Пуштена во употреба првата специјално уредена просторија за работа со деца и ранливи категории лица во СВР Битола - Канал 5

Пуштена во употреба првата специјално уредена просторија за работа со деца и ранливи категории лица во СВР Битола

Денеска, во просториите на Секторот за внатрешни работи Битола, беше пуштена во употреба нова специјализирана просторија за работа со деца и други ранливи категории лица. 

Пуштена во употреба првата специјално уредена просторија за работа со деца и ранливи категории лица во СВР Битола

Активноста е реализирана во рамки на програмата „Шведска поддршка на полициските реформи во Северна Македонија“, поддржана од Владата на Кралството Шведска и Шведската агенција за меѓународен развој – СИДА, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На настанот присуствуваа заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени, амбасадорот на Кралството Шведска во Северна Македонија, Ола Солстром, и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, како и претставници на проектните тимови и полициски службеници.

Новата просторија претставува значаен исчекор во унапредувањето на условите за работа на полициските службеници кои постапуваат во случаи поврзани со деца – како жртви, сведоци или сторители на кривични дела – како и во случаи на семејно насилство. Просторот е опремен согласно меѓународните стандарди, со цел овозможување безбедна, соодветно прилагодена и чувствителна средина за разговор со малолетни и ранливи лица.

YouTube video

Министерството за внатрешни работи активно работи на воспоставување и унапредување на инфраструктурата и професионалните стандарди во оваа област. Во сите сектори за внатрешни работи постојат посебни простории за разговор со деца, а дел од нив ќе бидат реновирани или дополнително опремени согласно утврдените потреби. При секоја поголема реконструкција или изградба на полициски станици, ваквите простории се предвидени како составен дел од инфраструктурните планови.

Во тек е и изработката на Стандардни оперативни процедури за постапување со деца кои се во судир со законот, процес кој се реализира со поддршка од меѓународните партнери.

„Децата се нашето најголемо богатство и наша заедничка обврска е да обезбедиме услови за нивно безбедно и безгрижно детство. Кога малолетник учествува во постапка како сведок, жртва или сторител, институциите мора да гарантираат средина која е чувствителна на неговата возраст и потреби. Новата просторија во СВР Битола е важен чекор напред – не само во обезбедување достоинствен третман, туку и во превенирање на ревиктимизацијата преку современи технички решенија за документирање на разговорите.“, истакна во своето обраќање заменик министерот Исени.

YouTube video

Исени упати благодарност до Амбасадата на Кралството Шведска, СИДА и Мисијата на ОБСЕ за континуираната поддршка во подобрувањето на истрагите за малолетнички случаи и семејно насилство, како и за придонесот во унапредувањето на меѓуинституционалната соработка – клучен сегмент за успешно и навремено постапување, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на жртви од ебола во Конго надмина 5.000, стапката на смртност изнесува 48,6 отсто

Бројот на потврдени смртни случаи од ебола во Демократска Република Конго (ДР Конго) надмина 5.000, при што се регистрирани вкупно повеќе од 10.350 потврдени случаи, соопшти Министерството за јавно здравје, хигиена и социјална заштита.

Бројот на жртви од ебола во Конго надмина 5.000, стапката на смртност изнесува 48,6 отсто

Во соопштението се наведува дека, од почетокот на епидемијата, во ДР Конго се евидентирани вкупно 10.351 потврден случај и 5.026 смртни случаи, што претставува стапка на смртност од 48,6 отсто. Тековната епидемија на ебола започна на 15 мај во ДР Конго и Уганда.

На 28 јули, властите во Уганда објавија дека епидемијата во нивната земја е завршена.

Светската здравствена организација го потврди ова на 25 август. Во соседна Кенија, првиот случај на ебола беше потврден на 6 октомври, пренесува ТАСС.

Пациентот бил државјанин на Кенија кој претходно живеел во ДР Конго. Тој пристигнал во Најроби преку Уганда на 3 октомври, а починал на 5 октомври. До 19 октомври, во Кенија биле откриени вкупно осум случаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Флик: „Ламин Јамал добро го поднесе исходот во трката за „Златната топка““

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, вели дека најдобриот млад фудбалер на светот, нивната ѕвезда Ламин Јамал добро реагирал по разочарувачкиот исход во изборот за „Златната топка“.

Флик: „Ламин Јамал добро го поднесе исходот во трката за „Златната топка““

Многумина очекуваа, вклучително и самиот Јамал, дека престижниот трофеј ќе заврши во негови раце, но титулата за најдобар играч во Европа, изненадувачки, му припадна на Хари Кејн.

-Ова не беше добра вечер за Јамал ​​– какви што имало и други во неговата млада кариера. Како член на златната генерација светски шампиони, тој, разбирливо, имаше големи очекувања; сакаше да ја круниса неверојатната година со најпрестижниот индивидуален трофеј, а само тој знае како се чувствувал кога сфатил дека останал со празни раце.

Познато е дека ваквите моменти можат да го вознемират еден млад фудбалер, па иако ова можеби претставувало удар за Јамал, тоа траело кратко, бидејќи, според Флик, неговиот најдобар играч на крајот реагирал „многу добро“.

„Горд сум на Јамал ​​бидејќи реагираше навистина добро и гледам дека е фокусиран на тренинзите. Тоа е реакција на шампион“, изјави Флик. „Мило ми е што тој чекори во вистинската насока со својот менталитет, што е важно и за целиот тим“, додаде германскиот стручњак. На крајот, да потсетиме, Јамал ​​заврши дури на третото место, зад Кејн и Мбапе, според бројот на гласови. „На крајот на краиштата, и Хари заслужи награда“, рече Флик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантен пресврт во Шпанија: Пет исчезнати лица по железничката несреќа пронајдени живи

Пет исчезнати лица пронајдени живи, бројот на загинати би можел да надмине 70.

Шокантен пресврт во Шпанија: Пет исчезнати лица  по железничката несреќа пронајдени живи

Од 72 лица пријавени за исчезнати по железничката несреќа во Шпанија, петмина се пронајдени живи.

Тројца се пронајдени неодамна, двајца се наоѓаат во болница, а едно лице воопшто не се качило во возот, изјави Емилијано Гарсија-Пахе, претседател на регионалната влада на Кастиља-Ла Манча.

Според него, меѓу преостанатите 67 исчезнати лица има 14 странски државјани од Аргентина, Австралија, Канада, САД, Франција, Јапонија, Мексико, Чешка, Тунис и Венецуела, пренесува „Ел Мундо“.

Бројот на потврдени жртви во несреќата останува 69, но оваа бројка би можела да се зголеми откако ќе заврши ДНК-идентификацијата на пронајдените човечки останки, изјави Гарсија-Пахе на прес-конференција – на која присуствуваше и шпанскиот премиер Педро Санчез – одржана по состанокот на Координативниот центар за цивилна заштита (CECOPI).

Претседателот на Кастиља-Ла Манча појасни дека бројот на загинати изнесува 69, „врз основа на веродостојни податоци потврдени од правосудните органи и Граѓанската гарда“.

Сепак, тој додаде дека има 70 пријави за исчезнати лица, па постои можност конечниот број на жртви да надмине 70.

Пахе изјави дека има 31 вреќа што содржи човечки останки, како и дека нивното собирање и идентификација се „исклучително сложени“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер