Работнички и Тиквеш во борба за четвртфинале на кошаркарскиот куп - Канал 5

Работнички и Тиквеш во борба за четвртфинале на кошаркарскиот куп

Со денешниот натпревар меѓу Работнички и Тиквеш што се игра во СРЦ „Кале“ продолжуваат осминафиналните пресметки во кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски-Буштур“. 

Работнички и Тиквеш во борба за четвртфинале на кошаркарскиот куп

Во првото осминафинале во средата МКК Куманово го совлада Ангели со 95:65.

Во сабота (утре) се играат два дуела, од 15.часот во СРЦ „Кале“ ќе играат Маџари и Гостивар, а нешто подоцна, од 19.часот, во салата „Шабан Трстена“ за место во следниот круг од натпреварите ќе разигруваат екипите на Чаир 2030 и Феникс 2010.

КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ – ОСМИНАФИНАЛЕ

МКК Куманово – Ангели 95:65

Работнички – Тиквеш Голден Игл

Маџари – Гостивар

Чаир 2030 – Феникс 2010

Директен пласман според табелата во четвртфиналето имаат обезбедено: ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер и Кожув, додека четвртфиналист по триумфот над Ангели е и екипата на МКК Куманово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија прогласи вонредна состојба поради сериозниот недостиг на вода

Унгарскиот министер за заштита на животната средина, Ласло Гајдош, денеска изјави дека владата прогласила вонредна состојба поради сериозниот недостиг на вода предизвикан од сушата.

Унгарија прогласи вонредна состојба поради сериозниот недостиг на вода

Во објава на Фејсбук, Гајдош наведе дека индексот на суша во 66 од вкупно 84 унгарски водостопански области ги надминал праговите утврдени со прописите, поради што биле воведени вонредни мерки, пренесе МТИ.

Според него, експерти од Дирекцијата за управување со води ќе спроведат посебни мерки за заштита и управување со водните ресурси на 74 отсто од територијата на земјата, со цел да се ублажат последиците од сушата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда

Заменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда и процесот на европска интеграција.

Заменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда

Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, денеска учествуваше на работен состанок посветен на реализацијата на Реформската агенда и процесот на европската интеграција, предводен од претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, и директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.

На состанокот беа разгледани досегашниот напредок во спроведувањето на реформските активности, приоритетите во наредниот период, како и потребата од понатамошна координација меѓу институциите со цел навремено исполнување на преземените обврски од Реформската агенда.

Во фокусот на состанокот беа и реформите во областа на јавната администрација, како значаен дел од процесот на европска интеграција и усогласувањето со европските стандарди. Во оваа насока, беа разгледани активностите поврзани со исполнувањето на обврските од Реформската агенда, како и тековните процеси за унапредување на законската рамка и системските решенија во областа на јавната администрација.

Преку континуирано спроведување на реформите и конструктивна соработка со европските партнери, Министерството за јавна администрација придонесува кон изградба на институции кои функционираат според принципите на професионалност, ефикасност и отчетност. Јакнењето на јавната администрација останува еден од клучните приоритети во процесот на европска трансформација на државата.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш

Секое патување започнува со една едноставна одлука….

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш

Секое патување започнува со една едноставна одлука…

да седнеш зад воланот.

Мислиме дека сѐ е под контрола.

И дека ништо не може да тргне наопаку.

Но, понекогаш… доволен е само еден момент за да го изгубиш вниманието.

При брзина од 80 километри на час…

само една секунда невнимание

значи повеќе од 20 метри поминати возејќи „на слепо“.

Дали вреди?

Држи го погледот на патот.

Твојот живот – и животите на другите – зависат од тоа.

Животот е премногу вреден за да го изгубите поради мал момент на невнимание вози внимателно и не користи мобилен телефон - не заборавај, „Секој живот е важен.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер