Путин се закани со одмазда по украинскиот напад врз училиште- загинаа шест лица, 15 се исчезнати - Канал 5

Путин се закани со одмазда по украинскиот напад врз училиште- загинаа шест лица, 15 се исчезнати

Владимир Путин ја обвини Украина за „терористички напад“ по ноќниот напад со беспилотно летало врз училиште во кој загинаа најмалку шест лица, а 39 беа повредени.

Путин се закани со одмазда по украинскиот напад врз училиште- загинаа шест лица, 15 се исчезнати

Рускиот претседател изјави дека по нападот врз училишната зграда во регионот Луганск, кој е под руска контрола, уште 15 лица се водат како исчезнати, пишува Скај њуз.

Путин ја обвини Украина за намерно таргетирање цивили и објави дека побарал од руското Министерство за одбрана предлози за одмазда. Фотографиите и видеата објавени од руските власти покажуваат спасувачи како изнесуваат човек од урнатините на носилка. Можете да видите и тешко оштетени згради, од кои едната е делумно срушена, како и пожари што сè уште горат.

Украина сè уште не го објавила нападот. Нејзините сили се борат да го вратат Луганск, еден од четирите региони што Русија еднострано ги прогласи за свои во 2022 година, што Киев го смета за нелегално одземање на територија.

Песков: Одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата

Руската комесарка за човекови права Јана Лантратова изјави дека 86 тинејџери на возраст меѓу 14 и 18 години спиеле во студентскиот дом на Педагошкиот факултет во Старобилск кога украинските беспилотни летала нападнале во текот на ноќта.

Леонид Пашечник, највисок руски функционер во Луганск, изјави дека две лица се извлечени од урнатините. Тој додаде дека спасувачите сè уште бараат деца заробени под урнатините. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата.

Двете страни негираат дека се насочиле кон цивили

„Ова е монструозен злостор. Напад врз образовна институција каде што има деца и млади луѓе“, рече тој. „Најважно е сега да се направи сè што е можно за да се расчистат урнатините и да се помогне на оние кои сè уште се заробени под нив“, додаде тој.

Минатата недела, украинскиот претседател Володимир Зеленски вети одмазда откако положи црвени рози на урнатините на станбена зграда во Киев, каде што во руски ракетен напад загинаа 24 лица, вклучувајќи три деца. Двете страни во војната негираат дека се насочиле кон цивили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петнаесет повредени лица се примени во скопските клиники по невремето што вчера го зафати Скопје

Петнаесет повредени лица се примени во скопските клиники по невремето што вчера го зафати Скопје. 

Петнаесет повредени лица се примени во скопските клиники по невремето што вчера го зафати Скопје

Најсериозно е повредена повозрасна жена што се здобила со повреда на главата по пад на дрво.

100 тици дрвја беа откорнати низ целиот град, откорнати беа кровови од станбени објекти.

Летаа предмети од силниот ветер,според информациите ветрот достигнал брзина и до 90 километри на час, а на единствениот број за итни повици 112 штети пријавиле над илјада граѓани.

Невремето беше кратко, но многу интезивно за само 10 минути направи вистински хаос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди, се најавува и локална нестабилност со пороен дожд

Од УХМР (Управата за хидрометеоролошки работи) предупредуваат за голема нестабилност на времето денес.

Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди, се најавува и локална нестабилност со пороен дожд

Според УХМР денеака времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Наместа ќе има услови за изолирано невреме со појава на град.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h).

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

До петок под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град.

Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне.

Во Скопје, до петок ќе биде променливо облачно, повремено нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално во делови од котлината ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 22. јули 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 22. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 22. јули 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои во моментот имаат љубовни проблеми , денеска нека побараат друштво на пријатели, бидејќи со нив ќе гледаат појасно.

Кариера

Ќе бидете расположени за самостојна работа , иако нема да бидете целосно затворени за соработка. Но , кога вие би се прашувале , најубаво ви е кога работите сами.

Здравје и совет

Наспијте се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно ќе ви се чини како љубовта да отишла некаде далеку од вас. најдобро ќе се чувствуваат оние кои се помириле со осаменоста.

Кариера

Малите тековни работи ќе се одвиваат добро , но во преговорите , на состаноците или договарањата би можело да се јават мали тензии.

Здравје и совет

Не сте задоволни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Копнеж , тага и слични чувства ќе ви се вовлечат во срцето полесно од вообичаеното. Побарајте ведри луѓе и весели содржини.

Кариера

Ќе функционирате добро и без поголем застој ќе одредувате она што треба. Ќе ви недостигаат предизвици.

Здравје и совет

Телесно сте добро , но емоционално сте фрустрирани.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Загонетки , сплетки , соништа- сето тоа денеска ќе ве привлекува повеќе од кога било. Можни се дискретни погледи и читање меѓу редови.

Кариера

Она околу што неодамна се препиравте , денеска ќе биде ставено во втор план. Ќе продолжите да работите како да не било ништо.

Здравје и совет

Послужете се со својата интуиција.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе бидете многу расположени за љубов и за покажување емоции , па така и ќе постапите.некои ќе си ја отворат душата.

Кариера

Борбите што ги водевте ви носат победи , а тоа ве поттикнува и натаму дасе развивате , храбро и без пречки.

Здравје и совет

Ќе бидете весели и емотивни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ние кои бараат љубов добро нека погледаат околу себе во лицата со кои професионално соработуваат.

Кариера

Преминете од зборови на дела. Сепак , постојат уште некои одложувања , поради што дел од работите чекаат.

Здравје и совет

Ќе се веселите со блиски луѓе.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Можно е да ви се чини дека е долг патот до нечие срце, но тоа е чувство што ќе трае само денеска.

Кариера

Веројатно соработниците ќе ве критикуваат , но важно е тоа да го сфатите како конструктивна опомена.

Здравје и совет

Потпрете се на вашата смисла за хумор.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете склони да ја идеализирате саканата личност или таа навистина денеска ќе се покаже во најдобро светло.

Кариера

Врз основа на старите успеси и завршените работи, ви подготвено работите и натаму . Ништо не мкоже да ве запре.

Здравје и совет

Полни сте со енергија.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Би можеле да добиете повик за убава забава и дружење со кое ќе го компензирате сегашното љубовно незадоволство.

Кариера

Ви претстои соработка со млади лица , кои ќе ги обучувате во работата. Има уште некои ситни работи што треба да гио довршите.

Здравје и совет

Свртете се кон себеси.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате добра волја своите приватни односи да ги доведете во ред. Сепак , други ќе ве попречуваат во намерата.

Кариера

Важно е да го прифатите она што ви се нуди , дури и во моментов да ви изгледа неповолно. Добро ќе биде на долг рок.

Здравје и совет

Користете ги паузите на работа.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Некои би стекнале пријател со личност , која е позрела од нив. Ќе добиете конструктивна критика.

Кариера

Не сонувајте за невозможното , туку задржете го она што го имате. На тој начин еден ден ќе ги достигнете своите соништа.

Здравје и совет

Би било корисно добро да се наспиете.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

И натаму ќе работите на зацврстување на својата врска и ќе уживате во тоа. Другата страна ви возвраќа со љубов и тоа е доволно за среќа.

Кариера

На момент ќе ви се пристори дека вашите колеги не се толку доверливи како вас , но тоа е само преодна слабост што набргу ќе исчезне.

Здравје и совет

Занимавајте се со спорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер