ЈП Комунална хигиена-Скопје-Во текот на месецот октомври се подигнати и транспортирани 14 000 тони комунален отпад
1ЈП Комунална хигиена-Скопје-Во текот на месецот октомври се подигнати и транспортирани 14 000 тони комунален отпад
БалканПутин му ветил на Вучиќ дека цените на гасот нема да се менуваатСрпскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека со рускиот претседател Владимир Путин се договорил цената на гасот за Србија да не се менува во следните шест месеци и дека ќе остане на 270 долари за 1.000 кубни метри, пренесоа белградските медиуми.Вучиќ за ТВ Пинк во Сочи, каде што се сретна со шефот на руската држава, изјави дека во следните шест месеци ќе се зголемат количините на гас за Србија, оценувајќи дека е обезбедена и „флексибилност“ во снабдувањето. Тој, исто така, разговарал за долгорочен договор со Путин, но рече дека не може да зборува за неговите елементи додека не биде објавен. Вучиќ рече дека „поставени се некои рамковни елементи“, врз основа на кои Србија ќе има посебна цена и зголемување на обемот на испораките на гас и по истекот на шесте месеци. Од 270 долари, истакна Вучиќ, Србија заштедила повеќе од 300 милиони евра за шест месеци, во споредба со она што би го платила доколку би купила гас по сегашните берзански цени. Како што нагласи, Србија нема да има проблеми со снабдувањето со гас, а со тоа ниту со струја, ниту со парно греење. „Ова е спас за нас“, рече Вучиќ, тврдејќи дека во тричасовниот разговор Путин му поставил 90 прашања од различни области и дека „нема тема што не е допрена“. Тој изјави дека разговарале за ситуацијата во Косово и регионот и дека го информирал шефот на руската држава за „надворешните“ притисоци со кои се соочува Србија и за ситуацијата на северот на Косово. Станало збор и за соработка во железничката инфраструктура и воено-техничка соработка. „Го информирав и за различни промени во односите во регионот и се молев некои работи побрзо да стигнат во Србија“, рече Вучиќ, наведувајќи дека тоа се ракетниот систем Корнет, лансирните рампи и ракетите. Тоа не се стратешки работи, туку тактички и во иднина ќе има работи од стратешки интерес за Србија, а тоа, како што најави Вучиќ, „не во далечна иднина“. Според Вучиќ, Путин „со задоволство“ ја прифатил неговата покана да ја посети Србија, која се очекува меѓу мај и септември 2022 година. Тој ја пренел и пораката на Путин дека Србија нема да биде оставена на „цедило“ во работите каде Русија може да помогне.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Фудбал30-годишен шпански фудбалер почина по ужасен прекршок Шпанскиот фудбалер Хесус де Мигел Аламеда (30) починал денес, по тешка повреда здобиена за време на натпревар во шпанската втора лига помеѓу Тенерифе и Андора. Тажната вест ја соопшти неговиот клуб, Тенерифе, потврдувајќи дека напаѓачот починал во 8:00 часот наутро по локално време. „Скршени од тага, со стегнати грла и не можејќи да поверуваме дека ова е вистина, ЦД Тенерифе ја објавува трагичната вест дека Хесус де Мигел Аламеда починаво вторник, 3 ноември 2026 година, во 8:00 часот наутро. Не постојат зборови за утеха, нема апсолутно ништо што може да ја ублажи оваа огромна тага. Стоиме покрај неговото скршено семејство, неговите блиски и сите навивачи на Тенерифе, кои денес тагуваат поради овој суров исход. Семејството на Хесус де Мигел изразува благодарност за секој гест на поддршка, а истовремено упатува и искрена молба за максимално почитување на нивната приватност во овие ужасни моменти“, соопштија од Тенерифе. Rotos de dolor, con un nudo en la garganta y sin poder creer que esto sea verdad, desde el CD Tenerife comunicamos el trágico fallecimiento, este martes, día 3 de noviembre de 2026, a las 8:00 horas, de Jesús de Miguel Alameda. No hay palabras de consuelo; no hay absolutamente nada que mitigue este sentimiento repleto de tristeza. Estamos junto a su desolada familia, junto a sus seres queridos, junto a todo el tinerfeñismo que hoy llora por este cruel desenlace. La familia de Jesús de Miguel agradece todas y cada una de las muestras de apoyo recibidas, e igualmente solicita, de corazón, máximo respeto a su privacidad, en estos terribles momentos. 🖤 DEP — CD Tenerife 🏴 (@CDTOficial) November 3, 2026 Трагедијата се случила по натпреварот помеѓу Тенерифе и Андора, одигран во понеделникот на стадионот „Хелиодоро Родригез Лопез“. Во судиското надополнување, при нерешен резултат 2–2, Де Мигел тргнал кон топката, обидувајќи се да организира контранапад за домашниот тим. Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча далеку од својот гол за да ја пресече акцијата, при што дојде до судир со напаѓачот на Тенерифе. Во обидот да интервенира, Овоно несреќно со нога силно го удри Де Мигел во глава играчот падна на теренот и ја изгуби свеста. 😱 Así fue el golpe de Owono sobre Jesús de Miguel que dejó fulminado en el suelo al jugador del Tenerife #LALIGAHYPERMOTION https://t.co/6xWHg7OwRF — Diario AS (@diarioas) November 2, 2026 Фудбалерите од двете екипи веднаш побараа лекарска помош, а глетката на теренот предизвика голема загриженост и кај играчите и кај гледачите. Медицинскиот тим му пружи помош на Де Мигел на самиот терен, по што тој беше изнесен на носила и внесен во возило на брза помош. Според извештаите на шпанските медиуми, фудбалерот доживеал срцев удар, но медицинскиот персонал успеал да го реанимира. Натпреварот беше прекинат и не продолжи. Поради прекршокот, на Овоно му беше покажан директен црвен картон. Де Мигел беше примен на одделението за интензивна нега во Универзитетската болница „Нуестра Сењора де Канделарија“ во Санта Круз, Тенерифе. Во понеделникот вечерта, клубот соопшти дека неговата состојба е стабилна, но сепак сериозна. Сепак, во текот на ноќта неговата состојба се влошила. Во раните утрински часови денес од Тенерифе известија дека невролошката состојба на фудбалерот се влошила. Неколку часа подоцна, клубот ја објави трагичната вест за неговата смрт. Де Мигел е роден во Мадрид, а во Тенерифе пристигна во летото 2025 година од Кастељон. Претходно настапуваше за неколку шпански клубови, при што особено се истакна за време на престојот во Кастељон, каде што му помогна на тимот да избори пласман во втората шпанска лига. Во Тенерифе пристигна како клучно засилување во нападот и набрзо стана еден од најистакнатите играчи во тимот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисЃоковиќ за промената на власта: Секогаш сум го претставувал својот народ, а не ВладатаНајтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ зборуваше за политичките промени во неговата земја на прес-конференција пред почетокот на Мастерсот во Париз.Ноле истакна дека во текот на својата кариера го претставувал својот народ и изрази надеж дека неговата земја ја очекува подобра иднина. Повод за тоа било прашање од новинар кој претходната недела престојувал во Србија. Тој го пренесол впечатокот дека никогаш нема видено толку многу среќни луѓе, но и ставовите на соговорниците кои сметаат дека Ѓоковиќ претходно бил изложен на неправедни критики и обиди за дискредитација од страна на државниот врв. Новинарот се интересирал како тој се справува со еден таков однос, особено со оглед на успехот што ѝ го посвети на Србија и патриотизмот што го истакнуваше. Ѓоковиќ одлучи одговорот да го насочи кон иднината. – Нема да зборувам за минатото, ниту пак ќе го коментирам. Минатото е минато и се надевам дека ова е нов почеток за нашата земја. Да, јас сум патриот, но секогаш сум го претставувал својот народ, а не Владата. Тука постои голема разлика. Среќен сум поради овие промени и се надевам дека нашата земја ќе напредува и ќе има добра иднина – рече Ѓоковиќ. Во продолжение на конференцијата, фокусот се префрлил на неговите спортски амбиции. Ѓоковиќ беше прашан за неговиот пристап кон натпреварувањата и за мотивацијата за настапи надвор од четирите најголеми турнири. По „Ју-Ес Опен“, тој почесто излегуваше на теренот, па новинарите се заинтересираа дали ги променил своите приоритети. Неговиот одговор покажа дека грен слем турнирите сè уште заземаат посебно место во неговите планови. – Грен слем турнирите, се разбира, сè уште се најважните турнири што ги имаме. За мене, а верувам и за 99 отсто од играчите. Тоа се историските столбови на нашиот спорт, турнири на кои сакате да го прикажете својот најдобар тенис и да го запишете своето име во историјата. Сè уште сакам да го дадам својот максимум на грен слем турнирите, но, секако, би сакал да играм добро и на другите турнири – изјави Ѓоковиќ.Тагови: Балкан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје-Во текот на месецот октомври се подигнати и транспортирани 14 000 тони комунален отпадВо текот на месецот октомври, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.Во истиот период, од јавни и сообраќајни површини се отстранети и 950 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад. Најголемо количество отпад од диви депонии -200 кубни метри- е подигнато во општината Чаир. Во текот на минатиот месец, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 83 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти што биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 47, се врачени на територијата на скопската општина Чаир. ЈП Комунална хигиена-Скопје преку рачно и машинско метење и миење секојдневно ја одржува јавната хигиена на скопските булевари и улици, како и плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода" и целокупниот простор на Старата скопска чаршија. Вработените во администрацијата на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во текот на месецот октомври земаа учество и во масовната еколошка акција „Не оставај ѓубре, остави пример“, организирана од Градот Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter