Путин му посака успех на новиот ирански врховен лидер - Канал 5

Путин му посака успех на новиот ирански врховен лидер

Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Моџтаба Хамнеи по повод неговиот избор за врховен лидер на Иран, соопшти Кремљ.

Путин му посака успех на новиот ирански врховен лидер

„Почитуван господине Хосеини Хамнеи, примете ги моите искрени честитки по повод Вашиот избор за врховен лидер на Исламската Република Иран“, се наведува во пораката објавена на веб-страницата на Кремљ.

Путин во пораката ја потврди поддршката на Москва за Техеран.

„Од своја страна би сакал да ја потврдам нашата непроменета поддршка за Техеран и солидарноста со нашите ирански пријатели. Русија била и ќе остане сигурен партнер на Исламската Република“, се додава во честитката.

Рускиот претседател оцени дека новиот ирански лидер се соочува со тешки предизвици.

„Сега, кога Иран се спротивставува на вооружена агресија, Вашата работа на оваа висока функција несомнено ќе бара голема храброст и пожртвуваност“, наведува Путин.

Тој изрази уверување дека Хамнеи „достојно ќе го продолжи делото на својот татко и ќе го обедини иранскиот народ пред сериозните искушенија“.

„Ви посакувам успех во решавањето на сложените задачи што се пред Вас, како и добро здравје и сила на духот“, се додава во пораката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите погодија едно од најголемите фармацевтски складишта во Украина (ВИДЕО)

Во руски напад синоќа, логистичкиот комплекс на компанијата „Биокон“ во областа Бориспил во регионот Киев беше тешко оштетен.

Русите погодија едно од најголемите фармацевтски складишта во Украина (ВИДЕО)

Во руски напад синоќа, логистичкиот комплекс на компанијата „Биокон“ во областа Бориспил во регионот Киев беше тешко оштетен, потврди началникот на регионалната воена администрација на Киев, Тимур Ткаченко, како што објави „Украинска правда“. Станува збор за еден од најголемите специјализирани магацини за лекови во целата земја.

Штетата се мери во десетици милиони евра

Според извори од фармацевтскиот сектор кои разговараа со „Економска правда“, бизнис портал во рамките на „Украинска правда“, погоден е комплексот на „Биокон“. Соговорниците проценуваат дека штетата предизвикана во нападот може да достигне неколку милијарди гривни, што изнесува најмалку неколку десетици милиони евра.

Специјализиран магацин за странски компании

Компанијата „ХФК Биокон“ се занимава со фармацевтска логистика и складирање на медицински производи. Странските фармацевтски компании изнајмуваат фармацевтски магацини во своите простории, а компанијата им нуди и услуги за складирање лекови во царински магацин.

Во последните недели, руските сили значително ги засилија нападите врз магацините и логистичката инфраструктура низ целиот регион Киев.

Така, на 27 август, рускиот напад во истиот округ предизвика голем пожар во магацините. Само синоќа, руската армија ја нападна Украина со 163 борбени беспилотни летала, од кои украинската воздушна одбрана успеа да собори 135.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца Бугари се уапсени во Германија- подметнале пожар во близина компанија за одбранбена технологија

Германската полиција истражува сомнителен напад со палење на градилиште во близина на седиштето на компанијата за одбранбена технологија „Роде и Шварц“ во Минхен, за што се осомничени двајца Бугари.

Двајца Бугари се уапсени во Германија- подметнале пожар во близина компанија за одбранбена технологија

Германската полиција истражува сомнителен напад со палење на градилиште во близина на седиштето на компанијата за одбранбена технологија „Роде и Шварц“ во Минхен, соопштија властите, како што објави „Ројтерс“.

Портпаролот на баварската полиција потврди дека е отворена истрага за сомнителен пожар, но рече дека засега нема докази дека нападот бил конкретно насочен кон „Роде и Шварц“.

Портпаролот на полицијата изјави дека 28-годишна жена и 38-годишен маж, двајцата бугарски државјани, се уапсени во врска со инцидентот и дека се осомничени дека го започнале пожарот со молотов коктел.

Пожарот не предизвикал значителна штета и брзо бил изгаснат. Нема повредени, соопшти полицијата.

„Роде и Шварц“ потврди дека инцидентот се случил на градилиште во близина на нивното седиште.

Германските власти ја зголемија својата будност во последните денови во врска со можни напади врз инфраструктурата, откако владата оваа недела изјави дека Русија стои зад обидот за напад со беспилотни летала врз украински товарен авион на аеродромот Лајпциг/Хале минатиот месец.

Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт изјави дека странските сили, особено Русија, би можеле да ги користат левичарските екстремистички групи како посредници за извршување саботажи. Тој предупреди дека некои од овие групи сè повеќе ги усвојуваат руските ставови и наративи во врска со војната во Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавна презентација на Нацрт ДУП-от за Барутана на Водно

За Нацрт ДУП-от за Барутана на Водно денеска во Општината Центар се одржа јавна презентација..од шанса за центар стравуваат дека ако планот помине ќе се сечат 9000 квадрати шума и зеленило.. 

Јавна презентација на Нацрт ДУП-от за Барутана на Водно

Стручните служби на Општина Центар денес пред граѓаните и советниците го презентираа Нацрт-деталниот урбанистички план „Барутана“, со кој на падините на Водно се предвидуваат нови објекти за домување, старечки дом и верски објект, на простор за кој дел од присутните предупредуваат дека е под влијание на ерозивни процеси.

На јавната презентација се отворија повеќе прашања – што точно ќе се гради, колку новата градба дополнително ќе ја оптовари населбата и дали решенијата вцртани во урбанистичкиот план воопшто можат безбедно да се реализираат на стрмниот терен.

Граѓанската иницијатива и советничката група „Шанса за Центар“ покренаа петиција за повлекување на Нацрт-деталниот урбанистички план за локалитетот Барутана на Водно, со барање да се преиспитаат предвидените нови градби во овој дел од планината.

Од иницијативата предупредуваат дека планираната изградба на десетици објекти на стрмниот и пошумен дел на Водно може да има негативно влијание врз природната средина, но и врз безбедноста и квалитетот на животот на жителите на Центар.

„Самото отсуство на градоначалникот зборува многу, дека тој нема доволно храброст да се соочи со своите граѓани. Станува збор за небезбеден план, план што бара инфраструктура на 75 проценти стрмност. План за кој ДЗС не дава стручно мислење за ерозија и свлечиште на земјиштето. Кој ќе ја сноси одговорноста ако тој план, кој петпати ги надминува параметрите на ГУП, го доведе во ризик животот на населението?“

Од стручните служби, пак, посочија дека просторот кај „Барутана“ не се планира за првпат, туку дека станува збор за плански континуитет. Со ДУП-от се опфатени околу 50 градежни парцели, а максималната висина на објектите е приземје и два ката. Полицискиот објект останува, а предвидени се и верски објект и старечки дом.

Планот предвидува и инфраструктурни зафати– резервоари, пумпна станица, трафостаници и нови канали кои, според планерите, треба да помогнат во заштитата од горноводњанските порои. Предвиден е и заштитен појас.

Граѓаните посочија и дека во планот има вцртани улици за кои сметаат дека тешко или воопшто не можат да се реализираат на ваков терен. Забелешки имаа и за состојбата со зеленилото и дрвјата, но и за досегашното урбанистичко уредување на населбата.

„Одговорност има, но градоначалникот го нема. Кој ќе поднесе одговорност со овој план и со сите други активности со кои се уништува квалитетот на живот?“

Последниот збор, сепак, сè уште не е ставен на хартија. Граѓаните во рамките на јавната анкета можат да достават забелешки и приговори, по што ќе се види дали ДУП-от ќе остане во презентираната форма или ќе претрпи измени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер