Путин му даде сокол на подарок на саудискиот крал (ВИДЕО)

Кралски дочек му приреди саудискиот крал Салман бин Абдулазиз на рускиот претседател Владимир Путин.

Путин беше во прва посета на Саудиска Арабија по 2007 година . Тој имаше кралски пречек со почесната гарда и целиот владин кабинет.

Претседателот Путин, вчера за време на официјалната посета на арапската земја му даде специјален подарок од кралот- женски сокол од видот бели соколи од Камчатка.

Станува збор за женски јастреб по име Алфа кој припаѓа на еден вид што е во црвената книга на загрозени видови на Русија. Рускиот претседател објасни дека оваа птица грабливка потекнува од полуостровот Камчатка. "Тоа е многу добар вид сокол. Ние отворивме центар за размножување на Камчатка", изјави Путин .

Од своја страна, саудискиот крал му се заблагодари на рускиот претседател и му подари слика.

Соколот од Камчатка е најголем од сите видови соколи , со должина на телото на мажјакот која достигнува околу 56 сантиметри и онаа на женките околу 64 сантиметри. Светската популација на овие соколи се проценува на приближно 8,000-11,000 парови, од кои 3.500-5,000 живеат во Русија.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер