Работата на Комисијата за историски прашања далеку од очите на македонската јавност - Канал 5

Работата на Комисијата за историски прашања далеку од очите на македонската јавност

По 8 години работа и 38 средби се уште сме заглавени во 11-тиот век, вели првиот човек на бугарскиот тим историчари, Ангел Димитров, сумирајќи ја работата на Комисијата за историски и образовни прашања.

Работата на Комисијата за историски прашања далеку од очите на македонската јавност

По 8 години работа и 38 средби се уште сме заглавени во 11-тиот век, вели првиот човек на бугарскиот тим историчари, Ангел Димитров, сумирајќи ја работата на Комисијата за историски и образовни прашања, чија последен состанок се одржа минатата недела. Во интервју за БНТ, Димитров Комисијата ја оцени како еден вид алиби за како што вели, комплицираните односи меѓу Скопје и Софија. Причината за тапкањето во место ја лоцира кај македонските колеги, кои не сакале да го прифатат терминот „заедничка историја“. Како пример ја наведе темата Охридска архиепископија, за која посочува, македонската страна не сакала да чуе дека е континуитет за Бугарската патријаршија.

-До каде стигна Комисијата, г-не Димитров? –Најкраткиот одговор е до никаде. Ќе употребам еден повнимателен израз, ќе кажам стагнација, односно застој, и го користам тоа, затоа што тоа е и целокупната состојба на државата таму. Тоа е нашто што е констатирано во извештајот таму и нешто кое воопшто не го мачи државното раководство таму. Причината за блокирање на работата на комисијата е неподготвеноста на нашите колеги, во овој случај, тие целосно ја следат политичката линија на државата и доктрината за Македонизмот, а да не се зборува дека постои заедничка историја. , изјави Ангел Димитров, претседател на бугарскиот тим историчари.

На последниот состанок меѓу историчарите се одржа минатата недела во Скопје, македонскиот тим им ги доставила на бугарската страна новите учебници за историја и општество за V и VI одделение. Прашан дали и бугарската страна ги доставила своите учебници на македонските колеги, претседателот на македонскиот тим, Ванчо Ѓорѓиев за Канал 5 само рече дека тие располагале со сите бугарски учебници. Во однос на обвинувањата на Димитров, за причините за застој во работата вели тие како Комисија ќе останат доследни на досегашните принципи.

-Ставот на македонскиот тим историчари е дека ниту досега, ниту во иднина нема да коментира политички ставови од тимот историчари на источниот сосед за да не се претвори работата на комисијата во риалити шоу. вели Ванчо Ѓорѓиев, претседател на македонскиот тим историчари.

Следната средба на Комисијата е закажана за средината на декември. Една година таа работи со нов состав во македонскиот тим, обновен по промената на власта.

Претходниот состав усвои препораки за заедничко чествување на пет историски ликови – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто оделение во Македонија и за пети клас во Бугарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

85 милиони евра за реновирање на студентските домови, ќе штедат 56 отсто енергија

„Стив Наумов“ наскоро ќе ги отвори вратите за студентите, додека посложената реконструкција на „Кузман Јосифовски-Питу“ треба да заврши до крајот на годинава. 

85 милиони евра за реновирање на студентските домови, ќе штедат 56 отсто енергија

Во „Кузман“ било утврдено дека зајакнувањата направени по скопскиот земјотрес не ги исполнуваат денешните стандарди, поради што била потребна дополнителна санација на конструкцијата. По реконструкцијата, домот ќе има капацитет за околу 280 студенти, сместени во еднокреветни соби со нов мебел, греење и ладење. Овие два скопски дома се првата фаза од поширокиот проект, кој до 2031 година треба да опфати девет студентски домови, шест ресурсни центри и еден ученички дом во седум града. Подобри услови треба да добијат повеќе од пет илјади студенти и ученици. За преостанатите седум студентски домови тендерите се во завршна фаза, а наскоро треба да започне реконструкцијата и на „Никола Карев“ во Охрид.

Расположливиот буџет изнесува над 80 милиони евра. Од нив, 60 милиони се заеми од германската развојна банка, повеќе од 21 милион се неповратни средства од Европската Унија, а 3,85 милиони евра обезбедува Министерството за образование и наука. Од ЕУ и и развојната банка објаснуваат дека комбинирањето на грантовите со заемите го прави финансирањето поповолно за државата. Со реконструкцијата и помалата потрошувачка на енергија оченувањата се да се создат заштеди што ќе помогнат во отплатата на заемите.

По обновата, потребата за енергија во домовите треба просечно да се намали за 56 проценти, а емисиите на јаглерод диоксид за 49 проценти. Четири од домовите – во Охрид, Прилеп и Штип, како и „Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје , ќе се реконструираат според повисок стандард, близу до објекти со речиси нулта потрошувачка на енергија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пуштена во употреба реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија

Неврофизиологија доби нов лик – подобри услови за пациентите и посовремена работна средина за медицинскиот персонал. 

Пуштена во употреба реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија

Внатрешниот дел е целосно реновиран, а обновата продолжува во втора фаза со реконструкција на фасадата и кровот.

Со вкупно 20 болнички легла, од Клиниката велат дека се зголемуваат капацитетите за хоспитализација и се подобруваат условите за третман на пациентите.

Новина е и Кабинетот за когнитивна стимулација, кој треба да овозможи нов пристап во работата со пациентите со деменција.

Директорот Јован Божиновски најавува и набавка на апарат за магнетна резонанца, како еден од приоритетите на Клиниката.

Но, инвестициите не се насочени само кон просторот и опремата. Од Клиниката велат дека во изминатиот период е зајакнат и медицинскиот кадар.

Ангажирани се нови лекари и друг медицински персонал, а 25 млади здравствени работници одлучиле својата професионална иднина да ја продолжат во земјава и да придонесуваат во домашното здравство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали е потребно „сеопфатно сексуално образование“ во средните училишта?

Бројката од 300 ученици кои сами избрале да посетуваат сексулано образование како изборен предмет во средните училишта покажува дека младите имаат потреба и интерес за темите кои се важни за нивното здравје, заштита. 

Дали е потребно „сеопфатно сексуално образование“ во средните училишта?

Училиштето е најдоброто место овие знаења да бидат достапни за младите со обучен кадар. Повлекувањето на Сексуалното образование нема да ги тргне ризиците од добивање на информации кои можат да им наштетат на младите луѓе, велат од ХЕРА.

Професорот Глигор Тофоски објаснува дека сексуалното обрзование е повеќе од потребно како гинеколог посочува дека бременоста кај малолетни девојчиња е зголемна, тука се и сексуалните пренослови болести, но и се поголемото врсничко насилство. Истражувањата покажале дека децата се информираат меѓу себе од она што го виделе и слушнале од интренет.

Сексуалното образовние се повлече од наставните содржини, по барање на јавноста. Министерката за образование Весна Јаневска објасни дека Бирото за развој мора да го разгледа целиот предмет. Повлекувањето доаѓа откако епископот Јаков преку писмо и се обрати на министерката Јаневска повикува на раѓање на повеќе деца, а од друга страна потпишува образовни политики кои го релативизираат полот, семејството го сведуваат на една од многуте менливи форми, а од малолетниот ученик бараат да „прифати“ однапред подготвени идеолошки заклучоци.

Во 2022 година, по пилотирањето на ССО како изборен предмет, дури 11 стручни здруженија на гинеколози, семејни лекари, психолози, психотерапевти, социјални работници, рехабилитатори, правници, вклучително и македонското лекарско друштво, побараа изучување на сеопфатното сексуално образование уште во основното училиште.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер