3Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
3Мета се соочува со најголемото судење досега: Крај за приказните и лајковите на Инстаграм и Фејсбук?
КошаркаРаботнички и МЗТ очекуваат спектакл и полни трибини пред финалето во кошаркарската лигаКК Работнички и МЗТ Скопје Аеродром заедно со МКФ денеска одржаа прес-конференција пред финалната серија во домашното натпреварување во машка конкуренција, на која тренерите на двата тима, Ѓорѓи Кочов и Марин Докузовски, посакаа спектакл и полни три- Секогаш кога играат Работнички и МЗТ, натпреварите се со големо значење. Очекувам еден спектакл во кој ќе има спортско надигрување и спортско навивање и, секако, да победи подобриот. Домашниот терен на првиот меч го прави Работнички благ фаворит. Но, наша цел е да бидеме подобри во сите натпревари. Марин ми беше тренер и првпат ме стави во првата екипа на 15 години. Но, тоа нема да влијае нешто и нема да донесе никаква помош, изјави тренерот на „металците“. Тој додаде дека очекува неизвесен дуел и титулата да остане во Аеродром. Тренерот на најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија, Марин Докузовски изјави дека двете екипи се заслужно во финалето и дека очекува празник на кошарката. - Без да навредам некого, кога играат Работнички и МЗТ интересот е поголем, а и квалитетот на натпреварите. Двата тима покажаа дека оваа година се најдобри и дека заслужено се во финалето. Очекувам спектакл и празник на кошарката, затоа што последните години истата не ни е на највисоко ниво. Нека победи подобриот, меѓутоа за мене поважно е се да мине во најдобар ред, изјави Докузовски. Финалето меѓу „вечните ривали“ на програма е на 20-ти мај со дуел во „Градски парк“, а вториот меч е во Аеродром на 23-ти мај. Третиот дуел е закажан за 25-ти мај, а ако има потреба, четврти и петти меч ќе се играат на 28-ми, односно 31-ви мај. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
ЖивотТатко и син пронашле заб, што му припаѓал на огромно чудовиште старо 3,6 милиони години (ВИДЕО)Прошетката по плажата во Њу Џерси се претвори во неверојатна авантура за Мајкл Бауерс (42) и неговиот 11-годишен син, Бум.Тие случајно пронајдоа огромен заб од чудовиште и сфатија дека мора веднаш да им го покажат на експертите, објавува Њујорк пост. Заглавени во тесен отвор „Никогаш ни во милион години не би помислил дека ќе најдеме нешто вакво. Мојот син беше без зборови“, рече подоцна Бауерс. Таткото и синот одеа по карпест насип кога го забележаа забот - заглавен во тесен отвор. Бауерс не можеше да ја протне раката низ пукнатината и да го извади, но неговиот син го стори тоа без поголеми проблеми. „Колената ми се тресеа“, рече Бауерс, објаснувајќи дека експертите подоцна потврдија дека станува збор за заб од мегалодон, огромна праисториска ајкула. Овој морски предатор можел да порасне до 18 метри и изумрел пред повеќе од 3,6 милиони години. Особено значајно откритие Фосилите од ова праисториско суштество се многу ретки во Њу Џерси. Според Државниот музеј, во таа држава се пронајдени помалку од пет мегалодонски заби. Тоа го прави откритието на семејството Бауерс особено значајно. Истражувачите веруваат дека забот веројатно бил исфрлен на брегот за време на проект за рекултивација и реставрација на плажата што го спроведе американската армија во јули. За време на таквата работа, песок се носи од области далеку од брегот и се користи за проширување или реставрација на плажата. Доколку материјалот бил земен неколку километри од брегот, фосилниот заб можеби бил транспортиран со него.Тагови: чудовиште Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево и топло со мала до умерена локална облачностИ утре ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 20 Попова Шапка, 26 Крушево, 30 Маврови Анови, Претор, Берово, 32 Крива Паланка, Прилеп, Охрид, 33 Битола, 34 Виница, Тетово, Штип, 35 Велес, 36 Зајчев Рид, Струмица, Кавадарци, 37 Демир Капија, 38 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе има мала до умерена облачност. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од четврток следува период на претежно стабилно и многу топло време. Во сабота наместа ќе има нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Шоу бизСалма Хајек стана баба и го откри името на внукот (ВИДЕО)Салма Хајек (59) стана баба. Нејзиниот посинок Франсоа Пино помладиот и неговата сопруга Лара Козима Хенкел фон Донерсмарк го добија своето прво дете, син кого го крстија Франсоа.Хајек е во брак со Франсоа-Анри Пино (64), со кого има 18-годишна ќерка, Валентина, и е маќеа на неговите деца од претходни врски - Франсоа (38), Матилда (25) и Огистен (19). Откри како ќе се вика внукот Во неделата, актерката сподели видео на Инстаграм во кое го држи внукот во раце и му зборува на шпански. Таа откри дека момчето се вика Франсоа, со што ја продолжува семејната традиција, но и дека веќе му го дала својот прекар - Панчито. „Благословени сме што ја пречекуваме четвртата генерација во семејството што ќе го носи името Франсоа. Сепак, ќе го викам Панчито. Се чини дека му се допаѓа и не би можела да го сакам повеќе од мене“, напиша Хајек. View this post on Instagram A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek) Објавени се и првите семејни фотографии. Мајката на момчето, Лара, објави неколку фотографии од својот син минатата недела, а Салма Хаек со нејзиниот внук е на една од нив. View this post on Instagram A post shared by lara cosima henckel von donnersmarck (@laracosima_pinault) „Мојот сопруг (најкул Франсоа на светот) и нашиот син (најслаткиот Франсоа на светот)... нашиот прв месец како родители“, напиша Лара покрај фотографиите. „Секогаш сакав да имам многу деца“ Хаек стана маќеа откако се омажи за Франсоа-Анри Пино во 2009 година. Нивната ќерка Валентина се роди две години претходно, во 2007 година. Со текот на годините, актерката често зборуваше за тоа колку ѝ значи големо семејство. „Отсекогаш сакав да имам многу деца, но не можев. Чудо е што успеав да родам едно дете. Голем благослов е што мојот сопруг има уште три деца. Значи, јас имам четири и сите се сосема различни“, изјави таа за списанието „Ред“ во 2017 година. Сега малиот Франсоа, или Панчито, како што Хајек одлучи да го нарече, се придружи на нивното големо семејство.Тагови: Салма Хајек Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter