2Балетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ на сцената на Националната опера и балет на 17 јуни
Данската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот
1Данската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот
Други спортовиРаботнички последен полуфиналист во одбојкарскиот КупРаботнички 71&22 е последниот патник во полуфиналето од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) во машка конкуренција.Одбојкарите на Работнички ја комплетираа полуфиналната „четворка“, откако синоќа во последното четвртфинале со 3:0 (25:23, 28:26, 25:19) ја победија Шкендија во Тетово. Со тоа, Работнички им се приклучи на одбојкарите на Струмица, Борец Велес и Штип Угд на завршниот турнир. Домаќин на финалниот турнир ќе биде Штип.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаПрва полуматурска парада во Ѓорче Петров – еден ден, шест училишта, една гордостПод покровителство на Општина Ѓорче Петров, а во организација на ЕФЗ „Седум Осмини“, на 10 јуни 2026 година, со почеток во 10:00 часот, во реонскиот парк во Ѓорче Петров, за првпат ќе се одржи „Полуматурска парада 2026“.Овој настан има за цел да ги обедини полуматурантите од шесте основни училишта на територијата на општината и на достоинствен, радосен и свечен начин да го одбележи нивниот значаен образовен чекор. Програмата ќе биде исполнета со зурли и тапани, македонски народни ора, дружење, позитивна енергија, како и доделување награди за ученици и наставници кои со својот труд, посветеност и резултати дале особен придонес во воспитно-образовниот процес. „Полуматурската парада“ претставува прослава на младоста, успехот, традицијата и заедништвото. Преку овој настан, Општина Ѓорче Петров испраќа силна порака дека младите се најголемата вредност и најважната инвестиција во иднината на локалната заедница. Општина Ѓорче Петров ги поканува родителите, наставниците, учениците и сите сограѓани да присуствуваат на настанот и заеднички да им дадат поддршка на полуматурантите. Настан: Полуматурска парада 2026 Датум: 10 јуни 2026 година Време: 10:00 часот Локација: Реонски парк, Ѓорче Петров Еден ден. Шест училишта. Една гордост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
КултураБалетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ на сцената на Националната опера и балет на 17 јуниНа 17 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизен и суптилен современ израз го доловува духот на 19 век и емотивната комплексност на главниот лик. Музичката подлога е составена од дела на Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Жил Масне, Феликс Менделсон и Георг Фридрих Хендл, со сценографија и костимографија на Андреј Злобин и Гана Ипатиева (Украина). Светло-дизајнот е на Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, пијанист – Андреја Наунов, а менаџер на проектот е Киро Павлов. Во насловната улога на Ема Бовари ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Шарл Бовари – Франциско Хименез Руиз, а во улогата на Родолф Буланже – Балаж Лочеи. Во останатите улоги настапуваат Дмитро Чеботар, Ендру Кук и Ангела Богатинова, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. „Госпоѓа Бовари“ претставува балетска интерпретација на едно од најзначајните дела на светската книжевност. Преку внимателно избрана музика, впечатлива кореографија и визуелно раскошна сценска поставка, претставата ја следи емотивната и психолошка драма на Ема Бовари – жена растргната меѓу сопствените соништа, страсти и ограничувањата на средината во која живее. Со современ сценски пристап и силна уметничка експресија, оваа постановка нуди длабоко и возбудливо театарско искуство за публиката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизВидео: Мадона речиси падна на забава во ЊујоркСветската музичка ѕвезда Мадона одржа неочекуван концерт на Тајмс Сквер во Њујорк по повод промоцијата на нејзиниот нов албум „Confessions II“ .Настапот на 67 годишната пејачка на Тајмс Сквер во Њујорк беше организиран по повод промоцијата на нејзиниот нов албум „Confessions II“, како и почетокот на Месецот на гордоста. View this post on Instagram A post shared by John pascarella (@jpasc24) Поп-кралицата помина околу 15 минути на сцената, а публиката можеше да ги чуе хитовите „Hung Up“ и „I Love New York“. Иако настапот беше краток, тој вклучуваше танчери, диџеј и ротирачка сцена, што привлече големо внимание од минувачите и обожавателите. Сепак, освен самиот концерт, големо внимание на социјалните мрежи привлекоа и снимките што почнаа да кружат на интернет. На нив се гледа како Мадона стои покрај оградата на сцената за време на настапот, се држи за неа и неконтролирано ја тресе, по што ја фрла ногата преку неа. Многу корисници на социјалните мрежи коментираа дека во еден момент се загрижеле дека Мадона може да ја изгуби рамнотежата и да падне пред публиката. Некои изјавија дека ситуацијата изгледала непријатна, додека други верувале дека тоа е дел од настапот и сценската кореографија. View this post on Instagram A post shared by John pascarella (@jpasc24) „Боже, не ѝ доликува повеќе да ги шири нозете вака“, „Мислев дека ќе падне“, „Сè уште се ниша, можеби не танцува како порано, но сепак е Мадона!“, гласеа некои од коментарите на видеото.Тагови: Мадона Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook