Путин како корона суперхерој на социјалните медиуми - Канал 5

Путин како корона суперхерој на социјалните медиуми

Најавата дека Русија почна со производство на вакцина против  „Ковид-19“ ,не само што доведе до меѓународна загриженост во врска со нејзината безбедност, туку исто така создаде многу дезинформации и хумор на социјалните мрежи.

Путин како корона суперхерој на социјалните медиуми

Се појавија многу сатирични мемиња за Русија, споделени на голем број јазици. Некои го покажуваат рускиот претседател Владимир Путин како суперхерој, како Спајдермен или Ајронмен, кој го спасува светот.

Една од најпопуларните објави е онаа што го прикажува Путин како јава мечка со џиновски шприц на грбот.

Една верзија на овој мем, дури и погрешно тврди дека ја споделил самиот Путин.

Друг широко објавуван пост со кој се прославува најавата за вакцинирање во Русија се појави на Фејсбук страницата за поддршка на Путин и е споделена повеќе од 200.000 пати.

Тоа не е официјален профил на рускиот претседател, за кој се верува дека ги избегнува социјалните медиуми.

Но, многу десетици илјади луѓе кои коментираат на бројни јазици на објавата, јасно веруваат дека е така.

Виралниот пост го споредува првиот советски сателит кој „го отвори патот за хуманоста во вселената“ со руската вакцина која „ќе го отвори патот кон иднината без„ Ковид 19 “, маски и социјална изолација“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бебе спасено од урнатините по земјотресот во Колумбија

Бебе старо шест месеци е извлечено живо и здраво два дена по земјотресот што ја погоди Колумбија..

Бебе спасено од урнатините по земјотресот во Колумбија

Детето било спасено, откако маж кој бил исто така заробен под урнатините во градот кали барал помош, алармирајќи дека покрај себе има мало бебе.. Граѓани и спасувачи веднаш почнале со голи раце да ги отстрануваат парчињата бетон додека не стигнале до него и бебето.

YouTube video

Според официјалните податоци, во земјотресот од 7,4 рихтерови степени, досега потврдена е смртта на над 200 лица, додека спасувачките тимови трагаат по околу 3.000 луѓе..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици.

Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело против животната средина и идентификувани сторители, јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија стави два авиона за гаснење пожари на располагање на ЕУ

Македонија се вклучи во заедничкиот европски систем за одговор при елементарни непогоди, ставајќи на располагање два противпожарни авиона за поддршка на земјите погодени од летните пожари.

Македонија стави два авиона за гаснење пожари на располагање на ЕУ

Преку механизмот за Цивилна заштита на Европската унија, кандидатите и земјите партнери од Западен Балкан ги здружуваат силите со членките на Унијата за побрза координација и реакција на терен.

Покрај воздушната поддршка од Западен Балкан, на терен се распоредени 777 пожарникари од 14 европски земји, меѓу кои се и противпожарните тимови од Молдавија.

Овие ресурси се претходно позиционирани во високоризичните зони во јужна и централна европа за да овозможат брзо локализирање на огнот во почетната фаза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер