Работнички домаќин на Вардар Јуниор во ракометната Супер лига - Канал 5

Работнички домаќин на Вардар Јуниор во ракометната Супер лига

Ракометните суперлигаши вечерва ќе одиграат еден натпревар од 17.коло од Супер лигата на Македонија. Во СЦ „Форца“ Работнички е домаќин на екипата на Вардар Јуниор. Според пласманот на табелата Работнички, кој се наоѓа на третото место ја има улогата фаворит на овој дуел. Почетокот на дуелот е во 20:15 часот.

Работнички домаќин на Вардар Јуниор во ракометната Супер лига

Три натпревари од ова коло се играат утре: Металург – Прилеп, Радовиш – Борец и Охрид – Пролет. Во првиот натпревар од колото Пелистер го победи Металург 2 со 40:31.

Табела: Металург 48 бодови, Охрид 36, Работнички 33, Прилеп 30, Пелистер 21, Вардар Јуниор 21, Пролет 18, Радовиш 18, Борец 16, Металург 2 1 бод.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Високи температури уште на почетокот од летото, викендов уште потопло

Топлотен бран во дел од Европа а високи летни температури уште на самиот старт од летото има и кај нас. 

Високи температури уште на почетокот од летото, викендов уште потопло

Сува и на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка ќе ја зафати територијата на Македонија во претстојните неколку дена, а стрелката на термометарот највисоко се очекува да се искачи за време на викендот, до 39 степени. Од УХМР разладување најавуваат дури за в среда. Ув индексот викендов ќе има многу висока вредност и ќе изнесува вредност 9.

A кога термометарот ќе надмине 40 степени, првата мисла ни е како да го заштитиме телото. Купуваме вода, бараме сенка и се криеме во климатизирани простории. Но, додека физичките последици како дехидратација и сончаница се видливи, лекарите предупредуваат на една подеднакво опасна, но невидлива закана. Екстремно топлото време, освен на физичкото, остава сериозни последици и врз менталното здравје на луѓето. Психологот Мирјана Јовановска Стојановска вели дека граѓаните веќе знаат дека треба да бидат хидрирани и да престојуваат во разладени простории, но предупредува дека недостатокот на електролити има голема улога во појавата на анксиозна состојба.

Според објаснувањата на лекарите, топлото време и високите температури директно го зголемуваат нивото на стрес, раздразливост и анксиозност, бидејќи телото вложува дополнителен напор за да се олади, што пак го нарушува сонот и рамнотежата на хемикалиите во мозокот. Како последица на високите температури очекувани појави се нарушен сон, зголемена агресија, пад на концентрација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поради превенција, од 1 јули ќе биде прогласена кризна состојба, на готовс сите институции и расположиви ресурси

Од 1 јули заради опасноста и превенција од можни пожари во земјава на сила стапува кризна состојба, со што сите ресположливи ресурсси и институции ќе бидат на готовс.. 

Поради превенција, од 1 јули ќе биде прогласена кризна состојба, на готовс сите институции и расположиви ресурси

„Подготвени сме како никогаш досега, и организациски и оперативно за борбата со евентуалните пожари летово“ – вели за Канал 5 директорот на ДЗС Стојанче Ангелов, кој посочи дека од први јули, со владина одлука, на сила стапува кризна состојба, со цел брза и координирана реакција на институциите, оти влегуваме во сезоната на опасност од пожари. Ангелов додава дека во наредните неколку дена и претседателката Силјановска-Давкова ќе издаде наредба на армијата да биде на готовс, за истата да биде подготвена за учество во гаснење при исклучително сериозни ситуациии.

„Владата го прифати предлогот на управувачкиот комитет и кризната состојба ќе почне да тече од први јули ова лето. Тоа значи, од оној организациски аспект, од аспект на можност за брза реакција, ставање во функција на било кој државен ресурс ние ќе бидеме подготвени, бидејќи минатите години губевме време и во овој дел. Значи ние треба да чекаме да почне да гори за да прогласиме кризна состојба, сум се обидел и порано ова да го наметнам, но од минатата година навистина забележувам голема промена во овој дел.“

Дирекцијата, уверува Ангелов, по неколку години ги има целосно подготвени ресурсите за гаснење и од небо и од земја. Трите ер-трактори се сервисирани и на располагање на тројцата пилоти. Специјалните возила на ДЗС, кои се околу 40тина, можат да дејствуваат веднаш ако има неопходност, а во моментов се работи на дорегрутација на возачите и операторите за нив. Сепак, клучен фактор во справувањето, но и избегнувањето на пожарите се и граѓаните, кои мора да бидат исклучително внимателни, а кои во изминативе години покажале висока свесност, наспроти подметнувачите.

„Бројот на несовесни граѓани би го измерил во промили, значи од 1000 можеби еден, а можеби и помалку, затоа што, ако ние минатото лето имавме нешто повеќе од 3000 пожари, значи имаме 3.000 причинители, дел од нив ако биле удар од гром, електрични уреди и т.н., ако земеме предвид дека еден сторител можеби намерно предизвикал десетина или повеќе пожари, сепак доаѓаме до една мала бројка на граѓани кои со своето несовесно поведение или уште полошо, намерно предизвикале пожар.“

Во претстојните години Ангелов вели дека главен фокус е зголемувањето на бројот на ер-тракторите, барем уште три, а воедно и да се ангажираат дополнителни пет пилоти, на чиј евентуален ангажман веќе се работи.

Според искуствата од минатите години, најкритичните пожари се палеа околу половината на јули, а рекордот во 2025 година беа 44 пожари во еден ден, односно, 66 пожари годината претходно.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МП: Се финализираат измените на Изборниот законик

Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа  единаесетта  седница на која беа разгледани преостанатите отворени прашања и предлози за измени и дополнувања на Изборниот законик.

МП: Се финализираат измените на Изборниот законик

Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа единаесетта седница на која беа разгледани преостанатите отворени прашања и предлози за измени и дополнувања на Изборниот законик, во насока на исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР .

Членовите на Работната група разменија мислења по доставените предлози од политичките партии , при што беше констатирано дека значителен дел од решенијата се усогласени и има висок степен на консензус.

Политичките партии во текот на утрешниот ден по електронски пат треба да се произјаснат за одредени предлози по што се очекува да се подготви законското решение кое ќе произлегува од усогласените решенија и ќе се достави во понатамошна процедура, соопштуваат од МИнистерството за правда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер