Путин ќе се вакцинира со руската вакцина пред заминувањето во Јужна Кореја

Рускиот претседател Владимир Путин планира да се вакцинира со новата руска вакцина против коронавирус, изјави денеска неговиот портпарол.

Путин планира да се вакцинира пред официјалното патување во Јужна Кореја, каде ќе се сретне со лидерот на таа земја, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како што пренесува руската новинска агенција ТАСС.

"Путин вчера доби покана од неговиот јужнокорејски колега. Тој потврди дека дефинитивно ќе ја прифати поканата кога ќе се вакцинира", рече Песков, но Кремљ не откри кога треба да се случи официјалната посета.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап вчера напиша дека во телефонски разговор двајцата лидери се согласиле Путин да ја посети азиската земја по понатамошно стабилизирање на состојбата со коронавирус.

Москва од следниот понеделник ќе ги затвори училиштата на две недели поради брзиот раст на бројот на заразени, објави денеска градоначалникот.

Русија во последните 24 часа евидентирала повеќе од 8,2 илјади нови случаи на инфекција, со што продолжи да расте бројот на новоинфицирани, што е најголем во последните три месеци.

Затворањето на училиштата од 5-ти до 18-ти октомври се смета за празник за учениците затоа што училишните часови нема да се префрлат онлајн, како што беше случајот за време на последниот карантин, соопштија од кабинетот на градоначалникот на Москва.

Градоначалникот Сергеј Собјанин ги советува семејствата да не ги носат своите деца на јавни места за да не се заразат.

"Значителен број на заразени, честопати без симптоми, се децата. Кога ќе дојдат дома, тие лесно го пренесуваат вирусот на возрасните и постарите членови на семејството кои се погодени од болеста многу потешко", рече Собјанин.

„Да го искористиме празникот како можност да ја забавиме инфекцијата и да го одржиме здравјето“, се додава во соопштението.

Тој им советува на постарите московјани да ја напуштаат куќата само ако е неопходно и ги замоли работодавците да овозможат работа од дома што е можно повеќе.

Песков минатата недела рече дека не се разгледува нов карантин на државно ниво.

Еден повреден во престрелка во паркот во Чаир

Во паркот на улица „Кемал Сејфула“ во Чаир денеска од огнено оружје било повредено едно лице. Случајот во СВР Скопје ги пријавиле од Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“, каде бил пренесен повредениот.

- Денеска (02.12.2024) од ГОБ „Св.Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х. од Скопје, кој според пријавеното, бил повреден во паркот на ул. „Кемал Сејфула“ во Скопје, информираат од МВР.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Германски клуб бил пред згаснување, неговите навивачи за два дена собрале милион евра

Љубителите на фудбалот во Германија се од посебен вид, а тоа го покажа уште еден случај во текот на претходната недела.

Имено, четвртолигашот Либек беше на работ на згаснување, се додека неговите поддржувачи не изреагираа.

Клубот од северот на Германија минатата недела објави дека е пред банкрот и дека треба да собере милион евра за да преживее за помалку од 48 часа. Секој би рекол - невозможна мисија.

Но...

Навивачите на Либек веднаш започнаа акција и во експресно време ги собраа потребните пари и собраа доволно за да го спасат клубот од згаснување. На настанот во Либек вчера вечер, претседателот на клубот, Дитер Гидел објави дека повеќе од 4.000 навивачи донирале пари и дека се собрани милион евра кои го спасиле клубот.

По 18 одиграни кола во четвртата лига на Германија, Либек е десетти на табелата во Регионалната лига Север со 25 бода, што е седум повеќе од зоната за испаѓање.

Израел запре ирански авион над Сирија под сомнение дека пренесува оружје за Хезболах

Два борбени авиони Ф-35 на израелските одбранбени сили (ИДФ) пресретнаа ирански товарен авион на компанијата Кешм Фарс Ер, осомничен дека носел оружје за Хезболах во Либан над Сирија.

Оваа акција се случила во ноќта меѓу саботата и неделата, дознава „Тајмс оф Израел“.

Ловците на израелското воздухопловство (ИАФ) го пресретнале иранскиот Боинг 747 и му наредиле да се врати назад, што и го направиле по кратко време.

Во последниве месеци, израелските одбранбени сили принудија неколку ирански товарни авиони да се вратат назад додека биле во сирискиот или ирачкиот воздушен простор, поради сомневање дека носат оружје за Хезболах. ИДФ соопшти дека, за време на прекинот на огнот, ќе продолжи да дејствува за да ги спречи сите испораки на оружје за либанската група, вклучително и напади врз пратки насекаде во Либан или Сирија.

Минатата недела, висок воен функционер рече дека ИДФ не само што ќе ги нападне пратките со оружје, туку дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ќе се соочи и со последици за помошта на Хезболах.

Неколку часа пред прекинот на огнот кој стапи на сила во средата рано наутро, ИДФ изврши напади на шверцерските рути на Хезболах.

притисни ентер