Путин на 7 февруари во Сочи ќе приреди прием за гостите на Олимпијадата

Претседателот на Русија, Владимир Путин на 7 февруари во Сочи во комплексот „Рус“ ќе приреди официјален прием во чест на високи лица, претставници на Олимписките игри. На приемот ќе бидат повикани 150 лица.

Во здравствениот центар „Рус“ ќе се одржи прием, за време на кој шефот на државата ќе се сретне со членови на Меѓународниот олимписки комитет. /Извор: Руска реч/

Во Украина уапсени две лица осомничени за шпионажа за Русија

Украинските безбедносни служби (СБУ) денеска соопштија дека уапсиле две лица осомничени за шпионирање за Русија.

Уапсените се претставувале како механичари, патувале на североистокот на земјата, лоцирале воени позиции и пренесувале информации за бомбардирање во Русија.

Според извештаите, тие имале задача да ги идентификуваат позициите на одбранбените линии на украинската армија во близина на Харков, кој беше цел на руски напади во последните недели.

Тие беа уапсени и обвинети за велепредавство, кривично дело казниво со доживотен затвор. /МИА

Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел

Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Аксел Витсел би можел да остане во клубот и следната сезона, објави денеска новинарот Фабрицио Романо, кој е добар познавач на трансфер пазарот.

Според изворот, раководството на Атлетико сака да го продолжи договорот со 35-годишниот Белгиец до лето 2025 година.

Оваа сезона Витсел одигра 46 натпревари, на кои постигна два гола.

Витсел во мај лани крај на настапите за репрезентацијата на Белгија за која дебитираше во 2008 година и со 130 натпревари е втор на вечната листа зад Јан Фертојген (147 настапи).

Атлетико Мадрид е четвртопласиран на табелата во Ла Лига на шест кола до крајот на сезоната. /МИА

Видео: Пожар зад Универзална сала, интервенираат пожарникарите и Итната помош

Пожар избувна во куќа на улицата „Костурски херои“, зад Универзалната сала во Скопје.

Како што објавуваат повеќе медиуми, на терен се присутни две противпожарни возила и две цистерни на противпожарната бригада и едно возило на Итната помош.

На социјалната мрежа „X“ се појавија и видео снимки од настанот.

Се уште не е познато дали има повредени.

Во тек е интервенција на екипите.

притисни ентер