1Поднесено обвинение за злоупотреби против полициски службеници од Велес за случајот на Росица Коцева
2Грчката полиција потврди: Македонските служби го имаа главниот товар во истрагата за иранската мрежа
Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
2Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
МакедонијаРаботна средба на гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и претставници на членките на МБАВо просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа работна средба помеѓу гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и претставници на членките на Асоцијацијата. На состанокот, гувернерот ги претстави ставовите и предлозите на централната банка во насока на намалување на трошоците што ги сносат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги. Во своето обраќање, гувернерот истакна дека целта на иницијативата е провизиите да се постават на ниво кое ќе биде одржливо за банките, но истовремено да бидат фер и прифатливи за корисниците. При тоа Народната банка е подготвена да го направи првиот чекор во оваа насока со намалување на надоместоците што ги плаќаат банките за користење на услугите во МИПС. Истовремено очекуваат банките во најкус можен рок да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите и да ги постават на разумно ниво, односно: намалување на надоместоците за одржување на платежни сметки за правни лица, со акцент на олеснување на товарот врз малите и средни компании; укинување на надоместоците за користење електронско и мобилно банкарство; укинување на надоместоците за плаќања со платен налог во рамки на иста банка; намалување на надоместоците за меѓубанкарски плаќања во денари преку платните системи КИБС и МИПС; поедноставување и намалување на трошоците за подигнување готовина на банкомати на други банки и намалување на надоместоците што банките ги наплатуваат од трговците за прифаќање картички. Во рамки на средбата претседателката на Македонската банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова Штериева, изрази благодарност до гувернерот д-р Трајко Славески за изнесеното обраќање и ги сподели ставовите на Асоцијацијата по однос на предлозите за намалување на надоместоците за платежни услуги. Во своето излагање таа потенцираше дека цените на банкарските услуги се определуваат индивидуално од страна на секоја банка, преку органите на управување, и дека Македонската банкарска асоцијација, од своето основање до денес, никогаш не дискутирала за цените на производите или услугите како заедничка тема. „Во иднина, ќе продолжиме да дискутираме за можните насоки на дејствување, но одлуките за цените остануваат во надлежност на секоја банка поединечно“, истакна таа. Воедно, претседателката посочи дека е важно да се согледа контекстот на податоците што се објавуваат во јавноста, особено во однос на учеството на надоместоците во приходите на банките. Таа додаде дека банкарскиот сектор е меѓу најтранспарентните во земјата, обврзан да објавува точни и детални информации согласно регулативата, што не е случај со голем дел од другите сектори во економијата. „Кога правиме споредби, мора да имаме предвид дека банкарскиот сектор функционира на високо ниво на транспарентност, додека кај многу други сектори тоа не е така – податоците често се нецелосни или неточни“, нагласи Стевкова Штериева. Во однос на евентуалното намалување на одредени надоместоци, таа посочи дека станува збор за сложен процес кој бара внимателна анализа на трошоците, особено имајќи ги предвид значајните расходи што банките ги имаат, како во делот на ИТ, така и за услугите поврзани со меѓународни провајдери во областа на картичниот бизнис. „Затоа се залагаме колку што е можно повеќе услуги да се развиваат со сопствени ресурси во Македонија, што би придонело за намалување на трошоците и овозможување поповолни услови за клиентите“, додаде таа. Како еден од потенцијалите за намалување на трошоците, беше посочено и најавеното намалување на надоместокот за користење на МИПС-системот, што би можело да се транспонира во пониски трошоци за клиентите во иднина. Македонската банкарска асоцијација останува отворена за соработка и ќе делува во насока на унапредување на платежните услуги, вклучително и преку разгледување на предлозите и иницијативите изнесени од страна на гувернерот.Тагови: МБА Трајко Славески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоднесено обвинение за злоупотреби против полициски службеници од Велес за случајот на Росица КоцеваТие не постапувале соодветно по пријавите на оштетената за семејно насилство.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против девет полициски службеници од Велес за сторени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција презеде опсежни истражни дејствија со кои утврди дека обвинетите, во временскиот период од 21.02.2025 до 15.09.2025 година, со неизвршување на својата службена должност, потешко го повредиле правата на оштетената сега почината Росица Коцева, повредувајќи го нејзиното уставно загарантираното право на живот, како и правата предвидени со чл.2 и чл.3 од Европската конвенција за човекови права. Тие не постапувале соодветно по пријавите на оштетената за семејно насилство, непочитувајќи ги одредбите од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, Правилникот за начинот за процена на ризик од сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членовите од нејзиното семејство и на ризикот од повторување на насилството, Правилникот за вршење на полициските работи и Законот за полиција. Во услови кога биле изречени судски мерки за заштита на жртвата од семејно насилство, тие не постапувале по итните мерки за заштита. Исто така, дел од обвинетите прземајќи дејствија по пријава на оштетената, постапувајќи спротивно на изричните одредби од Законот за полиција, не го известиле надлежниот јавен обвинител за да добијат понатамошни насоки за постапување, а доказите ги чувале во просториите на ООК-ОКП Велес без да поведат никаква постапка.Тагови: Росица Коцева Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрчката полиција потврди: Македонските служби го имаа главниот товар во истрагата за иранската мрежаПреку добра соработка со безбедносните служби на Македонија, спречена е незаконска активност на територијата на Грција, посочи портпаролката на грчката полиција – Костандија Димоглиду .Преку добра соработка со безбедносните служби на Македонија, спречена е незаконска активност на територијата на Грција, посочи портпаролката на грчката полиција – Костандија Димоглиду за случајот во кој иранска прокси-мрежа се сомничи за подготовка на атентат врз одредено лице или терористички напад во Грција, а беше разоткриена од Агенцијата за национална безбедност и МВР. Како што потенцираше Димоглиду, истрагата, вклучително и со откриените докази во Македонија, ќе разјасни дали станува збор за атентат или пак планиран терористички чин. Идентитетот на целта на атентатот засега не го откриваат ни грчката Национална разузнавачка служба а ниту АНБ. Во меѓувреме, грчките медиуми повикувајќи се на свои извори објавуваат претпоставки за кој би можело да станува збор. Сценаријата кои преовладуваат се - грчки бизнисмен со еврејско потекло, Израелец кој работи во компанија од големи размери во Грција, или пак лице кое работело за израелски интереси во Грција. Како што вчера обелоденија од МВР четворица македонски државјани кои дејствувале на подрачјето на Скопје и Куманово, се уапсени под сомнение за соработка со иранските разузнавачки структури преку врски со иранскиот државјанин Едрис Јахангири Маванех. Уште еден осомничен е уапсен во Грција, а по шестиот се трага. Како што пишуваат грчките медиуми, едно од уапсените лица е 30 годишен маж, прогласен за непожелен во Грција по основ на националната безбедност, а кој што со македонски регистарски таблички на крајот на октомври се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција на копнената граница во Еврос.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАферата за притисоците на бугарските тајни служби врз Михаилова доби ново продолжение„ Дигни ми, затоа што сите ќе умреме уште оваа вечер“ – оваа е пораката која Ива Михаилова, по десетина повици едно-подруго му ја испратила на јутјуберот Станислав Цанов„ Дигни ми, затоа што сите ќе умреме уште оваа вечер“ – оваа е пораката која Ива Михаилова, по десетина повици едно-подруго му ја испратила на јутјуберот Станислав Цанов, како што вели тој, откако го објави аудиото на својот канал каде што, според него, таа кажува дека е под притисоци и уцени од бугарската тајна служба. Во новото видео, како што тврди јутјуберот, таа и нејзината мајка бараат од него да тргне делот од видеото каде што се споменуваат уцените од Државната агенција за национална безбедност и наводите за инструираното интервју со новинарот Мартин Карбоски, оти се загрижени за својот живот. Односно, според аудиото во видеото, тие му посочуваат дека тајната служба „ќе ги исчисти“. -Ќе не „исчистат“, верувај ми. Говорам секој ден со нив(ДАНС) и ми го кажаа тоа, тоа се условите, да не се споменуваат службите. Единствениот услов е тоа,- Кристина Михаилова – Мајка на Ива Михаилова. Цанов: Ова не е вештачка интелигенција(AI) „Ги гледав само првите неколку минути, тоа за Карбовски само ти го знаеш, не треба никаде да се споменува. Ива престани да ми ѕвониш пред да го одгледаш видеото, не се грижи. - „Не, многу сум загрижена“. Причина за загриженост треба да ти биде ако нема таков клип. Имаш причина да си загрижена ако тие третираат како што во моментот те третираат,- Ива Михаилова. Најгласните во Бугарија против ДАНС не се откажуваат од одговорност на тајната служба. Пратеникот Божидар Божанов од партијата „Да, Бугарија“ кажа дека случајот со Ива Михаилова само ја потврдува потребата од институционална реакција, против долгогодишното незаконско прислушкување, следењето на лица, притисоците и злоупотребите кои ги прави службата. Од партијата веќе го подготвиле текстот со кој од парламентот ќе бараат оформување на комисија. -Се, се разбира од страна на ДАНС дека ќе постои негирање, затоа што тие се виновниците во овој случај .Конкретниот случај е пример за нешто што е многу систематско во ДАНС и ова е злоупотреба на моќ. Значи Бугарија треба да го реши овој проблем, не само заради случајот со Ива Михаилова, туку бидејќи ова е системски проблем и ние затоа ќе побараме, не само сослушување во парламентот, не само парламентарен прашања, туку привремена комисија која проблемот ќе го разгледа длабински,- Божидар Божанов – Пратеник во парламентот на Бугарија. Во претходната објава на Цанов, наводно, Михаилова тврди дека била изложена на притисоци и уцени, воедно да возврати на она што Бугарија го сторила за нејзе и да гостува кај Карбовски, оти службите имале целосна контрола врз него и можеле да му кажат што да ја прашува. По ова се огласија и од ДАНСкои кажаа дека не вршеле влијание врз Михаилова по било која основа и дека агенцијата не треба да биде вовлекувана во политички и медиумски конфронтации. Снимките на јутјуберот ги нарекоа непотврдени, со недокажана веродостојност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45