Москва се повеќе се обидува да го контролира влијанието на американските социјални мрежи и е фрустрирана бидејќи, според нејзино мислење, тие не ги почитуваат руските закони.
Во декември, Долниот дом на рускиот парламент поддржа нови големи казни за платформите што не отстрануваат забранета содржина, а бил донесен и закон за ограничување на работата на американските социјални мрежи доколку ги „дискриминираат“руските медиуми.
„Интернетот веќе навлезе во сите сфери на нашите животи и не само што мора да ги почитува официјалните закони, туку и моралните норми на општеството во кое живееме, во спротивно тоа општество ќе пропадне“, рече Путин.
Десетици илјади луѓе протестираа во јануари и февруари против затворањето на истакнатиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, а потоа Москва ги обвини американските социјални мрежи дека не ги отстраниле, според нив, лажните најави за тие анти-Кремљ протести.
Покрај тоа, властите ја обвинуваат опозицијата дека неказнето ги влече децата на протести на опозицијата, што опозицијата го отфрла.
„Соочени сме со (дигитална) детска порнографија, детска проституција, трговија со дрога, а целите се деца и тинејџери“, рече Путин.
„Влечејќи ги на улиците да станат хулигани, да играат улоги со полицијата, да се кријат зад децата, тие всушност ги разоткриваат“, рече тој.
Денеска весникот „Ведомости“ објави дека руската влада размислува да воведе нов данок за големите ИТ компании кои користат руски податоци за да создадат алгоритми кои работат преку рекламирање на руските корисници.
Парите собрани од таков данок би биле искористени за поддршка на домашните ИТ компании, пренесува Ведомости.
Минатата недела руската влада дискутирала за оваа мерка со претставниците на ИТ индустријата, рече вицепремиерот Дмитриј Чернишенко.
Одлука за таков данок се очекува оваа година, пишува весникот повикувајќи се на неименуван извор.