Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
2Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
СветПутин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за РусијаПутин во интервју за руската државна телевизија изјави дека Русија има доволно сила да ја заврши војната во Украина со посакуваниот исход.Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија верува оти резултатот од специјалната воена операција во Украина треба да биде долгорочен мир, со што ќе се обезбеди безбедноста на Русија и ќе се заштитат интересите на луѓето што зборуваат руски јазик во Украина. Путин во интервју за руската државна телевизија изјави дека Русија има доволно сила да ја заврши војната во Украина со посакуваниот исход. -Овој резултат ги елиминира причините што ја предизвикаа оваа криза, создава услови за долгорочен одржлив мир и обезбедува безбедност на руската држава, рече Путин, пренесоа руските медиуми. Путин нагласи дека интересите на луѓето кои го зборуваат рускиот јазик во Украина и кои ја сметаат Русија за своја татковина мора да бидат заштитени./МИАТагови: путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)Против него ќе следува соодветна пријава.На 05.10.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А.(65) од село Арачиново. Тој во село Липково управувал товарно возило во кое превезувало дрва без жиг и не застанал на даден знак стоп од полициски службеници и се обидел да побегне. Џ.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо 11 години – Охрид конечно ќе добие затворен базен!По речиси 11 години застој, затворениот базен во Охрид конечно ќе биде завршен и ставен во функција.Владата на Република Македонија на денешната седница ја усвои точката со која се овозможува продолжување и конечно завршување на затворениот базен во Охрид. Обезбедени се 470 милиони денари за негово целосно завршување. Ова за мене е многу повеќе од уште еден инфраструктурен проект. Ова е инвестиција во младите, во спортистите, во пливањето. Во иднината на спортот во Охрид и во целата држава. Со завршувањето на базенот, спортистите ќе добијат современи услови за тренинг, младите категории ќе добијат простор за развој, а Охрид ќе добие услови за организирање натпревари и за понатамошен развој на спортот. Како Влада и како Министерство за спорт не сакаме капитални спортски објекти да стојат со години и да чекаат. Сакам да ги гледаме завршени и ставени во функција. Токму затоа ова е еден од проектите на кои сме посебно посветени и драго ми е што денес можеме да кажеме дека по 11 години – конечно се движиме кон неговата реализација. Голема благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и до Владата за поддршката и за јасната определба да инвестираме во спортот и во спортската инфраструктура. Охрид заслужува затворен базен. Охрид ќе го добие. Продолжуваме со работа, се наведува во соопштението на Влада на Македонија/Министерство за спорт. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерката за енергетика Божиновска во Белград: Се гради посигурен и поврзан енергетски регионМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска присуствува на Вториот министерски самит на Србија, Македонија, Грција и Бугарија, кој се одржува во Белград, во организација на Србија.Во фокусот на самитот се сигурноста на снабдувањето, развојот на Вертикалниот гасен коридор, пристапот до LNG капацитетите преку Александруполи, диверзификацијата на изворите и правците на снабдување, како и унапредувањето на регионалната соработка во електроенергетиката. Самитот следува по првата министерска средба во Атина во мај и го продолжува дијалогот за заеднички регионален пристап кон енергетската сигурност и отпорноста на системите. Во македонската делегација се и заменик-генералниот директор на МЕПСО, Александар Пауноски, како и претставници на НОМАГАС. Во рамки на посетата, министерката Божиновска ќе оствари и билатерална средба со бугарскиот министер за енергетика, со фокус на понатамошното унапредување и проширување на веќе воспоставената соработка.. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook