Путин и Си го потврдија партнерството соочени со трговските ограничувања на ЕУ и САД - Канал 5

Путин и Си го потврдија партнерството соочени со трговските ограничувања на ЕУ и САД

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг го потврдија нивното блиско партнерство, кое е присутно во автомобилскиот и енергетскиот сектор.

Путин и Си го потврдија партнерството соочени со трговските ограничувања на ЕУ и САД

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг го потврдија нивното блиско партнерство, кое е присутно во автомобилскиот и енергетскиот сектор, за време на денешниот состанок во Москва, одбележувајќи 80 години од крајот на Втората светска војна.

- Во услови на тешка геополитичка ситуација и глобална неизвесност, руско-кинеската надворешно-политичка врска е најважниот стабилизирачки фактор на меѓународната сцена, изјави Путин.

Кина е клучен купувач на руски суровини како гас и нафта, чија продажба го полни воениот фонд на Русија за конфликтот што го почна со Украина пред повеќе од три години, пренесе ДПА.

Рускиот министер за енергетика Сергеј Зивилјов, осврнувајќи се на плановите на ЕУ да престане да користи руски гас до 2027 година, изјави дека Москва ќе најде други купувачи. Тој уште еднаш ги нарече „нелегални“ западните санкции воведени како одговор на војната на Русија против Украина.

Колку повеќе Русија се оддалечува од Западот, толку повеќе се потпира на своето стратешко партнерство со Кина. Според официјалните податоци, билатералната трговска размена минатата година се зголемила на 245 милијарди долари, пренесе ДПА.

Си изјави дека Русија и Кина ја продлабочиле нивната меѓусебна политичка доверба за време на состанокот во услови на невидени глобални промени, јави кинеската државна агенција Синхуа.

Русија е важен пазар за кинески автомобили и со американските најнови царини, Кина изјави дека сака да работи со Русија за да ги одбрани интересите на двете земји од „унилатерализмот и малтретирањето“.

Тој термин е фраза што Кина ја користи во однос на нејзините трговски спорови со САД. Унилатерализмот се однесува на стратегија на држава да ги приоритизира сопствените интереси без оглед на меѓународните партнери или организации.

Кремљ го покани Си како главен гостин на прославите по повод одбележувањето на победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Москва традиционално го одбележува крајот на војната на 9 мај со голема воена парада на Црвениот плоштад.

Прикажувањето на оружје предизвика критики, особено од Западот, поради војната на Путин против Украина.

Кина официјално се опишува себеси како неутрална во војната во Украина. Сепак, земјата се соочи со меѓународни критики за поддршка на Русија за време на инвазијата.

Кина го слави крајот на Втората светска војна на почетокот на септември. Путин изјави дека планира да направи возвратна посета на Народна Република Кина во тоа време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, од општина Брвеница, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ.

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, од општина Брвеница, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ, туку во вториот круг од локалните избори застанала зад кандидатот на НАИ.

Стојаноска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во првиот круг го поддржале својот кандидат Стојанчо Радичевски, додека Вреди настапила со сопствен кандидат, за во вториот круг да се приклучи кон кандидатот на НАИ.

„Видете, јас не верувам дека вреди е некој голем фактор во општина во Брвеница, впрочем, тоа го покажа и резултатите од првиот круг на изборите тука. Инаку, јасно, ние на овие избори работевме одделно, односно, нашата партија заедно со коалицијата Твоја Македонија застана зад нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, додека вреди во првиот круг работеше за нивниот кандидат, а во вториот круг одлучи да се приклучи на кандидатот на НАИ.

Стојаноска упати критики и кон коалицијата Вреди, обвинувајќи ја дека во вториот круг од изборите во Брвеница одиграла во корист на ДУИ, наместо да ја искористи можноста да покаже дека е политички различна од оваа партија, оценувајќи дека Вреди одиграла улога на „Тројански коњ“.

Жалиме што ете Вреди не ја искористи оваа прилика да покаже дека се поразлични од ДУИ туку, исто како и СДС и Левица. Мислам дека ја одиграа улогата на тројански коњ и одиграа за ДУИ, односно ги раштрка гласовите од гласачкиот базен. Што се однесува за тестот на владината коалиција, мислам дека локалните избори во Брвеница нема да бидат тест за оваа владина коалиција. Туку напротив, тест за коалицијата е реализацијата на владината програма, која што за сега сметам дека се одвива според планираното“, вели Стојаноска.

Осврнувајќи се на изборните резултати и политичката состојба во опозицијата, Стојаноска оцени дека СДС по локалните избори станала маргинална политичка партија, за што одговорност му припиша на партиското раководство предводено од Венко Филипче.

„Така, СДС стана, би рекла, маргинална партија после овие локални избори, особено заради катастрофалното нејзино раководење од страна на Венко Филипче. И јас сметам дека венковистите може би сега и би се радувале или навиваат да победи нивниот партнер ДУИ, што впрочем докажува дека секогаш кога ќе ги споменеме ДУИ и СДС, треба да сме свесни дека станува збор за две различни страни од една иста паричка“, рече Стојаноска.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.

ЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар

Во конфликт меѓу навивачки групи пред влезот на С.Ц „Јане Сандански“ осомничениот задал удар во глава на дете од спротивниот табор. Оштетеното дете од ударот се онесвестило и паднало на земја и со контузија на главата било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот кои треба да бидат сослушани, но и да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот 20-годишник да му биде определена мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јотова во водство на претседателските избори во Бугарија

Според излезните анкети Илина Јотова ќе биде прва жена претседател на Бугарија.

Јотова во водство на претседателските избори во Бугарија

По вториот ккруг избори денеска неколку анкети за испитување на јавното мислење и даваат на јотова околу 52 проценти од гласовите .

Поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров, кој има поддршка од прозападните опозициски партии, имал околу 44 % од гласовите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер