Работниците на Фолксваген бесни: Одлуките на менаџерите ќе ни донесат беда и мизерија - Канал 5

Работниците на Фолксваген бесни: Одлуките на менаџерите ќе ни донесат беда и мизерија

Во Баунатал вчера имало борбена атмосфера.

Работниците на Фолксваген бесни: Одлуките на менаџерите ќе ни донесат беда и мизерија

Бројни работници на фабриката Фолксваген Касел подготвија говори за најавениот собир на вработените под раководство на работничкиот совет. Еден од нив беше Торстен Донермаер.

Тој работи во контрола на квалитетот и е во Фолксваген речиси четири децении. За него оваа работа е семејна традиција. Таму работел и татко му. Работата во смени на неговиот татко е дел од детството на Донермаер - така е и со другите во фабричката хала, пишува Дојче веле.

Раководството на Фолксваген се уште не ги отфрлило плановите за затворање на фабрики, отпуштање работници и намалување на платите. Затоа атмосферата на средбата беше вжештена. Работниците и покрај гневот и разочарувањето, покажаа подготвеност за борба.

Од 15.000 во салата број два, се појавија околу 8.000, еден ден по предупредувачкиот штрајк што беше организиран низ целата земја. Работничкиот совет ги информираше присутните за моменталната состојба во концернот и во самата фабрика. Средбата траеше повеќе од шест часа. Фабриката во Баунатал е најголемата фабрика за компоненти на Фолксваген во светот, а исто така и најголемиот работодавач на северот на Хесен.

Пред средбата, Донермаер вели дека целата земја гледа во Фолксваген. Во својот краток говор тој се фокусираше на акционерите и менаџментот. Тој рече дека нивните одлуки „може да донесат мизерија и беда на целиот регион“. Тој додаде дека планираните масовни отпуштања не ги засегаат само вработените, туку и работниците на бензинската пумпа или малата пекара на аголот.

И претседателот на работничкиот совет Карстен Бухлинг истакна дека се работи за иднината на сите вработени како и за иднината на регионот. Тој изјави дека на средбата имало незадоволство. Додава дека неизвесност владее за 1.800 работници кои имаат договори со надворешни компании за привремен „пренос“ на работната сила во Фолксваген. Нивните договори истекуваат на крајот на годината.

На состанокот дојдоа и провинцискиот министер за труд во владата на Хесен, Хајке Хофман и нејзиниот колега задолжен за економија, Каве Мансури. И двајцата се социјалдемократи. Сакаа на лице место да видат колку е алармантна ситуацијата.

И Селин Јантут смета дека ситуацијата е критична за неа. 19-годишникот студира да стане специјалист по логистика во магацин. Таа е во својата втора година на обука. Задолжена е за примање и доставување роба - работи на компјутер, но и вози виљушкар низ огромните магацини.

Таа вели дека ставила сѐ на картичката на Фолксваген, поради што моменталната ситуација толку многу ја погодува. Во фабричките хали владее тензија која се чувствува и кај младите кои штотуку го започнуваат својот занает.

Таа смета дека концернот не ја слуша неа и другите млади луѓе. Се слуша што зборуваат постарите, но стравот за иднината е широко распространет и кај младите. Јантут смета дека менаџментот е одговорен за кризата и дека сѐ ќе падне на грбот на работниците, младите кои се на обука и вработените со ограничени договори.

Синдикатот ИГ Метал не прифаќа ваква ситуација и планира дополнителни акции. Оливер Дицел, синдикален комесар за Северен Хесен, истакна дека синдикатот е добро подготвен за сѐ. Тој најави дополнителни предупредувачки штрајкови, но и дваесет и четиричасовни штрајкови како следно ниво на ескалација, доколку следниот понеделник не се најде решение на преговорите со работодавачите. Тој додава дека доколку преговорите не успеат, ќе има гласање на членовите на синдикатот, а потоа и штрајк на неодредено време.

Тогаш во првите редови ќе биде и вработениот во Фолксваген, Донермаер. Својот говор можеше да го одржи само на крајот од маратонскиот митинг. Тој вели дека во особено тешка состојба се работниците привремено „позајмени“ на концернот од надворешни компании, како и лицата со временски ограничени договори. А кога „тој заштитен појас ќе исчезне – тогаш на ред сме ние“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кралицата на Ноќта на вештерките шокира со страшен костим: Огромна крвава дланка ги исплаши луѓето

Славниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ 

Кралицата на Ноќта на вештерките шокира со страшен костим: Огромна крвава дланка ги исплаши луѓето

Славниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ – по овие фотографии, сигурно нема да ви биде важно ништо друго.

Познатиот германски модел, Хајди Клум, приреди вистински спектакл на јубилејното, 25-то издание на нејзината прочуена забава за Ноќта на вештерките во Њујорк, појавувајќи се во костим од кој на многумина им застана здивот – стануваше збор за огромна, крвава, отсечена човечка рака!

Иако со денови наназад наговестуваше детали за тоа каков би можел да биде костимот, никој не можеше да претпостави вакво нешто.

Традиционалната забава се одржа во областа „Катедрал“ на Менхетен и собра бројни славни личности, кои вложија максимални напори да привлечат внимание со своите костими. Сепак, како и секоја година, најголем интерес предизвика домаќинката на вечерта, која уште еднаш ги помести границите на креативноста и трансформацијата.

Годинава, Хајди се одлучи за прилично морничава идеја – човечка рака со црвени нокти, масивни златни прстени и верна реплика на нејзиниот венчален прстен.

Целокупниот изглед беше заокружен со крвави детали, поради што моделот изгледаше како огромен, отсечен дел од човечко тело.

Инаку, Хајди низ годинитеизгради репутација на жена која многу сериозно ги сфаќа костимите за Ноќта на вештерките, а нејзините трансформации редовно се главна тема на разговор по секоја забава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите

Според пресекот направен во 18.30 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите

Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52.90 %., објави Државната изборна комисија.

Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8.33 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.30 часот се пристигнати 3 приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас.

Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, по одлуката на гувернерот Трајко Славески за воведување привремена администрација на Алта банка, со која на граѓаните им се ограничува подигнувањето готовина на 10.000 денари неделно, додека за фирмите нема ограничување. Филипче посочи дека партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите, а народот ќе остане без своите пари.

„Каква е оваа одлука на Трајко Славески граѓаните да не можат да си ги извадат парите, да можат само 10.000 денари неделно да вадат а фирмите да можат колку сакаат? Значи парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот ќе останат заробени. Криминална одлука на криминална власт. Партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите а народот ќе остане без своите пари“, напиша Филипче на социјалната мрежа Х.

Скопје, 1.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер