Од „нула денари“ до „5,5 милиони евра“ – Митева го демантираше арамијата Мицкоски

Портпаролката на Владата, Марија Митева, на денешната прес конференција ја демантираше лагата на арамијата Христијан Мицкоски за „нула денари“.

СДСМ: Од „нула денари“ до „5,5 милиони евра“ – Митева го демантираше арамијата Мицкоски

Митева го потврди претседателот на СДСМ, Венко Филипче во целот.

Прославата за независноста чинела 5.5 милиони евра.

Триста милиони денари биле од дивидендата на „Лотарија“, која е во државна сопственост.

Од „нула денари“ до „5,5 милиони евра“!

Да не беше прес конференицјата на претседателот Филипче и документот што го објави, немаше ниту Митева да признае.

Но, после прес конференцијата на Филипче немаа каде да бегаат.

Каде е сега Мицкоски да каже што стана со „нула денари“?

Дали уште некој во Македонија му верува на Арамијата?

Требаат ли уште докази дека штом зине – лаже?, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе има ли предвремени избори и има ли договор мегу власта и ДУИ?

Можни ли се предвремени избори догодина и има ли ли договор мегу власта и ДУИ за нивното одржување.

Ќе има ли предвремени избори и има ли договор мегу власта и ДУИ?

Има ли договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за предвремени парламентарни избори напролет? Ова прашање повторно го актуелизираше потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, кој во гостување на ТВ 21, синоќа изјави дека комуницирале со претставници на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори, а неговата проценка е дека кај владејачката партија нема голем отпор за изборно соочување напролет. Сепак, Османи не откри со кого конкретно се воделе разговорите, ниту дали биле одржани официјални состаноци меѓу претставници на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

- Нормално, во различни форми се комуницирало со нив. Нема некој голем отпор во таа насока и очекуваме дека некаде следната пролет ќе има предвремени избори. И, ние се подготвуваме за тоа. Сте одржале официјални средби? Не сакам да навлегувам премногу во детали, но тоа е зборувано и нема голем отпор, изјави Османи.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, негираат дека воопшто имало некаква комуникација со ДУИ за предвремени избори.

-Немало комуникација со ДУИ за предвремени избори. А најмалку ни паѓа на памет да комуницираме со Бујар Османи за вака сериозни теми. Бујар очигледно помеѓу две националистички и измислени теми, смислува повторно начин како да биде актуелен, велат од владејачката партија за Канал 5.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ кој го соопшти премиерот Мицкоски неодамна е дека предвремени избори во моментов не се потребни, но доколку опозицијата тоа го побара Мицкоски кажа дека тие ќе одговорат позитивно за изборно соочување.

Ставот на СДСМ дека нема да биде алиби на власта за предвремени избори останува непроменет, кажа и денеска партискиот лидер Венко Филипче. Според него избори ќе има кога власта, како што рече, ќе снема пари за партиски тендери, а за евентуален договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ вели дека тој и претходно укажал.

- За соработката со ДУИ ние одамна кажавме, како што гледате многу од работите кои ги најавивме се случија. Што се однесува до изборите ние сме спремни кога и да се, ние нема да даваме причина за тоа бидејќи избори не се желба на премиерот, којшто има сега огромно мнозинство, две третини во Парламентот, кој требаше и можеше да заврши крупни прашања за граѓаните и за државата, тој реши да не прави ништо, изјави Филипче.

Она што е извесно е дека кога и да се одржат избори, дали ќе бидат предвремени напролет или во редовниот термин за две години, тие ќе бидат последните за кои што ќе важи техничка Влада 100 дена пред избори, откако Собранието претходно одлучи т.н Пржинска влада да замине во историјата, за што СДСМ беа против.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер