Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
2Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
Таа има 100, а тој 101 година! Во брак се осум децении, а секој петок наутро го прават истото – велат дека токму тоа им го одржува бракот!
1Таа има 100, а тој 101 година! Во брак се осум децении, а секој петок наутро го прават истото – велат дека токму тоа им го одржува бракот!
КошаркаРаботнички – МЗТ Скопје премиерно кошаркарско дерби сезонаваМакедонскиот кошаркарски храма салата Во Градскиот парк вечерва од 19 часот ќе биде арената домаќин на првото вечно кошаркарско дерби меѓу најголемите ривали во макбаскетот Работнички и МЗТ Скоп Пет плус телевизија и понатаму е со најквалитетното првенство кај нас, и од 19 часот ќе врши директен пренос од судирот меѓу Работнички и МЗТ Скопје По 4 коло во Суперлигата веќе ќе остане само една непоразена екипа во нашето најквалитетно кошаркарско друштво. Вечното дерби во Градскиот парк ќе покаже дали тоа ќе биде домашниот Работнички или бранителот на титулата МЗТ Скопје. Последниот меѓусебен дуел големите ривали го одиграа пред повеќе од една година. Во моментов двете екипи се во врвна форма , тоа го покажаа во претходните три кола. Најтрофејниот клуб во Македонија Работнички по скромните игри во регуларната сезона кога дури во последните две кола се избори за учество во елитата, изненади на стартот на Супер лигата со победничка низа во 1 коло во Градскиот парк беше совладана Лирија , а потоа на гостински терен и фаворизираните Кожув и Фени Индистри. МЗТ Скопје пак е без пораз на домашната сцена , во витрините на клубот од Аеродром уште една година ќе виде изложен пехарот од Купот, во 3 кола од Супер лигата извојувани се победи над Кожув, Лирија и Куманово. Првото вечно дерби сезонава ќе одлучи која екипа и понатаму ќе биде без пораз во Суперлигата. Улогата на фаворит е на страната на МЗТ Скопје само поради искуството стекнато низ одличните игри во дебитантската сезона во регионалната АБА лига, но во вакви дерби средби не секогаш одлучувал квалитетот на теренот , туку секогаш своја улога имала и инспирацијата и се разбира мотивите и поддршката од публиката , вечерва сигурно поддршката од трибините ќе ја имаат двете екипи. Ако предводникот на работнички Емил Рајковиќ најде одговор во одбраната за ударното трио на МЗТ Гечевски, Чековски Дамјан Стојановски, неговиот тим ќе биде блиску до триумф. Пипан пак со цврста и дисциплинирана игра во своето прво дерби како тренер на МЗТ Скопје ќе ја бара првата победа над големиот ривал. Играта на Работнички во првите 3 кола многу зависеше од крилниот центар Абукар искусниот Јелесијевиќ кој треба да го понесат најголемиот товар во дуелите со извонредната центарска линија на МЗТ Скопје , и секако од брзиот Зивчевиќ и бековите Шарпер и Голдваер. Во 4 коло од Суперлигата кое секако ќе мине во знакот на вечното дреби вечерва ќе играат и Кожув- Фени И. И Куманово – Лирија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Илинден со нова мерка за поддршка на најмладитеОпштина Илинден воведува субвенции за првачиња, мерка наменета за помош на семејствата во пресрет на почетокот на учебната година. За таа цел, објавен е Јавен повик за доделување еднократна финансиска помош за семејствата со деца кои во учебната 2026/2027 година ќе го започнат своето основно образование. Со новововедената мерка, секое дете запишано во прво одделение ќе добие еднократна финансиска помош во износ од 3.000 денари. Родителите или старателите кои сакаат да го остварат ова право потребно е да поднесат барање со соодветната документација преку Архивата на Општина Илинден. Деталите за условите, потребните документи и постапката за аплицирање се објавени на официјалната веб-страница на Општината. Новата мерка има за цел да им помогне на семејствата во подготовките за почетокот на учебната година и да обезбеди дополнителна поддршка за најмладите ученици при нивниот прв чекор во образовниот процес. Паралелно со финансиската помош, Општината ќе продолжи и со досегашната практика на обезбедување ранци со училишен прибор за првачињата. Финансиската поддршка е дел од Програмата за финансиска поддршка на жителите на Општина Илинден за 2026 година, преку која се спроведуваат повеќе мерки и активности наменети за поддршка на различни категории граѓани. Линк до повикот: https://ilinden.gov.mk/wp-content/uploads/2026/08/javen-povik-finansiska-pomosh-prvachinja.pdfКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција во потрага по пиромани: Уапсени 474 лица за предизвикување пожариВо Франција, од почетокот на јули, 474 лица се уапсени под сомнение дека предизвикале пожари, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на таа земја.Меѓу уапсените има 183 малолетници, односно речиси 39 отсто од вкупниот број, објавија порталите BFM TV и „Фигаро“. На почетокот на август, француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека две третини од апсењата биле поврзани со подметнување пожари. France: 420 arrested, 166 minors, over fires set during the worst wildfire season since WWII. pic.twitter.com/jqqkmUbtOh — Open Source Intel (@Osint613) August 9, 2026 Утрово избувна нов шумски пожар во департманот Ланд во југозападна Франција, каде што синоќа изгореа околу 600 хектари, а околу 500 луѓе беа евакуирани поради приближувањето на пожарот кон населени места. Франција сè уште е зафатена од топлотен бран. За денес се прогнозираат температури од 35 до 38 Целзиусови степени, а на места и до 40, додека ноќите ќе останат многу топли во голем дел од земјата, со температури меѓу 20 и 26 степени.Тагови: пожар Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАНБА се подготвува за историско проширувањеНајсилното свтеско кошаркарско првенство, мегапопуларната НБА лига се подготвува за историско проширување – познати се најважните чекори. НБА сериозно работи на проширување, а Лас Вегас во моментов има предност пред Сиетл во трката за нова франшиза, пренесува ESPN. Раководството на лигата сака прво да ја заврши работата во Лас Вегас и да постави рекордна цена за влез на нова франшиза во НБА, што потоа би претставувало основа за сите идни проширувања. Според претходните проценки, новите сопственици на клубот од Лас Вегас би можеле да платат меѓу 7,5 и 9 милијарди долари само за влез во лигата. Интересот на инвеститорите за Лас Вегас е значително поголем отколку за Сиетл. Боб Ајгер и Џош Кушнер беа меѓу потенцијалните купувачи, но се повлекоа од процесот откако одлучија да ги купат Лос Анџелес Лејкерс за рекордни 12,5 милијарди долари. Сепак, договорот за Лас Вегас сè уште не е блиску до конечно одобрување. „Ќе видиме што ќе се случи во септември . Ако се гласаше денес, предлогот немаше да помине. Сè се сведува на висината на надоместокот“, изјави извор од НБА за ESPN. Така, Сиетл останува сериозен кандидат за враќање во НБА, но неговата шанса можеби ќе мора да почека додека лигата прво не утврди рекордна пазарна цена преку случајот со Лас Вегас.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook