QUO VADIS MPC ?

Покрај сите „циркуси“ кои ни се случуваат во држава, и кога човек не знае од кого да се пази и да се чува, дали да гледа лево па десно, и кога очекува од Бога, барем тој и неговите посланици на земјава наша јадна, македонска, да ни подаде утеха,

Покрај сите „циркуси“ кои ни се случуваат во држава, и кога човек не знае од кого да се пази и да се чува, дали да гледа лево па десно, и кога очекува од Бога, барем тој и неговите посланици на земјава наша јадна, македонска, да ни подаде утеха, спас, гордост и благослов, е тогаш, баш тогаш, добиваме удар.

Удар силен, по рамо, вратот да ти се измести. удар од безбожник, поставен од Божјите слуги ( читај врвот на МПЦ ), удар кој едно божје женско чедо, умно , чесно, мајка и наша колешка, ја повредува сериозно.

Зошто Бог беше немилослив спрема нас, обичните смртници, како што е една Мими од еден медиум? Но, кога ќе размислиме, не треба во нашите мисли а камоли усти да го ставаме божјото име...затоа што безбожниците беа на мостот во Скопје.

Поглаварот на нашата нели, народна, македонска, Црква, г-дин г-дин Стефан, кој постојано ги велича празникољупците свои и Божји, се „опколил“ со човечка „армада“, за да се заштити себе си , или да го заштити Бога? Бог сигурно не му барал, токму тој да го заштити, па чуму толкаво обезбедување во кое имаше безбожници чиниш без левата мозочна полухемисфера, кои маваа и удираа по оној кој сакаш да му се приближи на првиот Поп на Македонија, и да го почуствува неговиот божјочудесен здив, испуштен од неговата златобожја уста, смирена поради големото обезбедување.

И тој со неговите, од Бога извајани очи, г-дин г-дин Стефан гледаше и слушаше како лелека едно божје чедо.

Наместо Мими и Канал 5 , но и целата јавност, да добијат извинување и објаснување, како МПЦ како организатор, си дозволи олкав број на обезбедување , нашата новинарка добива „интимен“ телефонски повик, со едно извини – и „Божја“ замолница работава да не „таласа“?!

Високодостојни свештеници од МПЦ, вака ли го чувате вашето македонско стадо? Со по некој удар, за да верниците се подсмират малку и да не прашуваат многу? Зарем мислевте ќе прашувавме за џиповите или за ОА?
Толку ли е тешка вашата пресвета рака, да направи едно Божје писание до своето чедо Мирјана Мичевска Јовановиќ, и останатите чеда, да ни прати на сите зборови празнична утеха и благослов со желба рамото и вратот да заздрават побргу?

Нашата Мими сакаше да си ја заврши Божјата но и професионалната задача, да ги земе основните информации од денешниот Божји среќник од Скопје, за да ја запознае македонската јавност, како што тоа го правела многу години претходно.

А наместо тоа, нашата екипа се запозна со Божјата „тупаница“, пардон – тупаницата на организаторот и НИКОБ.

Господ Бог да не чува од полошо и од безбожнициве денешни.

Тен Хаг: Никој во Манчестер јунајтед освен Мурињо не ги доби играчите што ги сакаше

Тренерот Ерик тен Хаг одговори на споредбата што ја направи Жозе Мурињо за нивната работа во Манчестер јунајтед.

- Освен Мурињо, ниту еден тренер не ги доби играчите што ги сакаше, што ни требаа. Уверен сум дека ќе ги постигнеме нашите цели, но конкуренцијата е голема. Има седум или осум екипи во Премиер лигата кои имаат многу добри состави и во иднина ќе се борат за титулата. Значи, за да ја освоите титулата, треба да создадете навистина квалитетен тим, рече главниот тренер на Манчестер Јунајтед во интервју за „ESPN“.

Претходно Жозе Мурињо правејќи споредба со Тен Хаг за работата во Манчестер јунајтед, рече дека ја немал поддршката што ја ужива Тен Хаг.

-Немав такво ниво на поддршка. Немав такво ниво на доверба. Во тимот имаше од претходно неколку играчи што не ги сакав пред, истакна Мурињо.

Португалскиот стручњак беше тренер на клубот од мај 2016 до декември 2018 година.

Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска до Парламентот на Украина, Врховната Рада, поднесе предлог-закони за продолжување на вонредната состојба и периодот на општа мобилизација.

Во Врховната Рада се регистрирани предлог-закони „За продолжување на вонредната состојба во Украина“ и „За продолжување на периодот на општа мобилизација“, пренесува Украинформ.

Во образложението на предлог-законот пишува дека се работи за продолжување на општа мобилизација и вонредна состојба за 90 дена, од 14 мај, кога истекува претходното продолжување од 14 февруари.

Николоски од Прилеп: Очекувам во 4 изборна единица ВМРО-ДПМНЕ да освои помеѓу 13-14 пратеници

Би сакал да ги поканам сите жители на 4-тата изборна единица и на цела Македонија, а особено жителите на општина Прилеп и соседните општини, од општината Кукуречани, општината Могила, Новаци, Битола да ни се приклучат вечерва тука на плоштадот .

Би сакал да ги поканам сите жители на 4-тата изборна единица и на цела Македонија, а особено жителите на општина Прилеп и соседните општини, од општината Кукуречани, општината Могила, Новаци, Битола да ни се приклучат вечерва тука на плоштадот во 20:30 часот и заеднички да ја затвориме досега најуспешната кампања за ВМРО-ДПМНЕ.

Не случајно тоа го правиме во Прилеп. Затоа што Прилеп е од огромно значење за сите нас, и ќе следи голем инвестициски циклус по завршување на изборите во кој што ќе се решат бројни инфраструктурни прашања во самиот град и во населените места кои што гравитираат кон градот. Градот инфраструктурно ќе се врзе со реална изградба на експресниот пат Прилеп – Градско, а не со монтирани видеа со вештачка интелигенција. Ќе се изгради и автопат од Прилеп до Битола и Меџитлија, пругата ќе стане многу побрза и многу покористена помеѓу Прилеп, Битола и Солун.

Ќе доаѓаат и странски инвестиции, ќе се стимулираат домашните. И многу битно ќе има одговорност за сите што прават криминал и во Прилеп, и во Македонија.

Кампањата помина за нас исклучително успешно. Очекуваме масовна референдумска излезност во среда на осми мај. И ги повикувам сите граѓани да излезат и да гласаат. Потребна е најголема излезност досега за најголема победа за ВМРО-ДПМНЕ, за Христијан Мицкоски премиер, за Гордана Силјановска Давкова претседател на Македонија и за Влада која што нема никој да ја уценува.

Затоа посакуваме 61 пратеник, а ќе си дозволам еве првпат пред медиумите да кажам што очекувам во 4-тата изборна единица, досега во кампањата тоа не го кажувам експлицитно и очекувам ВМРО-ДПМНЕ да освои најмногу пратеници досега и најмногу гласови досега, а тоа е зависно и од малце среќа и од Донтовата формула да имаме помеѓу 13 - 14 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер