Работник загина на градилиште во Охрид - Канал 5

Работник загина на градилиште во Охрид

Работник смртно настрада изутринава при изведување  градежни работи на деловен простор во изградба на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид.

Работник загина на градилиште во Охрид

Станува збор за лицето Ѓ.Д. (58) од Охрид, кој при работа паднал од висина, по што бил пренесен со тешки телесни повреди во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, каде им подлегнал на повредите.

Информацијата за несреќата ја потврдија од СВР - Охрид. Причините и околностите за несреќата ќе бидат утврдени со истрагата и увидот на лице место што е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мечка забележана на една од патеките на Водно

Платформата Ски-Македонија предупредува дека на Водно е забележана мечка, поради што апелираат до посетителите да бидат внимателни при движењето низ шумските патеки.

Мечка забележана на една од патеките на Водно

Според објавените информации, мечката е забележана над Нерези, во близина на селото Горно Крушопек, а информацијата брзо се прошири и меѓу планинарските друштва. Според нив, животното се движи по рутата Јасен – Матка – Нерези.

Засега не биле пријавени напади или други инциденти, но сепак, велат присуството на мечка во овој дел од Водно е доволна причина посетителите да бидат внимателни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Максим Димитриевски - платениот сателит кој зеде сè, а не даде ништо

Максим Димитриевски нема право да зборува за Изборниот законик. 

СДСМ: Максим Димитриевски - платениот сателит кој зеде сè, а не даде ништо

Човекот кој не донесе ништо, а зеде сè, пари, позиции, тендери и заштита од Мицкоски, сега се обидува да прави дефокус по команда на својот газда.

Максим е класичен сателит.

Создаден и финансиран од Мицкоски за да ја растури опозицијата и да ја штити криминалната група ВМРО.

Денес ЗНАМ повеќе не постои. Остана само Максим, кој сега се обидува да ја наплати својата услуга.

Народот веќе го нарекува „Максим по дивизија“ - човек кој работи за пари и прави токму она што ќе му се каже.

Затоа што ако зборуваше искрено, ќе мораше да признае зошто не може да се донесе Изборниот законик.

Не може да се донесе затоа што ВМРО и Мицкоски сакаат неконтролирано гласање на дијаспората, електронско или по пошта, без никаква вистинска контрола.

Сакаат да отворат врата за масовна изборна кражба, токму онака како што правеа и порано.

Максим исто така го поддржува тоа. Затоа што знае дека повеќе никој нема да гласа за него и за неговата банда.

Неконтролираното гласање му е последната надеж.

Максим Димитриевски, како и секој добар сателит, се обидува да ја сврти приказната.

Но вистината е едноставна:

Не е проблемот во СДСМ.

Проблемот е во Мицкоски и криминална организација ВМРО кои сакаат да крадат избори, а Максим е тука само за да им ја чисти патеката со дефокус и лаги.

Народот веќе знае кој е Максим и за што е создаден.

Народот ќе победи!

Европска Македонија ќе победи!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на ДУИ во Tетово за заштита на Охридскиот договор

Во организација на Демократската унија за интеграција,  вечерва во Тетово се одржува граѓански марш за како што претходно најавија од партијата, заштита на Охридскиот рамковен договор, уставниот поредок и правната сигурност во државата.

Протест на ДУИ во Tетово за заштита на Охридскиот договор

Повод за протестот кој почна во 20 часот е одлуката на уставниот суд за именувањето на улиците во Тетово, но од партијата оценуваат дека незадоволството е пошироко бидејќи постои загриженост од намалување на правата и механизмите што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор. Според партијата на Ахмети, одлуката на уставниот суд отворал прашања за правната сигурност и за идното третирање на прашања поврзани со охридскиот рамковен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер