Путин ќе оди во Пекинг: Ова е прво негово патување во странство откако е распишана потерницата

Ова е прво негово патување во странство откако е распишана потерницата за негово апсење.

Рускиот претседател Владимир Путин ќе отпатува во пекинг во октомври на разговори со неговиот кинески колега Си Џинпинг, Што ќе биде негово прво познато патување во странство откако меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење. Путин ќе присуствува на третиот форум „појас и пат“, на кој Џинпинг го покани за време на посетата на Москва во март.

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин поради илегалната депортација на стотици деца од Украина, што москва го негира. Кремљ рече дека налогот е доказ за непријателството на западот кон Русија, која покрена кривична постапка против обвинителите на МКС и судиите кои го издадоа налогот.

Јанчев: Спроведено второ авионско прскање против комарци

Утринава беше спроведено второто авионско прскање против комарци, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Со третирањето беше опфатено течението на реката Луда Мара од с. Марена, целото градско подрачје, с. Ваташа па се до брана Моклиште.

Изведувач на работата е фирмата Бониер од Куманово, напиша Јанчев на социјалните мрежи.

Радев ќе го врачи вториот мандат за формирање влада

Претседателот на Бугарија, Румен Радев ќе го врачи денеска вториот мандат за формирање влада.

Се очекува мандатот да биде доставен претпладнето и веднаш да го врати втората по големина пратеничка група во Народното собрание - „Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ).

Според одредбите од бугарскиот Устав, по враќањето на тој мандат за формирање влада, претседателот на државата во рок од седум денови и наложува на следната по бројност пратеничка група да предложи кандидат за премиер.

Во случај и тие да не успеат да формираат редовен кабинет, претседателот закажува нови избори и именува нов привремен кабинет.

За Харис за еден ден донирани 46,7 милиони долари

Организацијата за собирање средства за демократите „АктБлу“ (ActBlue) синоќа соопшти дека е регистрирана најголема дневна донација за претседателската трка откако претседателот Џо Бајден се повлече и ја поддржа потпретседателката Камала Харис.

По започнувањето на кампањата на потпретседателката Харис до 21 часот (локално време) преку „Актблу“ собрани се 46,7 милиони долари.

Тоа е најголема сума собрана во кампањата 2024 година.

притисни ентер