Д-р Даниловски: Тешката форма на „западен нил“ е ретка, се очекува зголемување на бројот на изолирани случаи
1Д-р Даниловски: Тешката форма на „западен нил“ е ретка, се очекува зголемување на бројот на изолирани случаи
БалканРадев му даде рок до понеделник на Главчев за составување нова привремена влада на БугаријаПретседателот на Бугарија Румен Радев повторно го номинираше Димитар Главчев за кандидат за привремен премиер, соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава.Во 12 часот, претседателот го прими кандидатот за привремен премиер во претседателската институција. Радев му наложи на Димитар Главчев пред сè да предложи „внимателно разгледани промени во составот на владата“. - Инсистирам вашата влада да го стави како основен приоритет спречувањето на купувањето на гласови... Ова е неопходен услов за успехот на овој мандат. Се надевам дека бев сосема јасен, истакна бугарскиот претседател. Румен Радев му даде рок на Димитар Главчев до понеделник да му го претстави составот на новата привремена влада. - Ако бидеме успешни, изборите ќе се одржат на 27 октомври, додаде Радев. Димитар Главчев не прецизираше дали ќе го смени министерот за внатрешни работи Калин Стојанов, како што бараат сите политички сили, освен Делјан Пеевски. Тој само изјави дека ќе ги исполни „очекувањата на јавноста“ за да се намали политичката напнатост. Вчера, Димитар Главчев разреши петмина заменик-министри од актуелната влада, без да посочи мотиви за тоа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаСДСМ најавува поддршка за власта ако се обезбеди решение што ќе ги деблокира евроинтеграциитеСДСМ ќе биде конструктивна и ќе даде поддршка на власта во Собрание доколку се најде решение за деблокада на евроинтеграциите, уверува лидерот на партијата Венко Филипче. На брифинг со новинарите рече дека сепак европските челници при посетите на земјава ни укажале на единствениот излез- преку промена на уставот со вметнување на Бугарите, па тој е песимист дека може да се најде поинакво решение за да се спречи вето од Софија и во иднина. -Било што кое е прифатливо за нас и за Европа и ќе ја подобри нашата преговарачка позиција, ние ќе го поддржиме. Дали ќе се соочиме со непринципиелна блокада од Бугарија, не знаеме. Што можеме да изгубиме, со што не плаши ВМРО-ДПМНЕ? Јазикот не можат да ни го земат, тој е признат, за работата на Историската комисија, таму се решава со консензус и веќе е постигнат договор за четири историски личности. Никој не може да ни ја земе ни историјата,- Венко Филипче – претседател на СДСМ. Од друга страна власта тврди дека има активна дипломатска офанзива и нема план „Б“ за Европската Унија. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во „Вести плус“ изјави дека една од опциите која била разгледувана се и уставни измени со одложено дејство, со став дека што и да се договори нема да биде отстапено од националните интереси. Преку ноќ вели нема да се најде решението, но најважно е да се елиминираат потенцијалните блокади за идентитетски прашања. -Јавноста треба да знае дека ние имаме постојано активен дијалог и со европските институции и со земјите членки и со соседна Бугарија. Се уште не сме блиску до решение, но разговараме за решенија. Решенија коишто се во рамки на позициите кои ние повеќепати ги имаме претставено во нашата јавност. Разговараме за повеќе решенија, за коишто, да, ќе потврдам дека едно од потенцијалните решенија за кои сме дискутирале е и моделот на уставни измени со одложна примена, но сеуште не сме стигнати до фаза да имаме решение кое е прифатливо за сите страни. За нас што клучно – предвлидливоста и сигурноста дека нема да бидеме условувани за прашања поврзани со историја, идентитет, јазик, култура,- Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи. Додека од власта очекуваат на крајот од септември Европската Унија да соопшти кој е планот за проширувањето и перспективата на Македонија, лидерот на опозицијата оценува дека токму есента ќе донесе криза на сите полиња. Филипче ја критикува владејачката коалиција за игнорирање на опозицијата во Собранието, и најави дека ќе поднесат интерпелација за спикерот Африм Гаши за кршење на Деловникот, како и за Иван Стоилковиќ за вербални конфликти кои биле на раб на ескалација кога се гласаше реконструкцијата на Владата. За предлог законот за Скопје 2028, Филипче рече дека е скандалозен и пратеничката група на СДСМ ќе го блокира со амандмани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаВ недела бесплатен превоз за ТрновоВ недела на 2 август организиран ќе биде бесплатен автобуски превоз до црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Трново каде ќе се одржи 55-та Семакедонска средба.Ова е распоредот на поаѓања. Автобус број 1 09.15 Кукуречани пред продавници 09.30 Горно Оризари (Стадион) Автобус број 2 09.15ч с.Бистрица(село) 09.30ч Буковски Ливади (Постојка) Автобус број 3 и 4 09.10ч Ат Пазар(пост) 09.20ч Карпош (Св.Тома постојка) 09.30ч Ракометно (Пост) 09.40ч Симпо (Пост) 09.50ч Болница(пост) 10.00ч Довлеџик пред Јосифов (постојка) Автобуси број 5 и 6 09.10ч Бела Чешма 09.20ч Шехерзада(постојк) 09.30ч Црн Мост 09.40ч Веро (Постојка) 09.50ч Маркет Анџела(Брусничка) Враќањето е во 13:00 часот. Општина БитолаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаАХВ: Високите температури го зголемуваат ризикот од труење со хранаНовото зголемување на температурите, кои во одредени региони се очекува да достигне и над 40 степени, го зголемува ризикот од труење со храна, предупредува Агенцијата за храна и ветеринарство. Високите температури, како што велат од АХВ, се погодни за размножување на микроорганизми во храната, поради што особено внимание треба да се посвети на начинот на купување, транспорт и чување на лесно расипливите производи. Од таму препорачуваат храната да се купува од проверени места, каде што производите, особено месото, млекото и јајцата, се чуваат на соодветни температури. А за во објектите за брза храна препораката е да се избегнуваат додатоците што не стојат во ладилник, како што се мајонез, кечап, крем-салати, сосови, преливи. -Да се избегнува купување храна со оштетена амбалажа, разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна, како месото, млекото и јајцата, да не се чуваат долго време во автомобили и во други транспортни средства. Да се избегнува купување разладена или замрзната лесно расиплива храна, која се чува надвор од ладилник или замрзнувач - велат од АХВ. Професор Жанина Переска од клиниката за токсикологија алармира дека пациентите кои примаат хронична терапија треба да бидат особено внимателни за време на високите температури. Покрај општата препорака за избегнување престој на отворено во најтоплиот дел од денот и носење лесна и светла облека, д-р Переска советува лицата кои примаат редовна кардиоваскуларна, психијатриска, невролошка и антиалергиска терапија, да посветат внимание на задоволителен внес на течности. Топлотниот бран претставува ризик и за животните, предупредува АХВ. Високите температури, особено во комбинација со влага и недоволна вентилација, може да предизвикаат топлотен удар, кој доколку не се третира навреме може да има и фатален исход за животните. Од АХВ советуваат да се реагира доколку се забележи исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите. Тагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08