КошаркаРаботнички противник на Карпош Соколи во полуфиналето на КупотЕкипата на Работнички со победа над Куманово од 87:81 закажа полуфинале против фаворитот Карпош Соколи во „Лимак Купот на Македонија“. Тимот на Докузовски предводен од искусните Мираковски, Чековски, Мишановиќ и Тасовски и без повредениот Влатко Илиевски успеа да извојува голема победа против ривалот Куманово во четвртфиналното дерби. Од првите минута на средбата Работнички предводен од капитенот Мираковски ја имаше контролата на играта и резултатот. Покрај искусниот квартет кој одигра уште еден одличен натпревар, се истакнаа и помладите Николиќ и Ефремовски. Работнички до 33.минута имаше сигурна и убедлива предност не поголема од 13 кошеви, но Куманово со тројките на Јаневски, Караџовски и Браун го однесе мечот во неизвесен финиш. Но, искусниот состав на „центарци“ знаеше како да го сочува водството и на крајот да забележи триумф вреден полуфинале. Во редовите на победникот прв стрелец е Мишановиќ со 23 поен, Мираковски постигна 17, Чековски 15. Кај Куманово Караџовски запиша 19 запиша, а Мијатовиќ дуелот го заврши со 15 поени. Утре во 18 часот за првиот финалист на Купот ќе решаваат Работнички и Карпош Соколи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПутин во Кина ја покажа нуклеарната актовка, руски бомбардери пристигнаа во ВиетнамРускиот претседател Владимир Путин пристигна на самитот на АПЕК во Шенжен, Кина, придружуван од офицер кој – пред камерите на руските државни медиуми – го покажа „нуклеарното куферче“. Во меѓувреме, во Виетнам се појавија два руски стратешки бомбардери способни да носат нуклеарно оружје. Овие случувања доаѓаат пред денешните средби меѓу Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг. Ова е прва заедничка средба меѓу лидерите на овие три нуклеарни сили. Потезите на Русија привлекоа внимание, бидејќи Москва во последно време ги демонстрира своите воени капацитети далеку надвор од границите на Украина – земја во која веќе речиси пет години води војна. На видеоснимка објавена од руските државни медиуми се гледа припадник на придружбата на Путин како носи црна актовка. Новинарот го праша дали станува збор за нуклеарна актовка, а службеникот тоа го потврди. A Russian journalist filmed members of President Vladimir Putin’s delegation carrying Russia’s nuclear briefcase as Putin arrived in Shenzhen, China, on Wednesday for the APEC summit, where he is expected to meet with U.S. President Donald Trump and Chinese President Xi Jinping. Asked directly whether he was carrying the briefcase, a serviceman confirmed he was. Known as the Cheget, the briefcase allows Putin to maintain unbroken command and control over Russia’s nuclear arsenal at all times, regardless of his physical location. — CBS News (@CBSNews) November 18, 2026 Актовката, позната како „Чегет“, е дел од системот преку кој рускиот претседател одржува врска со воената команда и учествува во донесувањето одлуки за употреба на нуклеарно оружје. Иако нуклеарната актовка обично го придружува рускиот претседател на патувањата, таа ретко се прикажува јавно пред камерите. Видеото беше објавено непосредно пред средбата на која се очекува да се разговара за нуклеарното оружје и односите меѓу трите големи сили. Во последните денови, Русија исто така ја зголеми својата воена активност во Источна Азија. Сателитски снимки покажаа два руски стратешки бомбардери „Ту-95“ – познати според ознаката на НАТО како „Мечка“ (Bear) – на аеродромот Да Нанг во Виетнам. Тие беа придружувани од уште два руски воени транспортни авиони „Ил-76“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столбСекој ден има нова потврда на она што го кажува СДСМ веќе со месеци за последиците од криминалното владеење на Мицкоски.Заклучно со 31 октомври, 51 милион евра од пензиските придонеси на граѓаните не се префрлени во вториот пензиски столб. Тоа се пари на 650 илјади граѓани, што работниците секој месец ги издвојуваат од своите плати за сопствената пензија. Префрлањето пари не е волја на Мицкоски, туку законска обврска на директорот на Фондот за пензиско да ги префрли парите во вториот пензиски столб. Ќе реагира ли сега Јавното обвинителство или повторно ќе молчи? Организираната криминална група ја загрозува исплатата на идните пензии на над 650.000 граѓани. Дупката во ПИОМ е веќе 1 милијарди евра. Власта го загрозува и вториот пензиски столб. Нема пари за работниците, нема пари за пензионерите, нема при за повисока минимална плата. Нема пари земјоделците. Нема пари за повисок студентски оброк. Пари има само за криминалните тендери на власта. За само две години Владата на Мицкоски ги задолжи граѓаните за околу 4 милијарди евра. За 2027 година, Мицкоски и Кочоска планираат ново задолжување од речиси 2 милијарди евра. Ова е економскиот дебакл на Мицкоски. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Тошковски во Дубаи ја прими Светската награда за „Безбеден град“Светската награда за „Безбеден град“ свечено врачена во Дубаи!Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на својот фејсбук објави дека На официјалната церемонија во рамки на World Police Summit 2026 во Дубаи ја примил Светската награда за „Безбеден град“ . На официјалната церемонија во рамки на World Police Summit 2026 во Дубаи, ја имав честа да ја примам престижната награда „Excellence in Road Safety“, која Македонија ја освои за проектот „Безбеден град“. Ова е значајно меѓународно признание за Македонија, за македонската полиција и за реформата со која поставуваме нови стандарди во безбедноста на сообраќајот. Покажавме дека Македонија има капацитет да создава современи решенија, да спроведува суштински промени и да биде препознаена на светско ниво. Оваа награда му припаѓа на секој македонски граѓанин кој веруваше во оваа промена, ја поддржа и со својот придонес стана дел од заедничката мисија за побезбедни патишта. Но, ова признание не е крајната цел. Тоа е дополнителна одговорност да продолжиме со уште поголема решителност во она што е најважно, да го намалиме бројот на сообраќајни несреќи, да спречиме трагедии и да заштитиме што повеќе човечки животи. Продолжуваме уште посилно! За побезбедни патишта, за заштитени човечки животи, за побезбедна Македонија!- стои во објавата на Тошковски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter