Пуштени во оптек новите монети од една фунта со ликот на британскиот крал - Канал 5

Пуштени во оптек новите монети од една фунта со ликот на британскиот крал

 Кралската ковачница на Велика Британија официјално ги пушти во оптек новите монети од една фунта со ликот на британскиот крал Чарлс Трети. 

Пуштени во оптек новите монети од една фунта со ликот на британскиот крал

Притоа колекционерите се охрабрени да посведочат и да ја побараат оваа историската промена од национално значење.

Безмалку три милиони нови парички ќе се најдат во џебовите на Британците од оваа недела, преку поштите и банките ширум Обединетото Кралство. На монетата се прикажани две пчели, на задната страна - во чест на посветеноста на кралот на зачувувањето на природата и живиот свет, и - ликот на монархот на предната страна од паричката, пренесува „Манчестер ивнинг њуз“ (Manchester Evening News).

Банкнотите со ликот кралот беа пуштени во оптек во јуни.

Ребека Морган, одговорната личност во Кралската ковачница за дизајнот на новата монета, рече дека Ковачницата ги направила монетите за секој од британските кралеви уште од Алфред Велики.

- Знаеме дека ќе има метеж од возбуда меѓу колекционерите и во јавноста за да се добие овој посебен дел од историјата, во нивното „ситно“. Се надеваме дека дизајните ќе поттикнат важни разговори за зачувување на овие важни примероци, вели Морган.

Занимливо е и тоа што бројот 1 е поголем, „за да им помогне на децата во совладувањето на вештините за броење“, како што се наведува. Вкупно 2.975.000 монети ќе бидат во оптек заедно со оние со ликот на покојната кралица Елизабета Втора, кои ќе бидат заменети со текот на времето кога ќе се оштетат или истрошат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германец снимал голи деца во Истра со својот мобилен телефон

Истриската полиција поднесе кривична пријава против 66-годишен германски државјанин за експлоатација на деца за порнографија, обвинувајќи го дека тајно снимал голи деца во туристички објект со својот мобилен телефон.

Германец снимал голи деца во Истра со својот мобилен телефон

Осомничениот германски државјанин бил откриен од вработен во компанија за обезбедување во туристички објект во Истра околу 15 часот во понеделник. Полициските службеници го уапсиле човекот и спровеле кривична истрага, при што пронашле инкриминирачки материјал за него.

По завршувањето на кривичната истрага, осомничениот бил однесен во притворската единица на Полициската управа на Истра вчера попладне.

Апел на полицијата до родителите

Ваквите кривични истраги покажуваат дека јавноста е сè повеќе свесна за проблемот со снимањето деца и дека граѓаните препознаваат сомнително однесување, што овозможува навремена реакција на полицијата и апсење на сторителите, изјави истарската полиција, која апелира до родителите да ги следат своите деца и да следат каде се и што прават на плажата.

Исто така, се повикуваат родителите веднаш да ја известат полицијата доколку забележат сомнително лице кое ги снима нивните деца.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јапонија ќе воведе 10 милиони роботи до 2040 година: „Помош“ во индустријата и здравството

Јапонската влада презентираше ревидирана стратегија за развој на роботиката, според која околу 10 милиони роботи треба да бидат распоредени во земјата во различни функции до 2040 година, првенствено поради недостигот на работна сила во земјата.

Јапонија ќе воведе 10 милиони роботи до 2040 година: „Помош“ во индустријата и здравството

Министерот за економија, трговија и индустрија, Рјосеи Аказава, објави дека стратегијата е проширена на 18 области, објавува порталот „techradar“.

Покрај традиционалната примена на роботите во индустријата, стратегијата е проширена за прв пат за да ги вклучи здравството и производството на храна и пијалоци.

Владата во Токио планира да воспостави национален центар за развој на роботика базирана на вештачка интелигенција, кој ќе координира истражување, развој, обука на персоналот и поширока примена на роботите во економијата.

Во центарот на стратегијата е „Noetra“, јапонски мултимодален модел на вештачка интелигенција дизајниран за контрола на роботи.

Конзорциумот што го развива Ноетра е предводен од „Softbank“, „Sony“ и „Honda“, додека „Fujitsu“ и „Rakuten“ би можеле да се приклучат на проектот.

Јапонските власти веруваат дека податоците собрани за време на долгорочната употреба на роботи во домови за стари лица, производствени погони, операции за спасување и рехабилитација на нуклеарната централа Фукушима ќе претставуваат клучна конкурентска предност за земјата.

Според министерот Аказава, идната конкуренција во областа на вештачката интелигенција нема да се базира само на компјутерската моќ, туку и на количината и квалитетот на достапните податоци за обука на системи за вештачка интелигенција.

Стратегијата предвидува дека технологијата развиена преку „Noetra“ ќе им биде достапна на јапонските компании и истражувачи, за да можат да развиваат роботи за различни индустрии, а подоцна да ги пласираат на странските пазари.

Во исто време, Јапонија сака да го поттикне развојот на вештачката интелигенција и роботиката надвор од Токио, за да може технолошкиот развој да се прошири порамномерно во другите делови од земјата.

Главната причина за таков амбициозен план е стареењето на населението во Јапонија и долгогодишниот недостиг на работна сила во земјата, што дополнително се влошува со рестриктивната имиграциска политика, според „techradar“.

Јапонските власти проценуваат дека роботите нема да ги заменат постојните вработени, туку ќе ги пополнат работните места за кои нема доволно работници.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љубомир Цуцуловски во „Само интервју“

Почитувани утре во Само Интервју ќе гостува професорот Љубомир Цуцуловски.

Љубомир Цуцуловски во „Само интервју“

Кос го пофали спроведувањето на Реформската агенда и не’ потсети за уставните измени... Која е главната пречка на Македонските интеграции, има ли или не, политичка волја за излезна стратегија?

Може ли партиите да се надминат себеси и да изградат национален консензус?

Опозицијата и фрли ракавица на власта, гласање на дијаспората за една изборна единица – кој прави театар, а чии заложби се искрени?

Кој си го одржува, а кој го погазува зборот, кој е за реформи, а кој за теснопартиски интереси?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски, гостува Љубомир Цуцуловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер