Работилница за гитара со Влатко Стефановски од 24-ти до 26 јуни во Крушево - Канал 5

Работилница за гитара со Влатко Стефановски од 24-ти до 26 јуни во Крушево

Од 24-ти до 26 јуни во Спомен-домот на Тоше Проески во Крушево ќе се одржува работилница за гитара која ќе ја води врвниот гитарист Влатко Стефановски. Курсот е бесплатен за сите кои сакаат да научат повеќе за свирењето гитара.

Работилница за гитара со Влатко Стефановски од 24-ти до 26 јуни во Крушево
Работилницата е проект од програмата на Владата на РМ и ќе ја организира продукцијата „Трето уво“. Во план е секоја година да се организираат музички работилници за различни видови инструменти под менторство на афирмирани музичари.

Пријавувањето за првата работилница во Крушево почнува уште денеска и ќе трае еден месец. Заинтересираните може да пополнат апликација поставена на веб-страницата www.krusevoworkshop.mk, каде што се наведени и условите за учество. Нема ограничувања во однос на возраста, важен е нивниот ентузијазам и желбата да свират гитара. На сите кандидати ќе им се одговори дали се примени или не на работилницата.

Министерката Елизабета Канческа-Милевска на прес-конференција истакна дека работилниците ќе овозможат Спомен-домот на Тоше да стане регионален центар за млади музичари од цела Југоисточна Европа, каде долгорочно музички ќе се усовршуваат и едуцираат млади музичари.

- Младите музичари ќе имаат можност три дена да работат со својот ментор, а резултатите од нивната заедничка работа ќе бидат презентирани на завршен концерт кој ќе се одржи на платото пред Спомен-домот каде младите гитаристи ќе имаат можност да настапат заедно со Влатко Стефановски. Сето она што ќе се случува на работилниците ќе биде регистрирано со најпрофесионална опрема, а од снимениот материјал ќе биде изработен и документарен филм, рече Канческа-Милевска.

Влатко Стефановски истакна дека идејата ја прифатил без да размислува затоа што ова му е прва покана во Македонија, по голем број одржани мастер-класи низ светот - во Лос Анџелес, Лондон, Париз, Ново Место во Словенија, Белград, Загреб... Задоволство му е и што тоа ќе биде Крушево со кое, како што рече, е емотивно и професионално врзан, зашто често го посетувал, а таму настанал и неговиот албум „Крушево“.

Стефановски нагласи и дека е значајно што курсот е бесплатен, што не е случај во светот каде се плаќа и мошне висока цена за учество.

- Во тинејџерските години кога учев гитара, вакво нешто беше невозможно, барем не во средината каде што јас живеев. Ова е пружање шанса. Не мора да се професионални гитаристи, ниту аматери, може да се ентузијасти кои сакаат гитарска музика, да дојдат и да слушаат нешто што е интересно и не можат да го слушнат секој ден. Таа отвореност на овој проект е она што најмногу ми се допаѓа. Сите се добредојдени, додаде Стефановски.

Извршниот продуцент на работилницата, Иво Јанковски од „Трето уво“, искажа задоволство и чест што повторно соработува со својот добар пријател и долгогодишен соработник.

- Кога зборувавме со Министерството за култура, првата помисла за музичар со кого треба да се стартува веднаш беше Влатко, зашто со своите гитарски перформанси, тој е еден и единствен, а ако погледнеме географски, од Париз до Истанбул мислам дека е гитарист без некоја посериозна конкуренција. Неговата исклучителна виртуозност е прифатена и од критиката и од публиката со огромен респект поздравена насекаде во светот. Тој е идол на сите млади гитаристи, не само во ЈИЕ, туку и пошироко, истакна Јанковски. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукотница во близина на Европскиот парламент: Едно лице загина, полицаец е застрелан во глава

Во пукотница во близина на зградата на Европскиот парламент во Брисел рано утрово загина едно лице, потврди канцеларијата на белгискиот обвинител.

Пукотница во близина на Европскиот парламент: Едно лице загина, полицаец е застрелан во глава

Пукањето се случило во населбата Иксел, а нема дополнителни информации за околностите на инцидентот, објавува „Бруселс тајмс“.

Во исто време, во бриселското предградие Зет се случи уште една пукотница, во која полицаец бил застрелан во главата додека се обидувал да запре украдено возило.

Осомничениот подоцна бил уапсен во специјална полициска операција, а кај него биле пронајдени три оружја.

Сè уште не е утврдено дали двата инцидента се поврзани.

Белгискиот министер за внатрешни работи, Бернар Квинтин, се огласи за смртта на полицаецот и рече дека е длабоко потресен од трагедијата. Тој изјави дека обвинителството спроведува истрага и дека одговорните ќе се соочат со полната сила на законот.

Во врска со двата случаи, обвинителството треба да одржи прес-конференција попладнево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украина со огромни чекори ита кон ЕУ- отворија четири од шест преговарачки кластери

Украина денеска направи нов чекор кон членството во ЕУ.

Украина со огромни чекори ита кон ЕУ- отворија четири од шест преговарачки кластери

Уште два преговарачки кластери беа отворени на меѓувладината конференција во Луксембург, откако Унгарија ја укина блокадата за нивно отворање. Ова значи дека Украина отвори четири од шесте кластери во преговорите за пристапување кон ЕУ, објави Индекс.

Овие кластери го опфаќаат внатрешниот пазар и конкурентноста и инклузивниот раст. Тие се исто така двата најголеми преговарачки кластери во однос на бројот на области што ги опфаќаат.

Отворањето на новите кластери ѝ овозможува на Украина да продолжи со преговорите за усогласување на своето законодавство со правилата на ЕУ. Сепак, тоа не значи дека земјата веќе ги исполнила сите услови за членство.

Унгарија ја укина блокадата по потегот на Украина

Напредокот во преговорите дојде откако украинскиот парламент вчера усвои измени на законот за образование со кои се зајакнува заштитата на правата на националните малцинства, вклучително и унгарското малцинство.

Заштитата на правата на Унгарците што живеат во Украина беше едно од главните барања на Будимпешта, која затоа со месеци го блокираше отворањето на нови преговарачки кластери.

Унгарија минатата недела се согласи да дозволи постапката да продолжи, со очекување дека украинскиот парламент ќе ги усвои договорените законски измени.

Вчера, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ѝ се заблагодари на Будимпешта за, како што рече, конструктивниот пристап по разговорот со унгарската министерка за надворешни работи Анита Орбан.

Во исто време, тој нагласи дека украинскиот парламент ги прифатил промените во образовното законодавство, кои ги хармонизираат правата на националните малцинства со европските стандарди.

Украина сега отвори четири од шесте кластери

Украина официјално ги започна преговорите за членство во ЕУ во јуни 2024 година.

Првиот преговарачки кластер, кој опфаќа фундаментални прашања како што се владеењето на правото, судството и функционирањето на демократските институции, беше отворен во јуни оваа година. Во јули беше отворен кластерот за надворешни односи.

Со денешното отворање на уште два кластера, на Украина ѝ остануваат само два да отвори: зелена агенда и одржлива поврзаност и ресурси, земјоделство и кохезија.

Европската комисија и Ирска, која моментално претседава со Советот на ЕУ, сакаат преостанатите кластери да се отворат до крајот на 2026 година.

Земјоделството може да биде најголемиот проблем

Иако Украина сега ги отвори повеќето преговарачки кластери, некои од најтешките разговори допрва треба да дојдат. Земјоделството ќе биде особено чувствително прашање.

Украина има големи земјоделски површини и е еден од важните светски извозници на жито и други земјоделски производи.

Некои земји-членки на ЕУ стравуваат дека влезот на Украина би можел да ја зголеми конкуренцијата за нивните земјоделци и да ја промени распределбата на европските субвенции.

Ова е особено важно бидејќи голем дел од европскиот буџет е наменет за Заедничката земјоделска политика.

На почетокот на октомври, Европската комисија презентираше предлози за прилагодување на европските политики кон идното проширување на Унијата, вклучувајќи и посебни решенија за чувствителни земјоделски производи од Украина.

Еврокомесар: Мора да ги заштитиме и европските земјоделци

Европската комесарка за проширување, Марта Кос, изјави за „Киев Индепендент“ дека за време на преговорите ќе се бараат решенија за земјоделството, земајќи ги предвид интересите на двете страни.

Според неа, целта е истовремено да се заштитат европските земјоделци и да се овозможи Украина да продолжи да извезува земјоделски производи, со постепено прифаќање на стандардите на Европската унија.

Таа нагласи дека специфични решенија би можеле да се дефинираат во договорот за пристапување, документ што се подготвува во последната фаза од преговорите.

Ова значи дека прашањето за украинското земјоделство не мора да го спречи отворањето на преостанатите преговарачки кластери, иако конечните услови за членство ќе бараат согласност од сите земји-членки.

И Молдавија напредува кон членство

Во последните години, Украина и Молдавија најмногу напредуваа заедно низ процесот на пристапување кон Европската Унија.

Молдавија, исто така, ги отвори првите два преговарачки кластери во јуни и јули оваа година, а се очекува денес да отвори уште два во Луксембург, еднакви на оние што ги отвори Украина.

Двете земји аплицираа за членство откако руската инвазија на Украина започна во 2022 година.

Иако отворањето на четири од шесте кластери е важен чекор, тоа не значи дека членството на Украина е близу до завршување. За да се приклучат, тие ќе мора да ги исполнат сите договорени услови, да ги затворат поглавјата од преговорите и да добијат согласност од земјите-членки на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најтешка епидемија на ебола во историјата на Конго- починал секој втор заразен

Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надмина 9.000, а 4.381 лица починаа како резултат на болеста. 

Најтешка епидемија на ебола во историјата на Конго- починал секој втор заразен

Според податоците објавени од Конгоанскиот институт за јавно здравје, вкупниот број на заразени достигна 9.066. Интервентните тимови на терен се обидуваат да го забават ширењето на инфекцијата во неколку активни жаришта, пишува Ројтерс.

Тековната епидемија, предизвикана од сојот Бундибугио, беше прогласена во мај. Во меѓувреме, таа стана најголемата и најсмртоносна во историјата на Конго, надминувајќи ја онаа што траеше од 2018 до 2020 година. Во моментов нема одобрени вакцини или докажани третмани за овој сој на вирусот.

Втора најлоша епидемија во светот

Според податоците од Светската здравствена организација, ова е втората најлоша епидемија на ебола на глобално ниво. Единствената друга епидемија што беше посериозна беше во Западна Африка од 2014 до 2016 година, кога повеќе од 28.600 луѓе беа заразени во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, а повеќе од 11.000 починаа.

Болеста се прошири надвор од границите на Конго. Уганда регистрираше 20 случаи и два смртни случаи претходно оваа година, но беше прогласена за слободна од ебола во август. Кенија, исто така, го потврди својот прв увезен случај минатата недела. Станува збор за кениски државјанин кој патувал од Конго преку Уганда и подоцна починал во Најроби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер