Путин: Нема да дозволам Украина да стане отскочна даска за закани кон Русија

Претседателот Владимир Путин изјави дека „воената операција“ во Украина била успешна.

Говорејќи на состанокот за мерките за поддршка на отцепените региони, рускиот претседател рече дека ќе стави крај на „воената операција“ во Украина. Путин тврди дека Западот ќе се обиде да го загрози територијалниот интегритет на Русија, но нема да успее.

Путин изјави дека нема да дозволи Украина да стане отскочна даска за заканите кон Русија, пренесува руската агенција РИА Новости.

Рускиот претседател санкциите на Западот ги нарече Блицкриг против Русија, додавајќи дека тие не успеале. Тој рече и дека Западот ги турка властите во Киев во крвопролевање, снабдувајќи ги со оружје и платеници.

„Сакам да го кажам ова за прв пат, на почетокот на специјалната операција побаравме од властите во Киев да не се мешаат во конфликтите, туку само да ги повлечат војниците од Донбас. Тие не сакаа. Па - ова е нивна одлука“, рече Путин.

Путин вели дека украинските сили го ракетираа Доњецк во понеделникот и дека станува збор за терористички напад во кој загинаа повеќе од 20 луѓе. Тој додава дека ваквите напади продолжуваат и дека тоа се напади во кои не се избираат цели.

„Како и фашистите, кои во последните денови на Третиот рајх се обидоа да има што повеќе невини жртви“, рече Путин.

Путин рече дека Русија е подготвена да разговара за неутралниот статус на Украина во преговорите за ставање крај на непријателствата, но дека Москва сепак ќе ги постигне целите на својата воена операција, која „се одвива според планот“.

Тој ги повика Русите кои не ја поддржуваат инвазијата, нарекувајќи ги национални предавници. „Западот смета на поддршката од петтата колона и националните предавници. На оние кои заработуваат во нашата земја и живеат таму“, рече Путин.

„Не ги осудувам оние кои имаат вила во Мајами или на француската ривиера. Проблемот е што многу од овие луѓе се ментално таму, а не овде, со Русија. Тие мислат дека припаѓаат на повисока каста, повисока раса. тој рече.

„Таквите луѓе не разбираат дека Западот ги користи како потрошен материјал. Тие сакаат да го поделат нашето општество и да ја искористат својата петта колона за да ја уништат Русија“, продолжи Путин.

„Но, рускиот народ секогаш ќе може да ги разликува вистинските патриоти од копилиња, гадови и предавници и да ги плукне на тротоар како мува што случајно им влетала во устата. Убеден сум дека таквото природно и неопходно самопрочистување само ќе ја зајакне нашата земја, нашата солидарност, сплотеност и подготвеност да одговориме на сите предизвици“, вели Путин.

Путин рече дека Западот всушност ја прогласи Русија за неспособна да плати како дел од нејзините санкции поради конфликтот во Украина и дека конфликтот е само изговор за Западот да воведе санкции. „Западот не се ни обидува да го скрие фактот дека неговата цел е да и наштети на целата руска економија, на секој Русин“, рече тој.

Обраќајќи им се на министрите, што беше емитувано на државната телевизија, Путин рече дека Западот само ќе ја зајакне Русија со своите непријателски дејствија. Во своето најексплицитно признание за штетата направена од западните санкции, тој рече дека инфлацијата и невработеноста ќе се зголемат, но вети поддршка за семејствата со деца.

На економијата ќе и` требаат структурни промени, рече Путин. Одржувањето на Русија под контрола беше долгорочна политика на Западот, а нејзините економски санкции против Русија беа кратковиди. Путин ги обвини западните земји дека започнале невидена информативна кампања против Русија. Тој рече дека Западот нема да успее во, како што рече, обидот да постигне глобална доминација и да ја распарчи Русија.

„Ако Западот мисли дека Русија ќе се повлече, не ја разбира Русија, рече Путин на 21-от ден од војната против Украина.

НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции

Северноатлантскиот совет (НАК) денеска изрази солидарност со Германија по злонамерната кибер кампања против Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и со Чешка, која се соочува со злонамерни кибер активности против нејзините институции.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во соопштението на НАК се наведува дека одговорноста за овие злонамерни кибер активности, Германија и Чешка му ја припишаа на актерот АПТ28, кој е спонзориран од Русија, а пред се од руската воена разузнавачка служба - Главната дирекција на Генералштабот на руските Вооружени сили (ГРУ).

НАК додава дека со загриженост забележува дека истиот актер упатува закани насочени и кон други национални владини ентитети, оператори со критична инфраструктура и други ентитети низ Алијансата, вклучително и во Литванија, Полска, Словачка и Шведска.

- Силно ги осудуваме злонамерните кибер активности насочени кон поткопување на нашите демократски институции, националната безбедност и слободното општество. Злонамерните кибер активности насочени против Германија и Чешка потврдуваат дека кибер просторот е под ризик во секое време. Актерите на кибер заканата упорно се обидуваат да ја дестабилизираат Алијансата, се наведува во соопштението на Северноатлантскиот совет.

Во реакцијата натаму се посочува дека НАТО останува посветени на спротивставување на суштинската, континуираната и зголемена кибер закана, вклучително и кон демократските системи и критична инфраструктура на неговите членки.

- Ние сме решени да ги искористиме потребните потенцијали со цел да го одвратиме, да се одбраниме и да се спротивставиме на целиот спектар на кибер закани со меѓусебна поддршка, вклучително и со разгледување на координирани одговори. Промовираме слободен, отворен, мирен и безбеден кибер простор. Ги повикуваме сите земји, вклучително и Русија, да ги почитуваат своите меѓународни обврски и меѓународното право и да дејствуваат во рамката на одговорно однесување на една држава во кибер просторот, како што е потврдено од сите членки на Обединетите нации, се додава во соопштението на НАК.

Студениот бран не предизвика штети во земјоделието, дождот добредојден за пролетната сеидба

Студениот бран кој не зафати изминатиов период не предизвика оштетувања во земјоделството. 

Студениот бран кој не зафати изминатиов период не предизвика сериозни оштетувања во земјоделството иако падот од 10 до 15 степени предизвика негативни состојби кај растенијата. Падот на температурите сепак не беше драстичен и под нулата заради тоа што беше проследен со доста облачнсот и не предизвика мрзнење туку можни се само мали проредување кај одредени овошни видови. Спроед агро метролозите земјоделците полека се навикнуваат на климатските промени и сите негативни последици.

Засега врнежиет кои ги имаме како последица на овој бран се исклучително добре дојдени. Со овие врнежи кои дојдоа по сушниот период се создадоа идеални услови за пролетната сеидба а се во последен момент и за есенските посеви за да имаат добар принос.

Можноста за појава на доцни пролетни мразеви полека одминува речиси за сите земјдоелски региони според податоците за апсолутна појава на доцни пролетни мразеви.

Под мотото „Будење“, во Србија се одбележува годишнината од страшниот масакр

Под мотото „Будење“, Србија денеска одбележува една година од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Во 08:41 часот утринава медиумите во Србија ги прекинаа телевизиските и радио програмите. Тоа е времето кога точно пред една година Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко му, почна да ги убива соучениците, а уби девет ученици и училишниот чувар во училиштето.

Пред училиштето дојдоа родителите на убиените деца, а се собраа и голем број граѓани, пријатели, роднини на жртвите, за да им оддадат почит. Глетката пред училишната зграда никого не остава рамнодушен, објавија српските медиуми.

На посебно плато пред училиштето, каде се поставени фотографиите и имињата на убиените деца и чуварот, се оставаат цвеќиња и се палат свеќи.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово положи цвеќе во ОУ „Владислав Рибникар“.

На самиот влез во училиштето беше поставена просторно-уметничка инсталација „превез на плачот“ на која беа испишани имињата на сите жртви од училиштето Рибникар. Граѓаните се повикуваат да дојдат на целодневниот форум во Ташмајданскиот парк и да разговараат со членовите на тимот за воспоставување меморијален центар за жртвите на ова масовно убиство.

По палењето на свеќите, граѓаните ќе можат да го посетат т.н „простор на тишината“, како што организаторите го нарекоа просторот на улиците околу ОУ „Владислав Рибникар“.

Во петок, во 20:30 часот на РТС 1 ќе биде пуштен документарниот филм „Болка“, во чест на убиените ученици.

Против родителите на малолетниот Кецмановиќ, Владимир и Миљана Кецмановиќ поведени се кривични и пет граѓански постапки. Убиецот нема да одговара бидејќи немал 14 години кога ги извршил убиствата. Тој е на лекување во психијатриска болница.

притисни ентер