Раде Шербеџија добитник на наградата “Актер на Европа 2014” - Канал 5

Раде Шербеџија добитник на наградата “Актер на Европа 2014”

Во периодот од 06 до 11 Јули 2014, во Ресен, Преспа, по дванаесетти пат ќе се одржи Интернационалниот театарски фестивал “Актерот на Европа”. Фестивалот “Актерот на Европа” беше покренат во 2003 година, од страна на неколку балкански и европски театарски сонувачи, во духот на мислата на Жан Моне “Да се гради Европа значи да се гради мир”.

Раде Шербеџија добитник на наградата “Актер на Европа 2014”
По прогласувањето од страна на Европскиот Парламент на митското Преспанско езеро за меѓуграничен европски парк помеѓу Грција, Албанија и Македонија, Преспа стана нов театарски хоризонт на европеизацијата на Балканот.

Почнувајќи од далечната 2003 година, кога за Актер на Европа беше прогласен легендарниот балкански актер Љуба Тадиќ од Србија, продолжувајќи со Мариус Куркински од Бугарија, Бајруш Мјаку и Ѓорѓи Јолевски од Македонија, Моника Санторо од Италија, Костас Гакидас од Грција, Зијах Соколовиќ од Босна и Херцеговина, Роже Мирмон од Франција, Брус Маерс од Велика Британија, Ана Патерсон од Шведска, oваа година со ова престижно признание ќе се стекне култниот актер Раде Шербеџија од Хрватска. На фестивалот до сега учествувале повеќе од 120 претстави од скоро сите европски земји.

Фестивалот се одржува во организација на Езеро Без Граници, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА и Општина Ресен, а со поддршка на Министерствот за култура на Република Макеоднија.

Фестивалското жири го сочинуваат Мето Јовановски - претседател на жирито, Мартин Кочовски и Весна Гаврил - членови на жирито.
Повеќе информации за фестивалот може да се најдат на официјалната веб страна: www.actorofeurope.net

ПРОГРАМА

06 Јули – Раде Шербеџија
Свечено отворање на фестивалот и доделување на наградата Актер на Европа 2014 на актерот РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА. Поезија на трите јазици на езерото, специјални гости: Димитри Оргоцка - Албанија, Криса Јоаниду - Грција, Мето Јовановски - Македонија

07 Јули - "ПЕРВЕРЗИЈА" - Грција
Автор на текст: Хозе Санчиз Синистера, Актер: Ноника Малкотузи, Режија: Криса Јоаниду

08 Јули - “Мојата Преспа, Мојот Ресен... Моја Судбина”
Адаптиран текст на Ката Руменова Мисиркова, Адаптација: Офелија Богоевска, Режија: Сотир Чаушевски, Актер: Марија Кондовска, Музика: Тони Карапанчевски

09 Јули - "ЕДИТ ПИАФ - ОПШТИ МЕСТА" - Франција
Актери: Патрис Буги, Шантал Шарпентиер, Мишел Каил, Силви Тернон, Амели Венис, Автор на текст: Еудес Лабрус, Фотографии: Еван Моршоин, Музички советник: Бернард Розек, Дизајн на светло: Ромен Моте, Дизајн на претставата: Франсоаз Фитилис Лабрус

10 Јули - "ТОБЕЛИЈА" - Словенија, Бугарија, Македонија, Црна Гора
Автор на текст: Љубомир Ѓурковиќ, Режија: Ник Апер, Превод: Александра Ливен, Дизајн на сцена и костим: Марија Диманова, Кореографија: Јасна Кнез, Консултант: Веселина Ѓулева, Избор на музика: Дамир Домитровиќ, Актери: Јоана Поповска, Росица Огњанова, Камелиа Лишковска

11 Јули - “, Театар Фабрика, Макеоднија
Автор: Коле Чашуле, Режија: Ирена Стеријовска, Сценографија: Стефан Спировски, Костимографија: Ана Кркулевска, Играат: Кристина Ласовска, Рубенс Муратовски , Атанас Атанасовски, Драгана Левенска

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Синоќа, изведбата на претставата „Ода на радоста“ во белградскиот театар „Ателје 212“ беше прекината откако актерите дознаа за победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. 

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Од сцената одекна извикот: „Луѓе, готово е!“, по што и актерите и публиката започнаа со славење.

Актерка сподели снимка од прославата

Актерката Тамара Драгичевиќ на Инстаграм сподели снимка од тој момент.

„А ова е моментот за време на претставата кога дознавме дека победивме – едвај стоевме на нозе“, напиша таа покрај видеото.

Таа додаде дека актерите требало да ја одиграат претставата таа вечер, но настанот се претворил во голема прослава. Драгичевиќ исто така укажа на симболиката на насловот на претставата, „Ода на радоста“, кој таа вечер доби посебно значење.

Вучиќ го призна поразот

За потсетување, студентската листа „Студентите победуваат“ извојува победа на вонредните парламентарни избори во Србија, освојувајќи 52,54 отсто од гласовите, додека листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ доби 39,29 отсто.

Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ го призна поразот. За загубата ги обвини медиумите и „американската длабока држава“. По признавањето на поразот, граѓани ширум Србија излегоа на улиците за да слават до доцна во ноќта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Заостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. 

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија

МЗ ја проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес.

Министерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија

Министерството за здравство континуирано работи на унапредување на грижата за лицата со дијабетес, преку обезбедување современа терапија, медицински помагала и подобри услови за следење и контролирање на болеста.

Со последната јавна набавка, сензори за следење гликемија се обезбедени за 800 лица со дијабетес тип 1, согласно Програмата за дијабетес и заклучоците на националната комисија за дијабетес. Јавната набавка, склучена во април, годинава, важи до април 2028 година. Со последната јавна набавка е обезбедена современа инсулинска и антидијабетична терапија со зголемени количини.

Во тек на мај и јуни, годинава, е извршена и замена на сите трансмитери согласно протоколот, а на пациентите вклучени во Програмата им се распределени количини на сензори за шестмесечен период, односно до декември 2026 година. Пациентите ги подигнуваат сензорите во инсулинските аптеки, согласно утврдениот режим.

Со сензори се опфатени лицата со дијабетес тип 1 до 25-годишна возраст, бремени жени со дијабетес тип 1, слепи лица со дијабетес тип 1, како и лица со дијабетес тип 1 кои имаат најтешки компликации и коморбидитети.

На овој начин, согласно расположливите буџетски средства, приоритетно се опфатени најранливите категории пациенти за да се обезбеди континуирано следење на нивото на гликемија и подобро управување со болеста.

Потсетуваме дека сензорите за континуирано следење на гликемијата првпат беа обезбедени во 2023 година за 650 пациенти, додека со јавната набавка во 2026 година бројот на опфатени лица е зголемен на 800.

Министерството за здравство останува отворено за комуникација со пациентските организации и ќе продолжи со напорите за подобрување на грижата за лицата со дијабетес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер