Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
2Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
РакометРаботнички подобар од Вардар ЈуниорРакометарите на Работнички синоќа го победија Вардар Јуниор со 29:27 во вториот натпревар од 17.коло од Супер лигата на Македонија.По оваа победа Работнички се зацврсти на третото место на табелата, додека младите „црвено-црни“ се во вториот дел на табелата. Три натпревари од ова коло се играат денеска: Металург – Прилеп, Радовиш – Борец и Охрид – Пролет. Во првиот натпревар од колото Пелистер го победи Металург 2 со 40:31. Табела: Металург 48 бодови, Охрид 36, Работнички 36, Прилеп 30, Пелистер 21, Вардар Јуниор 21, Пролет 18, Радовиш 18, Борец 16, Металург 2 1 бод. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПреќутно усвоен предлог; Нова држава во Европа?Предлогот сега оди во Сенатот, кој е одлучувачка законодавна инстанца во оваа постапка, објавува порталот „Digi24.ru“.Законодавниот предлог поднесен од пратениците на романската десничарска, популистичка политичка партија С.О.С. Романија за обединување на Романија со Република Молдавија беше усвоен преќутно вчера во Долниот дом на Парламентот по истекот на уставниот рок од 45 дена. Предлогот сега оди во Сенатот, кој е одлучувачка законодавна инстанца во оваа постапка, објавува порталот „Digi24.ru“. Иницијативата беше поднесена до Парламентот на 14 април и доби негативно мислење од владата, како и од Правниот комитет и Комитетот за човекови права на Долниот дом на Парламентот. Сепак, поради недостаток на јавна дебата и гласање на пленарна седница, предлогот се смета за усвоен преќутно во согласност со член 75 став (2) од Уставот на Република Романија, по што ќе биде доставен до Сенатот во форма во која го поднеле предлагачите. Предлогот ја овластува романската влада итно, без одлагање, да започне преговори со властите во Кишињев со цел да се заврши процесот на обединување со Република Молдавија. Во случај на конечно усвојување на овој закон и негово објавување во Службен весник, надлежните меѓународни тела, Владата на Република Молдавија, Соединетите Американски Држави, НАТО, ОН и Европската Унија ќе бидат известени со цел спроведување на одредбите од овој закон, наведува романскиот портал. Извор: Б92Тагови: Молдавија Романија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Анализа- Еве како лаже Мицкоски за субвенциите и за земјоделцитеПрво, на 15 јуни 2026, Мицкоски ја дава следната изјава: ,,Ако се собере вкупниот број на исплатени субвенции од страна на владата на СДСМ и ДУИ во периодот 2021, 2022, и 2023 година како директни плаќања и поддршка на Програмата за рурален развој, тогаш ќе дојдеме до вкупна сума за три години помала од 14 милијарди денари. Оваа Влада, за две години, има исплатено околу 15 милијарди денари што значи една милијарда денари повеќе отколку што тие исплатија за три години. Тоа е вистината и ова се бројки – рече Мицкоскиʼʼ. Оваа изјава ја има објавено и неговиот Трипуновски. (https://www.facebook.com/share/v/1bEfJFobRS/?mibextid=wwXIfr) Која е вистината и фактите. Еве ги податоците од ГОДИШНИТЕ ИЗВЕШТАИ на Платежната агенција, кои се јавно објавени: [📌] Во 2021 година, заклучно со 31.12.2021 година, за директни плаќања и рурален развој се исплатени 9 милијарди денари. [📌] Во 2022 година, заклучно со 31.12.2022 година, за директни плаќања и рурален развој се исплатени 7,1 милијарди денари. [📌] Во 2023 година, заклучно со 31.12.2023 година, за директни плаќања и рурален развој се исплатени 8,65 милијарди денари. [📌] Во 2024 година, заклучно со 31.12.2024 година, за директни плаќања и рурален развој се исплатени 9,1 милијарди денари, од кои 5 милијарди денари се исплатени во време на Владата предводена од СДСМ до јуни 2024 година а 4 милијарди по формирањето на Владата на ВМРО до крајот на годината. [📌] Во 2025 година, заклучно со 31.12.2025 година, за директни плаќања и рурален развој се исплатени 6,5 милијарди денари. [📌] Во 2026 година, до овој момент, вклучително и субвенциите за тутунот кои беа исплатени со повеќемесечно доцнење, се исплатени околу 4,5 милијарди денари. Ова значи дека од 2021 година до крајот на мандатот на Владата предводена од СДСМ се исплатени 30 милијарди денари (29,7 милијарди денари) а не 14 како што кажал премиерот, додека од почетокот на мандатот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ до денес се исплатени околу 15 милијарди денари. Денеска, само неколку дена подоцна на седница на пратенички прашања кажува Мицкоски вели,, Ако се земат двете најуспесшни години на СДСМ во земјоделие во 2021 и 2023 вкупно се исплатени 17 милијарди денари а сега во овие две години Владата на ВМРО исплатила вкупно 20 милијарди денариʼʼ. Но ако се земат годишните извештаи на платежната агенција точните бројки се следни : Во 2021 и 2023 Владата на СДСМ исплатила точно вкупно 17,65 милијарди а Владата на ВМРО во овие две години заедно со последната исплата на тутунот е вкупно 15 милијарди денари, занчи помалку за 2,6 милијарди денари. Значи за само неколку дена Мицкоски дава две изјави со бројки што воопшто не де точни. Фактите потврдуваат, Мицкоски лаже!, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Капиталните инвестиции со ребалансот се зголемени од 39 на 47 милијарди денари„Во овој ребаланс на Буџетот капиталните инвестиции се зголемени од 39 милијарди денари, колку што претходно беа предвидени, на цели 47 милијарди денари и тоа се должи токму на реализација на капитални проекти во сите институции“.„Во овој ребаланс на Буџетот капиталните инвестиции се зголемени од 39 милијарди денари, колку што претходно беа предвидени, на цели 47 милијарди денари и тоа се должи токму на реализација на капитални проекти во сите институции, од автопатските секции, преку програмата за финансирање на општините каде дополнително се обезбедени околу 2 милијарди денари, преку обезбедени дополнителни пари за пречистителни станици како скопската, битолската, тетовската преку Министерството животна средина. Тоа се сѐ проекти коишто се реализираат и токму тоа е причината за зголемени буџетски дефицит од 3,5% на 4,1%, бидејќи имаме за 7 милијарди денари повеќе капитални инвестиции споредено со тоа што беше претходно“, објасни претседателот на Владата Христијан Мицкоски прашан во Собранието за реализацијата на капиталните инвестиции и ребалансот на Буџетот. „Ние денеска зголемуваме буџетски дефицит не поради субвенции, не поради социјални трансфери, плати, пензии, туку поради капитални инвестиции, нешто што на времето беше невозможно, затоа што немаше капацитет, немаше проектен менаџмент. Сега кога конечно имаме капацитет, имаме проектен менаџмент. И во таа состојба ние сме обвинети дека сме го зголемиле буџетскиот дефицит. Да имаме седум милијарди денари зголемени социјални трансфери, па да речеме безмилосно се трошат парите и заради тоа е буџетскиот дефицит. Ама не е така, и тоа во услови на криза, во услови кога два месеци имавме намалено ДДВ, кога имавме повеќе од три месеци намалени акцизи, во услови на најголемата енергетска криза којашто човештвото ја памети. И повторно, ние во овој ребаланс на Буџетот немаме никаков проблем да обезбедиме средства, да обезбедиме проектен менаџмент и да ги реализираме тие капитални инвестиции“, рече Мицкоски во врска со обвинувањата од опозицијата за ребалансот. Во однос на реализацијата на капиталните инвестиции, Мицкоски наведе периоди за големите инфраструктурни проекти. „Јас очекувам еве најдоцна октомври месец, нека биде пролонгирањето максимум ноември, веќе да ја користиме делницата од Извор, кичевско, до Врбјани, каде што ќе се поврземе со веќе пуштената делница и првиот квартал следната година да можеме сите да ја возиме делницата од Кичево до Охрид, целосно да ја возиме, целосно да биде функционална таа делница. Во првата половина следната година да можеме да ги возиме првите 10 километри од автопатот Прилеп-Битола. Да напредува реализацијата на автопатот Тетово-Гостивар-Букојчани и да отпочнат до крајот на годината градежните работи на автопатот Букојчани, поврзување со таканаречениот автопат Кичево- Охрид“, сподели Мицкоски. Наведувајќи ги капиталните инвестиции, премиерот Мицкоски откри и дека после многу децении, македонска компанија добила проект да гради автопат, а тоа е делницата Блаце – Скопје. „Во август месец почнуваме со Блаце-Скопје. Градежната компанија „Гранит“, после не знам колку децении македонска градежна компанија добива да гради автопат во Македонија финансирано од европски заемодаватели“, рече премиерот Мицкоски, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook