Работна посета на министерот за култура Љутков и странски донатори на археолошкиот локалитет Стоби - Канал 5

Работна посета на министерот за култура Љутков и странски донатори на археолошкиот локалитет Стоби

Странски фондации сѐ поинтензивно инвестираат во археолошкиот локалитет Стоби, препознавајќи го како еден од најзначајните културно-историски локалитети во Македонија.

Работна посета на министерот за култура Љутков и странски донатори на археолошкиот локалитет Стоби

Во изминатите години, преку донации од Џ. М. Каплан фонд и Американскиот институт за римска култура, обезбедени се 500.000 долари за конзервација на Теодосијанската палата – еден од најрепрезентативните објекти, како и за планови за заштита и археолошки истражувања. Странските партнери, кои денеска со министерот Зоран Љутков извршија увид на терен, ја оценија соработката како успешна и најавија нови грантови и инвестиции. Дел од фондациите се поддржани и од светски познати донатори, меѓу кои и Илон Маск.

-Изборот на Стоби е примарно поради атрактивноста на локалитетот, но и поради добрата соработка со вработените во институцијата и со фондацијата „Балканско наследство“. И верувајте ми кога ви велам дека во целиот медитеран во некоја културна сфера на која што Стоби припаѓа ова е многу ретко,- Вил Рејнолдс – Џ.М Каплан фонд .

-Во најголем дел нашата фондација е финансирана од Илон Маск и тој е голем љубител на архелогијата и се надеваме дека ќе можеме оваа љубов да ја искористиме и во други проекти. Дариус.А.Арја - - директор на Американски институт за римска култура .

Паралелно, Министерството за култура и туризам учествува во финансирањето на Стоби со над 10 милиони денари за археолошки истражувања, конзервација и музејска дејност. Во рамки на инвестициите е и адаптацијата на Старата железничка станица во Центар за посетители, каде ќе бидат изложени досега невидени артефакти. Центарот се очекува да биде отворен во септември. Според директорката на НУ Стоби, Силвана Блажевска, предизвик и натаму остануваат условите за посетителите во летните месеци.

-Ќе продолжиме да работиме посветено за подобра туристичка презентација и за заштита на целиот локалитет, за да го оставиме Стоби како гордост за сегашните и идните генерации,- Зоран Љутков – министер за култура и туризам.

- Посетата е зголемена, но исто треба малку повеќе да се вложи во условите кои што секој турист ги бара. Тие да сакаат да дојдат да го посетат локалитетот, да ги видат градбите, меѓутоа исто сакаат да има место каде што ќе седнат да пијат кафе, да се освежат, поготово во лето замислете температурите не се баш пријатни за шетање,- Силвана Блажевска – директорка на НУ Стоби.

На терен се спроведуваат и останати археолошки истражувања, конзерваторски зафати и проекти за заштита на движното културно наследство. Благодарение на близината до автопатот Е-75, очекувањата се Стоби да се развие во значајна туристичка дестинација со сѐ поголем број домашни и странски посетители.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народна банка ја задржа основната каматна стапка на 4,25%, бележи повисока побарувачка на девизи

Народната банка ја задржа основната каматна стапка на нивото од 4,25% со оценка дека тоа ќе придонесе за стабилност на денарот во однос на еврото, стабилизирање на инфлацијата и зацврстување на инфлациските очекувања.

Народна банка ја задржа основната каматна стапка на 4,25%, бележи повисока побарувачка на девизи

Од централната банка посочуваат дека движењата на девизниот пазар се стабилни, при што во периодот јули ̶ август, народната банка интервенира со откуп на девизи.

„Сепак, и натаму има повисока побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, делумно како резултат и на повисоките цени на енергенсите“, велат од НБ.

Годишната стапка на инфлација се задржува на умерено ниво од 2,6%, но во август беа видливи ефектите од растот на светските цени на енергенсите врз домашната инфлација, соопшти нбрм и оцени дека сѐ уште е рано за да се потврди одржливоста на трендот на забавување на инфлацијата, особено имајќи го предвид високиот степен на неизвесност во надворешното окружување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОН во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата Стратегија

Организацијата на Обединетите нации во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата Стратегија.

ОН во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата Стратегија

Организацијата на Обединетите нации во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата Стратегија, со фокус на зајакнувањето на социјалната кохезија, инклузијата и креирањето јавни политики засновани на конкретни податоци и докази.

Ова беше во фокусот на состанокот за соработка и размена на идеи, кој се одржа во канцелариите на ОН во Скопје, на кој учествуваа претставничките Лаура Фиорото и Ардита Зекири, како и Шпенд Мурати, шеф на Кабинетот на министерот за односи меѓу заедниците, Агoн Ферати, заедно со претставниците на Министерството, Суеда Бајрами и Џелал Чајани.

За време на состанокот беа разгледани можностите за поддршка на Министерството во спроведувањето на неговата Стратегија, преку користење на истражувањата, податоците и анализите како основа за креирање и спроведување на поефективни политики. Во таа насока, акцентот беше ставен на зајакнувањето на социјалната кохезија и создавањето посилни, по инклузивни и поотпорни заедници.

Една од главните теми на разговорот беше SCORE Social Cohesion Survey, кој обезбедува значајни податоци и сознанија за факторите кои влијаат врз социјалната кохезија, односите меѓу заедниците и предизвиците со кои се соочува општеството.

На состанокот беше истакнато дека податоците и резултатите од истражувањата треба да служат како основа за конкретни активности и јавни политики. Таквиот пристап овозможува спроведувањето на Стратегијата на Министерството да биде повеќе насочено кон реалните потреби на граѓаните, да се темели на докази и да обезбедува мерливи резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дервишова: Mатичните доктори даваат поддршка за контролите во боледувањето, но бараат регионални болници

Здружението на приватни матични лекари ги поддржуваат предлозите на ФЗОМ за измени на правилата за боледување, но и поголема контрола на тие што земаат лажни боледувања. 

Дервишова: Mатичните доктори даваат поддршка за контролите во боледувањето, но бараат регионални болници

Лилија Чолакова Дервишова претседател на здружението објаснува дека и матичните лекари во фондот кажале дека се соочуваат со големи притисоци за давање на боледување.

„Има често бараат боледување за патување да се видат постарите со децата од странство. Не им даваме и одма не отпишуваат од кај тој матичен доктор. И фондот треба да провеи зошто некои пациенти често менуваат матични доктори. Ние даваме поддршка и секако има луѓе кои се болни им треба боледување и испитување на здравјето. Но треба и работодавачите да им ги исполнуваат правата на работнците со денови од одмор, со цел да не прават злоупотреби“, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова- Здружение на приватни матични лекари.

Таа објаснува дека ги разбира пациентите кои бараат боледување до седум дена за да закажат прегледи и да отидат на преглед пред се за здравственити осигуреници од вантрешноста. Каде многу често мора да заминат до болниците во Скпоје бидејќи во останатите градови или има доктори има апарати, или има апарати нема доктори. Потребно е и повеќе термини во МОЈ ТЕРМИН за прегледи.

„Мора да има регионални центри. Не може за некои испитувања само во Скопје да се оди. Луѓето навистина не може да отидат на преглед. И мора доктори специјалсти да има во регонални центри“, потенцира д-р Лилија Чолакова Дервишова -Здружение на приватни матични лекари.

Во 2025 година вкупниот број на издадени права за боледување изнесува 33.184, што претставува зголемување во однос на минатата година. Вчера директорот на Фондот посочи дека ќе се зголемат контролите кај оние што се на долги боледување и барањата се најчесто од работадавачите. Само за август исплатени се 623 милиони денари, од кои 414 милиони се за трудничко боледување, посочи првиот човек на фонодот Златко Перински.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер