Работилница за состојбата со илегалните мигранти и баратели на азил

Состојбите и предизвиците со илегалните мигранти и баратели на азил е тема на денешната работилница што ќе се одржи во Скопје.


Работилницата ќе ја отворат народниот правобранител Иџет Мемети, советник министерот и шеф на секцијата за политика, правда, внатрешни работи, информации и комуникации, заменик шеф на мисијата на Европската унија Роберт Лидел и амбасадорот на Австрија, Томас Мајкл Бајер.

На тема „Ситуацијата со илегалните мигранти и баратели на азил од аспект на борбата против тортура и малтретирањето“ ќе говорат Мориц Бирк и Тифани Критин од „Лудвиг Болцман Институтот за човекови права, а за „Ситуацијата и предизвиците со илегалните мигранти и баратели на азил во Репблика Македонија“ ќе говори Аница Томшиќ Стојковска од канцеларијата на Народниот правобранител-Национален превентивен механизам.
На работилницата ќе учествуваат и претставници од канцеларијата на австрискиот омбудсман борд, од СПТ , УНХЦР, како и претставници од министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика.

Работилницата е во рамките на Твининг проектот насловен како „Промоција на надлежностите на народниот правобранител и јакнење на институционалните капацитети“, кој Народниот правобранител го спроведува во соработка со канцеларијата на Австрискиот омбудсман борд и „Лудвиг Боцман Институтот за човекови права“.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

Ново реално шоу - „Диетално Максимално“

Денеска во 16:00 часот започнува ново реално шоу - „Диетално Максимално“.

Емисија во која ќе се одберат пет кандидати, со цел да го променат својот животен стил. Целта е да стасаат до посакуваната тежина и да го променат својот изглед.

Забава, спорт, здравје и вкусни рецепти ќе бидат на менито секој ден.

Си денеска на средби со Макрон и Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на државната посета на Франција денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, како и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Си вчера пристигна во Париз, а од Пекинг претходно беше најавено дека за време на петдневната турнеја низ Европа, покрај Франција, ќе ги посети и Србија и Унгарија.

Ова е прва посета на кинески лидер на Европа во последните пет години.

притисни ентер