Работнички домаќин на Пелистер во дербито на ПМФЛ - Канал 5

Работнички домаќин на Пелистер во дербито на ПМФЛ

Екипата на Работнички ќе го пречека битолски Пелистер во дерби натпреварот од 31.коло на Првата македонска фудбалска лига.

Работнички домаќин на Пелистер во дербито на ПМФЛ
Ова е дуел на трето и четврто пласираните екипи на табелата кои се во трка за место кое носи пласман за излез на европската сцена следната сезона.
Натпреварот ќе се игра на арената „Филип Втори“, а ќе започне во терминот од 16 часот, за кога е закажан и стартот на останатите четири средби во кои ќе играат:

Ренова – Шкупи,
Победа – Шкендија,
Македонија ЃП – Силекс и
Брегалница – Вардар.

Табела: Вардар 71 бодови, Шкендија 59, Работнички 48, Пелистер 44, Ренова 42, Силекс 39, Шкупи 33, Победа 26, Брегалница 20, Македонија ЃП 19.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАТО и Пентагон денес разговараат за можно повлекување на американските трупи од Европа

Сојузниците од НАТО денеска ќе разговараат за американската ревизија на бројноста на војниците во Европа со Елбриџ Колби, шефот за стратегија во Пентагон. 

НАТО и Пентагон денес разговараат за можно повлекување на американските трупи од Европа

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека очекува појасни детали во врска со можното повлекување во текот на следните неколку недели, пренесува Ројтерс.

Дискусијата се однесува на шестмесечна ревизија, иницирана во јуни од страна на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет. Во тоа време, Хегсет предупреди дека САД би можеле да задржат дел од своите придонеси кон НАТО, доколку сојузниците кои не инвестираат доволно во одбраната не ги исполнат своите обврски.

Иако Хегсет експлицитно не наведе дека ревизијата би можела да доведе до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани во Европа, тој нагласи дека целта е да се поттикне поголем ангажман од европскиот континент, со што на американската војска би ѝ се овозможило да се фокусира на своите глобални обврски.

„Очекуваме промени во бројноста на војниците, но сè уште немаме ништо конкретно“, изјави Писториус пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел, на кој ќе присуствува и Колби за време на работниот ручек. Писториус додаде дека до промена во распоредувањето на конвенционалните сили ќе дојдеше без оглед на тоа кој е претседател на САД, бидејќи тоа е резултат на зголемениот фокус на Америка врз регионот на Индо-Пацификот. Во Германија се стационирани околу 35.000 американски војници – што претставува најголем контингент во Европа – а резултатите од извршената анализа се очекува да бидат претставени пред Божиќ.

Европски воени извори проценуваат дека Вашингтон би можел да премести една бригада – односно околу 5.000 војници – од Германија во Азија или поблиску до источното крило на НАТО, во Полска. Писториус нагласи дека целта на разговорите со Вашингтон е да се координираат дејствијата, со цел да се избегнат опасни празнини во европската одбрана што би можеле да настанат како последица на повлекувањето на американските сили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со испитување на економски вештак, продолжи судењето за случајот „Државна лотарија“

Со вкрстено испитување на економскиот вештак Анита Поповска во Кривичниот суд Скопје продолжи судскиот процес за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра. 

Со испитување на економски вештак, продолжи судењето за случајот „Државна лотарија“

Вештото лице одговараше на прашањ на бранителот на второобвинетиот, поранешен прв вицепремиер Артан Груби, а во најголемиот дел од одговорите таа реагираше до судијата дека од неа се бара да вади правни заклучоци или да одговара на прашања надвор од она што е напишано во вештачењето.

Поповска одговараше и за тоа каква била улогата на Министерството за финансии, во делот на спорната набавка на ВЛТ апарати за државна лотарија, на што пред судот кажа дека Министерството изготвило мислење, но имало само административна улога.

Покрај Груби, обвинети за случајот со проневери во државна лотарија, се уште и Перпарим Бајрами, поранешниот прв човек на Државна Лотарија, поранешниот генерален секретар на Владата Методија Димовски, како и уште 5 лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пред половина век, „Porsche“ имаше амбициозен план: Да направи автомобил што нема да се расипува

„Porsche FLA“ имаше 74 коњски сили и предвиден животен век од 300.000 километри.

Пред половина век, „Porsche“ имаше амбициозен план: Да направи автомобил што нема да се расипува

Со текот на времето, автомобилите се абат и завршуваат на отпад. Сепак, пред повеќе од половина век, „Porsche“ веќе истражуваше начини како да им го продолжи работниот век.

Еден од најневообичаените резултати од ова истражување беше концептот „Forschungsprojekt Langzeitauto (FLA)“, претставен во 1973 година.

Проектот беше инициран по студијата од 1972 година насловена „Границите на растот“ (The Limits to Growth).

Студијата го предупреди светот за ограничените природни ресурси и последиците од неконтролираниот индустриски развој.

Со поддршка на германското Сојузно министерство за истражување и технологија, „Porsche“ разви автомобил дизајниран да помине најмалку 300.000 километри и да трае 20 години.

Тоа беше приближно двојно повеќе од очекуваниот животен век на еден просечен автомобил во тоа време.

Интерно означен како „Type 1989“, моделот „FLA“ беше претставен на Саемот за автомобили во Франкфурт во 1973 година, иако никогаш не беше наменет за масовно производство.

Издржливост пред перформанси

„FLA“ изгледаше сосема поинаку од спортските автомобили по кои „Porsche“ беше познат.

Имаше компактни димензии на мал семеен автомобил и необична, делумно отворена структура која ја откриваше неговата основна конструкција.

Инженерите ставија посебен акцент на заштитата од корозија и долгорочната издржливост. Каросеријата вклучуваше алуминиум и нерѓосувачки челик, додека вратите поседуваа заштита од странични удари.

Меѓу значајните карактеристики беа стаклото отпорно на гребење, електричните контакти обложени со сребро, акумулаторот што не бара одржување и модуларниот електричен систем дизајниран да ги поедностави идните поправки.

Поголемите резервоари за масло и филтрите беа наменети за намалување на абењето и продолжување на интервалите за сервисирање.

Мотор со 74 коњски сили и автоматски менувач

За погон беше избран 2,5-литарски, четирицилиндричен „боксер“ мотор со воздушно ладење, поставен зад задните седишта. Развиваше моќност од само 74 коњски сили, со максимален број на вртежи на моторот од 4.000 во минута.

Моторот беше поврзан со автоматски менувач со три брзини. Скромната моќност беше намерна: целта беше да се намали механичкото оптоварување и да се продолжи животниот век и на моторот и на менувачот.

Според проценките на „Porsche“, сериската верзија би чинела околу 30 проценти повеќе од типичен автомобил од тоа време, но за возврат, би траела двојно подолго.

Сепак, една идеја сепак стигна до сериско производство

Иако „FLA“ никогаш не стана сериски модел, истражувањето не беше залудно.

Едно од најзначајните решенија беше примената на топло поцинкување за заштита на каросеријата.

Почнувајќи од 1975 година, „Porsche“ почна да користи поцинкувани каросериски панели за моделот „911“, со што значително се подобри неговата отпорност на корозија. Подоцна беше воведена и шестгодишна гаранција за каросеријата.

Интересно е што уште во 1967 година, „Porsche“ експериментираше со каросерија од нерѓосувачки челик за моделот „911 S“.

Повеќе од пет децении подоцна, идеите промовирани преку „FLA“ повторно станаа актуелни: зачувување на ресурсите, рециклирање, полесно поправање и продолжување на животниот век на автомобилите.

Во 1994 година, „Porsche“ претстави уште еден необичен концепт – „C88“, едноставен и достапен седан развиен за кинескиот пазар.

Наместо култниот амблем на „Porsche“, автомобилот имаше специјално дизајниран знак на кој беше прикажано тричлено семејство. И овој проект, исто така, никогаш не стигна до сериско производство.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер