Путин на сцена ја враќа „Интервизија“ - панданот на „Евровизија“ во СССР

Рускиот претседател Владимир Путин ја враќа на сцена „Интервизија“ (Интервидение) - алтернативата на „Евровизија“ од времето на СССР, имајќи предвид дека денес и на Русија ѝ е забрането учество на европскиот музички натпревар.

Путин оваа недела потпиша декрет со којшто им наложува на надлежните тела и официјални лица да ја спроведат организацијата на натпреварот во Москва оваа година. Целта на настанот би било „да ја развива меѓународната културна и хуманитарна соработка“. Претставникот на претседателот, Михаил Свидкој изјави дека „речиси 20 земји“ се согласиле да учествуваат на новата „Интервизија“, вклучувајќи ги Бразил, Куба, Индија, Кина и други „пријателски“ нации. Според известувањето, натпреварот ќе се одржи наесен.

Рускиот лидер назначи неколку високи функционери кои ќе учествуваат во организирањето на старо-новиот музички натпревар. Меѓу нив се и вицепремиерот Дмитриј Чернишенко - назначен за шеф на организацискиот одбор.

По воениот напад на Украина во 2022 година, на Русија ѝ беше забрането да се натпреварува на „Евровизија“, и таа забрана сѐ уште важи.

Советската „Интервизија“ се одржуваше спорадично од 1965. до 1981 година. Уште една манифестација се одржа во 2008. (со победа на Таџикистан), а најавените за 2009., 2014. и 2015 година - не се случија.

Финска, којашто во Студената војна требаше да држи неутралност, е една од ретките земји што учествуваше и на „Евросонг“ и на „Интервизија“, со свои изведувачи во двете натпреварувања. Русија првпат се појави на „Евровизија“ неколку години по распадот на Советскиот Сојуз на Социјалистички Републики, поточно - во 1994 година.

Неформален состанок на Советот на ЕУ во Варшава

Во Варшава денеска се одржува неформален состанок на Советот за општи работи на ЕУ, на кој ќе се разговара за хибридните закани со кои се соочуваат земјите-членки на ЕУ и партнерите што се стремат да влезат во ЕУ.

На состанокот се очекува да се разговара и за зајакнувањето на европската цивилна и воена подготвеност и повеќегодишната финансиска рамка (ВФО) на Унијата за периодот по 2027 година.

„Бидејќи проширувањето е приоритет за Европската унија, сигурна сум дека тоа ќе биде многу добро разгледано во следниот ВФО“, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос по пристигнувањето на состанокот.

Во Софија изведена „Кармина Бурана“ со симфониските оркестри од Македонија, Грција и Бугариј

Во Националниот дворец на културата во Софија синоќа се одржа заеднички настап на Македонската, Софиската филхармонија и Симфонискиот оркестар од Солун. На сцената беше изведена „Кармина Бурана“ од Карл Орф.

-Преполна сала, стоечки овации и долги аплаузи! Ова беше епилогот по моќната изведба на епската „Кармина Бурана" од Карл Орф којашто се случи во големата сала на НДК во Софија. Македонската филхармонија, Софиската филхармонија и Државниот оркестар на Солун, како и Софискиот филхармониски хор и солистите: нашата ѕвезда Ана Дурловски, грчкиот тенор Николас Спанос и бугарскиот баритон Иво Јорданов, брилјираа на сцената од каде зрачеа силни креативни вибрации, објавија од Македонската филхармонија на нивниот фејсбук профил.

Како што посочуваат, главниот „виновник" за овој спектакуларен концерт, маестралниот диригент Најден Тодоров не ја криеше неизмерната среќа што конечно се реализираше оваа идеја за уметничко сплотување на, како што и самиот истакна, три оркестри во едно тело

-Вечерва се потврди уште еднаш дека музиката не разбира граници, туку ја возвишува секоја идеја и мисла во чиста убавина, потенцираат од Филхармонија.

Покана од Бигорски за заедничко одбележување на именденот на епископ Антаниски г. Партениј

Утре во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна архиерејска богослужба. 

Празнувајќи го споменот на отецот меѓу светиите Партениј Лампсакиски Чудотворец, како и по повод именденот на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, Свештената бигорска Обител, упати покана за заедничко одблежување на овој светол спомен.

-Утре во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна архиерејска богослужба. По Вечерната богослужба, во чест на именденот на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј предвидено е соборно дружење и послужение во свечениот манастирски синодикон. Во четврток во 6:30 часот ќе биде отслужена утрена богослужба, а во 8:45 часот ќе почне Светата архиерејска Златоустова Литургија, информираа од Бигорскиот манастир.

Благослов да присуствуваат имаат сите коишто сакаат да го прослават споменот на Свети Партениј Лампсакиски, заедно со монашко братство и сестринство. Имајќи го предвид бројот од над илјада верници кои во просек присуствуваа на одбележувањето изминатите години, масовно присуство се очекува и овој пат.

Минатата година на одблежувањето посебна чест беше присуството на Неговото Преосвештенство, епископот Аморејски и игумен на Свештената Обител на Влатадите во Солун г. Никифор, од Вселенската Патријаршија. Со него, допатуваа и студенти по православна теологија од повеќе помесни православни цркви, кои престојувале во студентскиот интернат во Влатадон. в

притисни ентер