Путин во февруари ќе посети земја членка на НАТО, прв пат по 4 години - Канал 5

Путин во февруари ќе посети земја членка на НАТО, прв пат по 4 години

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Турција следниот месец во ретка странска посета на земја на НАТО, се вели во соопштението на Кремљ.

Путин во февруари ќе посети земја членка на НАТО, прв пат по 4 години

Јуриј Ушаков, главниот советник на Путин за надворешни работи, за Интерфакс изјавил дека „посетата се подготвува“.

Тој ја објасни и целта на посетата.

„Можам да кажам дека украинските прашања веројатно ќе бидат еден од главните теми на преговорите“, додаде Ушаков.

Иако се уште не е објавен точниот датум на посетата, се шпекулира дека ќе биде на 12 февруари.

Иако е клучна земја на НАТО, Турција и нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган служат како редок дипломатски мост меѓу Кремљ и неговите западни ривали.

Од руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, Анкара ја поддржува Украина со испраќање воени материјали, но одбива да се приклучи на западните санкции против Москва.

Турција се позиционира како посредник меѓу двете нации и беше домаќин на две рунди мировни преговори во Анталија и Истанбул во 2022 година.

Турција исто така беше клучна во Црноморската иницијатива за жито, која привремено го олесни извозот на земјоделски производи од јужните украински пристаништа во услови на руската поморска блокада.

По телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно овој месец, Ердоган рече дека Анкара останува подготвена да помогне во „воспоставувањето траен мир, стабилност и просперитет во нашиот регион“.

„Претходно делувавме како земја домаќин за директни разговори меѓу страните во конфликтот. Ние сме, како и досега, подготвени да дадеме сѐ од себе во ова прашање и да бидеме посредник....Украина, со цел да преземеме заеднички чекори со Русија дефинитивно треба да ја ублажи својата позиција“, рече Ердоган.

Путин последен пат посети земја на НАТО во 2020 година кога отпатува во Германија за да се сретне со тогашната канцеларка Ангела Меркел.

Неговата можност да патува на Запад е ограничена со неговата војна против Украина и налогот за апсење издаден по него од Меѓународниот кривичен суд во 2023 година за наводни воени злосторства.

Патувањето на Путин во Турција се подготвува веќе неколку месеци, пишува Newsweek.

Во август 2023 година, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите дека веќе има „разбирање дека оваа средба ќе се одржи наскоро“.

„Наскоро ќе објавиме кога и каде ќе се одржи. Состанокот се подготвува, и се подготвува многу темелно“, рече тогаш тој.

Следниот месец, Ердоган го посети рускиот црноморски град Сочи за да се сретне со Путин за да разговараат за прашањата вклучувајќи го украинскиот извоз на земјоделски производи од Црното Море, од кој Москва дотогаш се повлече како одговор на нападот со беспилотни летала на Киев на мостот над Керченскиот теснец.

Путин зборуваше за потенцијална посета во декември за време на неговата традиционална прес-конференција на крајот на годината.

„Ние правиме аранжмани. Оваа посета [на Турција] би можела да се случи на почетокот на следната година. Мислам дека ќе можеме да се сретнеме. Навистина го планирам ова. Го планирав неодамна, но не беше погодно за претседателот Ердоган поради неговиот распоред.Иако бев подготвен да летам за Турција“, изјави тогаш Путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вашингтон го отпушти тренерот- има најлош резултат во историјата на НБА

Брајан Киф повеќе не е тренер на Вашингтон Визардс. 

Вашингтон го отпушти тренерот- има најлош резултат во историјата на НБА

Клубот го отпушти во саботата навечер, неколку часа по поразот на домашен терен од Орландо Меџик со 91:116. Визардс загубија десет од последните 13 натпревари и ја отворија сезоната со резултат од седум победи и 13 порази.

Киф забележа 50 победи и 173 порази на клупата на Вашингтон, или 22,4 проценти од победите. Според ESPN, тоа е најлошиот процент меѓу сите тренери во историјата на НБА со најмалку 200 натпревари на клупата, а CBS вели дека е втор најлош меѓу оние со најмалку 100 натпревари.

Капорн ја презема функцијата до крајот на сезоната

До крајот на сезоната, тимот ќе го води неговиот прв помошник Адам Капорн. „Одлуки како оваа никогаш не се лесни, но време е тимот да продолжи напред со нов глас“, рече претседателот на клубот, Мајкл Вингер. „Адам има целосна поддршка од организацијата и со нетрпение очекуваме тој да го води тимот до крајот на сезоната“, додаде тој.

Киф ја презеде функцијата привремен тренер на Визардс за сезоната 2023-24 откако Вес Анселд Џуниор беше отпуштен, а следната лето му беше доделена постојана работа. Во последниот натпревар, Вашингтон заостануваше со 30 поени на полувремето против Орландо.

Јанг, Дејвис и првиот избор

Вашингтон влезе во сезоната со поголеми амбиции. Треј Јанг потпиша големо продолжување на договорот, Ентони Дејвис остана во тимот, а Еј-Џеј Дибанца пристигна како прв избор на драфтот. Сепак, Визардс загубија осум натпревари по ред во еден момент, од кои шест со двоцифрена разлика.

Јанг има просек од 17,1 поен со 36,8 проценти шут од поле, додека Дибанца има просек од 16,7 поени, 7,2 скока и 3,1 асистенции по натпревар, но со слаб процент на шутирање. Ниту еден од најголемите надежи на Вашингтон досега не донесе пресврт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се огласи полицијата од Манчестер, откако среде преполн концерт беше испуштена непозната материја (ВИДЕО)

Минатата недела, повеќе од 12.000 посетители беа евакуирани од најголемата арена во Обединетото Кралство откако на концертот на раперот Дон Толивер беше ослободена „непозната супстанца“.

Се огласи полицијата од Манчестер, откако среде преполн концерт беше испуштена непозната материја (ВИДЕО)

Полицијата околу 22 часот добила извештаи дека посетителите ги почувствувале ефектите од одредена супстанца во арената Co-op Live во Манчестер. Сега објавија дека се сомневаат дека инцидентот не бил случаен.

Имено, локалната полиција (Полицијата на Голем Манчестер) објави дека работи на идентификување на осомничените, како и на супстанцата што била ослободена за време на инцидентот во салата.

Се верува дека група организирани криминалци намерно предизвикала хаос за да изврши кражби за време на концертот, пишува The Guardian.

Тие објавија дека сè уште никој не е уапсен, но дека полицајците ги прегледуваат снимките од надзорните камери, како и снимките од мобилните телефони на посетителите. Тие исто така соработуваат со други безбедносни служби низ Европа, бидејќи слични инциденти се случиле на уште два концерти на Толивер, за кои истражителите веруваат дека се „релевантни“ за нивната истрага.

За потсетување, снимките од концертот брзо се проширија на социјалните мрежи, на кои се гледаат луѓе како кашлаат и си ги покриваат устите додека го напуштаат местото на одржување. Полицијата првично помисли дека станува збор за солзавец, но подоцна соопшти дека станува збор за „непозната супстанца“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Веднаш да се идентификуваат и казнат комитите кои брутално претепаа двајца албански работници на Комунална хигиена!

Демократската унија за интеграција најостро го осудува физичкиот напад врз двајца албански работници на Комунална хигиена во Скопје.

ДУИ: Веднаш да се идентификуваат и казнат комитите кои брутално претепаа двајца албански работници на Комунална хигиена!

Демократската унија за интеграција најостро го осудува физичкиот напад врз двајца албански работници на Комунална хигиена во Скопје, кои во ноќта на 28 ноември беа брутално претепани од група лица кои самите се идентификувале како комити- како што известува Pa censurë.

Фактот што напаѓачите најпрво ги прашале работниците дали се Албанци, а потоа ги нападнале, и тоа додека биле облечени во работните униформи, отвора сериозни сомнежи за етнички мотивиран напад.

Ова е неприфатливо во мултиетничка држава, во која безбедноста и еднаквоста мора да важат за сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност.

ДУИ бара од заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, и од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, институционална одговорност, целосна истрага, идентификување на сите напаѓачи и нивно санкционирање.

Бараме:

* Целосно идентификување на сите членови на групата кои учествувале во нападот;

* Целосна и професионална истрага за мотивите на нападот, вклучително и сомнежите за етничка мотивираност;

* Покренување соодветни постапки и казнување на сите одговорни;

* Јавно појаснување за мерките што ги презело и ги презема МВР за гарантирање на безбедноста на граѓаните.

Албанците не смеат да стравуваат да работат, да живеат и безбедно да се движат во главниот град на сопствената држава!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер