САД и Иран ги завршија разговорите на високо ниво во Швајцарија се согласија за прекин на борбите во Либан и безбеден премин
2САД и Иран ги завршија разговорите на високо ниво во Швајцарија се согласија за прекин на борбите во Либан и безбеден премин
3Кошмар во национален парк: Се преврте камион со 250 милиони пчели- роеви ги напаѓаат минувачите (ВИДЕО)
СветПутин се закани, спомнува распоредување ново нуклеарно оружје Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија „дополнително ќе ги зајакне своите вооружени сили за да ги земе предвид потенцијалните воени закани и ризици“.„Новите руски интерконтинентални балистички ракети „Сармат“ (колоквијално наречени Сатана), способни да носат 10 или повеќе нуклеарни боеви глави, ќе бидат распоредени до крајот на годината“, додаде тој. Пред Путин, денеска се заканија неговиот сојузник Николај Патушев и портпаролката на руското МНР Марија Захаров, но тие се фокусираа на заканите директно кон Литванија, која забрани пренос на стоки во руската енклава Калининград. Патушев, инаку секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација и близок соработник на Путин, одржал состанок во Калининград и им се заканувал на граѓаните на Литванија. „Русија сигурно ќе одговори на таквите непријателски дејствија. Се развиваат соодветни мерки во меѓуминистерски формат и ќе бидат преземени во блиска иднина. Нивните последици ќе имаат сериозно негативно влијание врз литванското население“, рече тој. Захарова им се закани на литванските политички претставници со последиците „кои за жал ќе дојдат“. „Ми се чини дека треба да ја разберат главната работа: кога Русија вели дека нечие однесување е отворено непријателско, тогаш нема време за разговор, нема време да се најдат формули кои би можеле да ја решат ситуацијата или да ја тргнат настрана и да се преправаат дека не се проблеми. “, додаде Захарова.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36Жежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
БалканРама: Албанците од Македонија на протестите во Тирана се жртви на политички караваниАлбанскиот премиер Еди Рама, го критикуваше учеството на Албанците од Косово и Македонија на протестите организирани против него на движењето „Фламинго револуција“.Митинг беше обележан со масовно учество на Албанци од дијаспората, кои во голем број се придружија на маршот кон зградата на владата во Тирана. Рама ги критикуваше организаторите кои, според него, донеле Албанци од Приштина и од Тетово на протестите, а учесниците ги нарече „жртви на политички каравани“. „Албанците од Македонија не се дијаспора на Албанија на туѓа територија. Заедно со Македонците, тие се составен народ во својата земја. Дијаспората се емигранти кои живеат во странски земји, а не тие, ниту Албанците од косово, кои имаат своја независна држава“, напиша Рама во објава на социјалните мрежи. Албанија 20-на дена се соочува со континуирани протести, предизвикани од контроверзен проект поврзан со планираната изградба на луксузен туристички комплекс поврзан со зетот на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, Џаред Кушнер.Тагови: Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД и Иран ги завршија разговорите на високо ниво во Швајцарија се согласија за прекин на борбите во Либан и безбеден премин Страните се согласија за механизам за прекин на борбите во Либан и отворија комуникациска линија за да се обезбеди безбеден премин за комерцијалните бродови низ спорниот теснец.Првата рунда разговори меѓу високи американски и ирански претставници во Швајцарија заврши, соопштија медијаторите, по напнатиот почеток обележан со објавата на Техеран дека повторно го затворил Ормутскиот теснец и повторувањето на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе продолжи со нападите врз Иран, пишува утринава Ројтерс. Во заедничко соопштение од земјите посредници, Катар и Пакистан, се вели дека САД и Иран се согласиле на план за постигнување конечен договор во рок од 60 дена. Техничките разговори ќе продолжат до крајот на неделата во швајцарското планинско одморалиште Бургеншток. Страните се согласија за механизам за прекин на борбите во Либан и отворија комуникациска линија за да се обезбеди безбеден премин за комерцијалните бродови низ спорниот теснец, се вели во соопштението. Договорот повикува на повторно отворање на Ормутскиот теснец, пречка за глобалните енергетски испораки, и прекин на сите непријателства, вклучително и во Либан, каде што Израел продолжува да извршува смртоносни напади додека иранскиот сојузник Хезболах пука врз израелски цели.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАмандманска расправа по предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска службаДенеска во собранието на дневен ред е амандманска расправа по предлог на законот за судска служба и предлог на законот за јавнообвинителска служба, и двата во второ читање.За предлог-законот за судска служба поднесени се над 100 амандмани од пратеничките групи на СДСМ, Европски фронт и Левица, а за јавнообвинителска служба 27 амандмани од пратеничката група на СДСМ. Пратеничката група на СДСМ и коалицијата, вчера преку соопштение, информира дека поднеле 82 амандмани на двата предлог закони, со став дека тие ја загрозуваат независноста на судството и ја влошуваат положбата на вработените во правосудниот систем. Заменик-министерот за правда, Ален Деребан во образложението потенцира дека предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба се резултат на повеќегодишна работа, според него работната група ги изработила текстовите на законите пред една година биле доставени бројни забелешки и предлози од релевантни институции, стручната јавност и засегнатите страни, кои биле внимателно разгледани и соодветно вградени во нацрт-текстовите.– рече Деребан.Тагови: собрание Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter