МВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајот
2МВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајот
БалканПустош на Халкидики - тројца загинати, вонредна состојба на Родос и Лимнос(ВИДЕО)Силното невреме што ја зафати Грција направи катастрофа на Халкидики.На социјалните мрежи се појави видео од последиците од невремето, по што многу објекти останаа под вода. Бројот на жртвите од невремето во Грција се искачи на тројца. View this post on Instagram A post shared by MediaPortalTV (@mediaportaltv) Омиленото одморалиште на Македонците претрпе голема материјална штета, што може да се види на ова видео. Маж е пронајден мртов денеска на полуостровот Халкидики, откако неговото возило се превртело поради лизгање на земјиштето и слетало во канал, објави весникот „Катимерини“. Rodos, Yunanistan pic.twitter.com/0SfjvqHL5J — ─ Yakup ─ (@KarakasYakup) November 30, 2024 Уште две лица го загубија животот за време на викендот во невремето што го погоди островот Лимнос во северниот дел на Егејското Море. Поројниот дожд и невремето предизвикаа значителни штети на Халкидики, особено во Ситонија, каде се поплавени куќи, подруми и продавници, а патиштата се непроодни поради одрони. Невремето предизвика штети и на Родос, каде што беше урнат мост во одморалиштето Фалираки, а оштетени се куќи и продавници на брегот, пренесе Ројтерс. На Родос и Лимнос е прогласена вонредна состојба со одлука на генералниот секретар на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита, по барање на градоначалниците на двата острови. Почна и формирањето на комисии за проценка на штетите од невремето Бора. Severe flooding in Limnos Island, Greece today due to heavy rain November 30, 2024 #flood #inundación #inondations #Greece #Limnos #Lemnos #alluvione pic.twitter.com/gAyIfk1E8r — Disasters Daily (@DisastersAndI) November 30, 2024 Што се однесува до Родос, на барање на градоначалникот Александрос Колиадис, општината официјално прогласи вонредна состојба попладнево од страна на генералниот секретар за цивилна заштита, Василиос Папагеоргиу. Важно е да се напомене дека во саботата Родос ја доживеа најголемата поплава во својата историја. Според изјавите на гувернерот на Јужен Егеј, Јоргос Хацимаркос, жителите на Родос во саботата имале исклучително тешка ноќ. "Родос беше сериозно тестиран. Беше неопходно да се спроведат десетици спасувачки операции во исклучително тешки услови, во кои во некои случаи беше неопходно да се спасат самите спасувачи. Островот беше засилен со силите за итни случаи кои пристигнаа со специјален лет од Атина. Од зори преку системот 112 е испратена итна порака со која се забранува движење. Напоменувам дека забраната за движење е во сила 24 часа во постојана комуникација со Министерството за цивилна заштита.“ Απίστευτα πράγματα. Τι θα φανερωθει με το πρώτο φως της ημέρας.#Ρόδος #Κακοκαιρία_BORA #πλημμύρες #κακοκαιρία pic.twitter.com/PpxmCnAKca — Εποχικοί Πυροσβέστες (@epoxpyrosvestes) December 1, 2024 Пријавени се големи штети на патната инфраструктура, како и на куќи и деловни објекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНУ Народен театар Битола со уште една хуманитарна акција, овојпат за СОС Детско село МакедонијаНародниот театар Битола се приклучува на хуманитарната кампања на СОС Детско село Македонија.Публиката на Битолскиот театар знае што значи да се биде хуман. А сега повторно има можност, заедно со НТБ да направи нешто добро за децата на кои им е потребна нашата поддршка. Имено сите средства од продадените билети за 100.изведба на претставата „Кокошка“, која ќе биде изведена на 24.октомври од 20 часот, ќе бидат донирани за децата од СОС Детско село. Една од најбараните комедии на НТБ, претстава која ја сака публиката и овојпат ќе има уште едно посебно значење. Комедијата на Николај Кољада, во режија на Марјан Георгиевски, ве води низ свет каде што амбициите, љубовта, суетата и желбата за успех се судираат на најнеочекувани и најкомични начини. Претставата со брилијантен хумор, живи дијалози и препознатливи ситуации, ја освојува публиката затоа што сите се пронаоѓаме во неа. Смеата доаѓа природно, искрено и – до солзи. За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, драматург Оливера Павловиќ. Во претставата играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски, Николче Пројчевски. „Дојдете да се смееме, да го прославиме 100-тиот пат на „Кокошка“ и, со еден едноставен билет, да бидеме дел од нешто поголемо од самата претстава. Еден град. Еден театар. 100 пати „Кокошка“. И многу детски насмевки што можеме да ги помогнеме“, велат од НТБ. 🎟️ Влезници на билетарницата на НТБ и онлајн на https://narodenteatarbitola.com/events/kokoshka-28/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34
МакедонијаДокторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултетДокторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет, порачувајќи дека и покрај нарушеното здравје, си заминува со крената глава затоа што, како што напиша на Фејсбук.Докторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет, порачувајќи дека и покрај нарушеното здравје, си заминува со крената глава затоа што, како што напиша на Фејсбук , укажал на неправдата со која се соочуваат дел од медицинските лица. Василевски посочува дека се надева оти неговиот случај ќе биде поттик во иднина повеќе и погласно да се зборува за ваквите ситуации. „Денес, по краткиот разговор со деканот на Медицинскиот факултет, сфатив дека како Дон Кихот, се борам со ветерници и имам преголеми очекувања од институциите“, напиша Василевски, додавајќи дека во текот на речиси една недела очекувал некој да го праша како е, да побара решение или да му понуди конкретен разговор.Тој се осврна и на реакциите од дел од своите колеги, од кои, како што наведува, очекувал барем збор на охрабрување. Според него, бил претставуван како неработник, а негови лични податоци биле јавно објавувани со цел да биде дискредитиран. Василевски вели дека не жали што го кренал гласот и што сам се обидел да се избори за себе и да укаже на неправдите.„ наведува тој. Василевски додава дека фер и транспарентната постапка ќе биде предмет на проверка пред надлежните инспекциски и судски органи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34
МакедонијаМВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајотДо 11 овој месец, министерството за внатрешни работи ќе спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди од учесниците во сообраќајот.Од МВР велат дека акцијата е дел од меѓународната кампања на Roadpol, „Focus on the road“, и ќе се спроведува истовремено во 34 европски држави. Целта, како што велат, е намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. „Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира“,се вели во соопштението од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34