Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава
2Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава
3 Научниците тврдат дека погрешно ги сметаме кучешките години – Еве колку всушност е возрасно вашето куче
ЗдравјеПутин: Руски научници се блиску до создавање вакцина против ракРускиот претседател Владимир Путин на технолошки форум во Москва вчера изјави дека научници од Русија се блиску до создавање вакцина против рак што наскоро би можела да биде достапна за пациентите.- Руските научници се многу блиску до создавање вакцини за рак и имуномодулаторни лекови од новата генерација. Се надевам дека наскоро делотворно ќе се користат како методи за индивидуална терапија, изјави Путин. Тој не појасни на кои видови рак ќе делува вакцината и на кој начин. За време на пандемијата на Ковид-19, Русија разви и своја сопствена вакцина „Спутник V“ против коронавирусот и ја продаде во голем број земји, иако наиде на широко распространето јавно противење за вакцинација во земјата. Самиот Путин изјави дека бил вакциниран со „Спутник“, обидувајќи се да ги убеди луѓето во безбедноста и делотворноста на лекот. Бројни земји и компании во светот работат на вакцини против рак. Владата на Обединетото Кралство на пр. лани потпиша договор со германската компанија „Бионтек“ за почеток на клинички испитувања, заради „персонализиран третман за рак“, со цел да се допре до 10.000 пациенти до 2030 година. И фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“ развиваат експериментална вакцина против рак, за којашто испитувањата засега покажуваат дека наполу ја намалува шансата за меланом - најсмртоносниот рак на кожата, да се врати по три години третман. Во мигов, инаку, има шест лиценцирани вакцини против хуман-папиломавирусот (ХПВ), којшто предизвикува неколку видови рак, вклучувајќи го и канцерот на грлото на матката, според Светската здравствена организација, како и вакцина против хепатитис Б (ХБВ) што предизвикува рак на црниот дроб. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДеветто одделенците со дигитални учебници по математика и хемијаУчениците од деветто одделение од учебната 2026/2027 година за првпат имаат пристап до целосно дигитални учебници по математика и хемија, со интерактивни и мултимедијални содржини и вграден систем за управување со учењето.За разлика од електронските учебници во PDF-формат, новите изданија се наменети за учење во целосно дигитална средина. Покрај текстот и илустрациите, лекциите содржат видеа, анимации, галерии, интерактивни задачи, симулации и други образовни материјали. Преку вградениот LMS-систем наставниците ќе можат да го следат напредокот на учениците во дигиталните лекции и да добиваат увид во областите каде што е потребна дополнителна работа. Од друга страна, учениците ќе можат да ги совладуваат содржините со сопствено темпо и да го следат сопствениот напредок. платформата е приспособена за користење преку компјутер, таблет и мобилен телефон, што овозможува пристап до учебниците од различни уреди.Тагови: дигитални учебници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВозач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријаваНа 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67) од с.Кадрифаково, светиниколско. Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот. При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.Тагови: светиниколско Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожарот од Грачани го покри СкопјеНа територија на Град Скопје има еден пожар, што ноќеска се чувствуваше на територија на главниот град.Според центарот за управување со кризи пожарот е навлезен од косовска страна пред два дена кај селото Грачани – Ѓорче Петров. Пожарот не загрозува населени места. Горат ниска смрека и грмушки. Синоќа ветерот дуваше во насока на Скопје и чадот од пожарот што е активен на косовска и на македонска територија. Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови на линијата на пожарот но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно. Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови на линијата на пожарот, но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно. Утрово продолжува со гаснење на пожарот со засилен број на пожарникари, а воздушна поддршка даваат и два ер трактори на ДЗС, еден полициски и еден армиски хеликоптер. Во текот на вчерашниот ден имаше 31 пожар на отворен простор. Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook