Реакција на Славјанка Петровска за случајот со Сара од Охрид: Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?
2Реакција на Славјанка Петровска за случајот со Сара од Охрид: Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
СветРаботничката партија на Курдистан објави дека се повлекува од Турција како дел од процесот на разоружувањеРаботничката партија на Курдистан (ПКК) денеска објави дека ги повлекува сите свои сили од Турција во северен Ирак, а воедно ја повика Анкара да преземе „веднаш“ законски мерки за да го спаси мировниот процес што започна пред една година.„Спроведуваме повлекување на сите наши сили од внатрешноста на Турција“, се вели во соопштението на ПКК прочитано на церемонија во северен Ирак. Во исто време, движењето објави фотографија на која се прикажани 25 борци, меѓу кои и осум жени, кои веќе се наоѓаат во северен Ирак по повлекувањето од Турција. Како резултат на индиректните преговори што започнаа во октомври 2024 година, ПКК, која Анкара ја смета за терористичка организација, објави дека се распушта во мај како одговор на повикот за тоа од нејзиниот историски лидер Абдула Оџалан по повеќе од 40 години борба против турските сили. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вели дека насилството убило 50.000 луѓе, вклучувајќи 2.000 војници. Исто така, ја чинеше турската економија милијарди долари. ПКК, чиј лидер е во затвор од 1999 година, денеска ја повика Турција да преземе неопходни законски мерки за да го продолжи мировниот процес и да им овозможи на нејзините борци и поддржувачи да се интегрираат во политичкиот живот. Владејачката партија во Турција ги поздрави „конкретните резултати“ од работата на владата за ослободување на земјата од тероризам.Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПогоден Кримскиот мост, сообраќајот со ограничувањеУкраина го погоди мостот што ја поврзува Русија со полуостровот Крим преку Керченскиот теснец, што доведе до ограничување на сообраќајот, изјави Сергеј Аксјонов, гувернерот на полуостровот поставен од Русија. Најдолгиот мост во Европа ја поврзува Русија со Крим, кој Москва го анектираше од Украина во 2014 година. Тој се смета за еден од најзначајните инфраструктурни проекти на рускиот претседател Владимир Путин. Во објава на „Телеграм“, Аксјонов не наведе детали за штетата, но изјави дека сообраќајот преку мостот ќе биде ограничен до денеска напладне. Каналот на „Телеграм“ „Кримски ветар“ (Crimean Wind), повикувајќи се на информации од своите следбеници, објави дека еден од сводовите – под кој поминуваат бродови – бил погоден во 5:38 часот по локално време. 🚨 BREAKING: Ukrainian forces strike the Crimean Bridge Traffic across the bridge has been restricted until midday. The attack was reported by Russian-installed Crimean leader Sergey Aksyonov. — NEXTA (@nexta_tv) November 16, 2026 Во моментов се проценува обемот на штетата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРеакција на Славјанка Петровска за случајот со Сара од Охрид: Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?Во продолжение Ви доставуваме реакција на пратеничката Славјанка Петровска за постапувањето на институциите во случајот со Сара од Охрид. Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност? Бесна сум што повторно едно семејство мора јавно да бара заштита, додека нивната ќерка закрепнува од брутално насилство. СВР Охрид поднесе кривична пријава за тешка телесна повреда. Барам одговор: дали се проверени и документирани наводите на семејството дека осомничениот мислел дека Сара е мртва и барал начин да се ослободи од нејзиното тело? Дали се испитани сите околности што би упатувале на обид за убиство? Тоа што Сара преживеала не смее да биде изговор за потценување на нападот. Обвинителството мора да одговори дали побарало притвор. Ако не побарало, зошто? Ако побарало, судот треба да објасни зошто определил други мерки. Кој ја проценил опасноста од повторен напад и како се проверува почитувањето на забраната за приближување и контактирање? Го повикувам министерот Панче Тошковски да наложи итна проверка на постапувањето на СВР Охрид и да ги објави резултатите. Наводите на семејството за влијание врз постапката и медицинската документација мора да бидат темелно испитани. Дали осомничениот добива повластен третман како син на „локални шерифи“? Дали некој се јавувал, посредувал или вршел притисок? Ако се утврди дека некој ја злоупотребил функцијата за да заштити осомничен, мора да одговара. Без оглед чие дете е и кој стои зад него. На Сара ѝ посакувам сила и закрепнување. Таа и нејзиното семејство не смеат да бидат оставени сами да се грижат за нејзината безбедност. Нема да прифатам одговорноста повторно да исчезне зад зборот „систем“. Зад секоја пријава, проценка и одлука стојат луѓе со име, презиме и надлежност. Барам одговори и постапување сега, додека Сара може да биде заштитена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ЗабаваФото: Популарна пејачка во секси стајлинг на бината!!Популарната хрватска пејачка, Лидија Бачиќ ги покажа сите свои адути, во кожно здолниште и проѕирен горен дел, таа ја вжешти атмосферата.Хрватската пејачка Лидија Бачиќ Лиле настапи на Економски саем за сирење, мед и вргањ, а покрај со своите песни, вниманието го привлече и со својот моден избор. За настапот, таа избра кратко црно кожно мини-здолниште и проѕирен кафеав горен дел, под кој се гледаше градник во иста боја. Комбинацијата ја заокружи со црн ремен, чевли со високи потпетици и накит, додека долгата руса коса ја носеше пуштена, стилизирана во благи бранови. Пејачката и овој пат остана доследна на својот препознатлив, смел моден стил, а фотографиите од настапот брзо привлекоа внимание. Атрактивната пејачка инаку редовно ги воодушевува фановите на социјалните мрежи со фотки на кои во преден план се нејзините бујни облини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook