3Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување
СветПутин ги потпиша законите за анексија на украинските територииВладимир Путин ја финализира анексијата на четирите украински региони, Европската Унија возврати со нов пакет санкции. Војната во Украина влегува во нова уште понепредвидлива фаза, паралелно со напредувањето на украинските сили и ѕвечкањето на Путин со нуклеарно оружје. Иако официјално не се познати сите детали од осмиот пакет санкции, познато е дека новите рестрикции треба да ѝ нанесат на руската економија удар од најмалку седум милијарди евра. Предвидено е ограничување на цената на руската нафта, како и забрана за извоз на повеќе клучни руски технологии.. Во обраќањата во Европскиот парламент Лајен и Борел предложија и ограничување на цената на природниот гас за производство на струја. Порачаа дека во Украина се решава иднината на Европската Унија. -Поради тоа е важно, како што Европа се откажа од старите империјалистички намери, и Русија да се откаже од тоа. Оваа војна мора да заврши само на начин кој ќе обезбеди мир. А, за да постигнеме мир, Украина мора да ја поврати територијалната целовитост и суверенитет, а Русија да преземе одговорност за својата неморална политика во оваа војна. , изјави Жосеп Борел, шеф на европската дипломатија. Претходно, денеска Путин ги потпиша федералните уставни закони за присоединување на Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон кон Русија и како привремени шефови на овие региони ги именуваше актуелните проруски лидери. Западните и украинските извештаи велат дека ниту еден од четирите анектирани региони не се под целосна контрола на Русија, поради брзиот пробив на укранските сили на истокот и на југот. -Само оваа недела, по рускиот псевдореферендум, беа ослободени десетици населени места. Сите тие се наоѓаат во областа Керсон, Харков, Луганск и Доњецк. Нашите војници не запираат. И само прашање на време е кога ќе го истераме окупаторот од целата наша земја. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина. Американските власти денеска соопштија дека немаат индиции дека Русија се подготвува да употреби тактичко нуклеарно оружје, по информациите и снимките во дел од медиумите дека Русија наводно испратила воз со нуклеарно оружје во Украина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00
МакедонијаАкција за отстранување на хаварисани возила низ КарпошСекторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, вчера спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа.Акцијата се одвиваше во реонот на У.З. „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска постапка. Целта на оваа иницијатива е ослободување на јавните површини, како и подобрување на квалитетот на здравата животна средина. Општина Карпош апелира на совесно однесување на граѓаните, во насока на заедничко дејствување за почист Карпош. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМЕРМС организира свеченост по повод денот на рударитеПо повод денот на рударите, во организација на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска ќе бидат доделени пофалници и признанија на најуспешните рудари за нивниот ангажман, посветеност и придонес во текот на 2025/2026 год.Со овој настан, како што нагласуваат од ресорното министерство се оддава признание на трудот и посветеноста на рударите, како и на нивната значајна улога во развојот на рударскиот сектор и економијата.Тагови: Денот на македонските рудари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАнгелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупувањеВо изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани биле вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои, како што соопштија од Центарот за управување со кризи, три се се уште активни, четири се под контрола, а 24 се изгПожарот кој вчера избувна на кавадаречката депонија и набрзо се проширил и надвор од неа, доцна синоќа како што соопшти првиот човек на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Англеов, бил делумно изгаснат и започнало затрупување на депонијата за да се запре чадењето. Градоначалникот на кавадарци Митко Јанчев на социјалните мрежи напиша дека пожарот, според нивните првични сознанија и начинот на неговото избивање покажува индиции дека е подметнат и ги повика надлежните да го истражат случајот до крај. А доцна синоќа изгаснат бил и пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter