МакедонијаПуштена во употреба нова детска градинка во Кисела ВодаПуштена во употреба нова детска градинка во Кисела Вода, листата на чекање во општината сведена на 20-тина дечиња.Во Општина Кисела Вода денеска беше пуштена во употреба нова детска градинка со капацитет за згрижување на 125 деца, инвестиција на Општината и донација од шест милиони денари на Комерцијална банка. Градинката „Верверичка“, која е дел од на ЈДГ „Весели Цветови“ располага со модерен и функционален простор од 525 квадратни метри и шест занимални. На официјалното пуштање во употреба присуствуваа заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и финансовиот директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, Маја Стевкова Штериева. Изразувајќи благодарност до сите инволвирани за реализацијата на проектот, Велковски посочи дека сите градоначалници треба да го следат примерот на Ѓорѓиевски, кој, како што рече, во еден мандат реконструирал повеќе од пет објекти и изградил детски градинки, со што ќе овозможат листата на чекање во секоја општина да биде нула. - Како Министерство за социјална политика, демографија и млади постојано сакаме да напредува системот за детска заштита. И затоа главниот фокус на нас како Министерство е детската заштита и демографијата. Овие две работи ги поврзувам од единствена причина што секој родител денеска во Општина Кисела Вода, во Скопје и во Македонија има право да работи, да биде ангажиран, а токму дечињата да си ја најдат својата среќа во ваквите објекти што ги градиме ние, истакна Велковски. Владата, нагласи, она што го ветила пред една година, е на половина пат од реализација. - Сметам дека за една година од денеска со сите објекти што ги очекуваме до крајот на годината, 15 низ цела Македонија, но и уште многу други, кои ќе бидат отворени во текот на 2026 година, листата на чекање од 4.000 дечиња да биде сведена на нула, рече Велковски. „Верверичка“, како што истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, е трета новоотворена градинка во изминативе четири години, откако ја води Општина Кисела Вода, а истовремено се градат уште две, во населбите Расадник и Потстаница. Дополнително, нагласи, извршиле доградба и во пет други градинки. - Овие инвестиции имаат конкретна и мерлива цел- целосно затворање на наследената листа на чекање за прием на деца во градинките која, на почетокот на мојот мандат, броеше 450 деца во двете градинки на наша територија. На ниво на цела општина, остануваат уште 20-тина деца кои чекаат прием, но согласно дадените ветувања и динамиката на работа, веќе извесно е дека ваквиот проблем во Кисела Вода ќе биде целосно решен, истакна Ѓорѓиевски. Отворањето на „Верверичка“, според него, значи и официјално затворање на листата во рамките на ЈДГ „Весели Цветови“, која на почетокот на неговиот мандат броела 180 деца. - Со отворањето на „Верверичка“, активната изградба на новите објекти и со проширувањето на капацитетите во три постојни градинки, Кисела Вода станува општина со место за секое дете. Едновремено, со ваквите вложувања, создаваме услови да помогнеме и на родители од соседните општини. Ова е пример како, преку јасна визија, соработка и вложување во раниот детски развој, можеме да создадеме општина која обезбедува еднакви можности за сите деца, подвлече градоначалникот. Финансовиот директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка Стевкова Штериева, посочи дека тоа е една од нивните најомилени донации со кои го одбележуваат јубилејот 70 години постоење. - Во годината во која одбележуваме 70 години од своето основање како банка можеме да забележиме дека сме посветени на продолжување на својата мисија за создавање подобра иднина за сите. Особено сме горди за нашиот придонес за подобра грижа и повесели денови на секое дете, бидејќи токму тоа е највредната инвестиција во нашата иднина. Можноста да придонесеме за развојот на децата и нивното весело детство на посебен начин ги топли нашите срца. Денес со голема радост можеме да го видиме резултатот и да се радуваме на детските насмевки што ќе ја исполнат градинката низ годините што доаѓаат, рече Стевкова Штериева. Градинката „Верверичка“ ќе почне со редовна работа веднаш по добивањето на решението од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Тошковски глуми експерт за вода, граѓаните на Гостивар се трујат а ВМРО-ОКГ тера бизнисВодата во Гостивар се уште е опасна, официјално се потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa.Над 50 населени места во земјава имаат загадена вода, тендер патриотите Мицкоски и Клековски ја отруја цела Македонија. И наместо одговорност за овој тотален колапс на здравството, владата на Мицкоски продолжува со импровизации кои го загрозуваат здравјето на луѓето и бизнис зделки на грбот на народот. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најавува „почести анализи“ на водата во Гостивар. Од кога министер за полиција е надлежен за анализа на водата? Нема место во светот каде министер за полиција, кој до вчера се занимаваше со хиперхлорирање, денес да глуми експерт за анализи на вода. Каде е министерот за здравство Сашо Клековски? Дали и тој е на екскурзија како Мицкоски? Најважното прашање е: што правеле досега? Зошто анализи најавуваат дури сега, откако илјадници граѓани завршија по амбуланти и болници? Со денови јавноста беше убедувана дека водата е „технички исправна“, но единствениот „доказ“ беше зборот на Мицкоски. Нема официјален документ. Нема потпишан извештај. Нема институција што презема одговорност и потврдила дека може да се користи техничка вода. Во меѓувреме, директор на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов јавно потврди дека во водата има бактерија. И сега повторно се врши хиперхлорирање. А кога се врши хиперхлорирање, тоа значи дека водата не е безбедна за употреба, ниту за капење. Тотален хаос, тотален распад. Сето ова се прави само за да се спаси една лажна изјава на Мицкоски. СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори постапка и да утврди кривична одговорност за свесното загрозување на здравјето на граѓаните. Одговорност мора да има за Христијан Мицкоски, Сашо Клековски и Панче Тошковски. И додека народот се труеше, Мицкоски и ВМРО-ОКГ имале други приоритети. Бизнис зделка од 100.000 евра за вода во Гостивар без тендер, без јавен оглас. Додека народот се труе, тендер-патриотите тераат бизнис. Никој нема право да си игра со здравјето на граѓаните, а уште помалку да профитира додека народот се труе. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамИџе со нов предизвик – прв македонски возач кој ќе настапи со прототип болидЕвропскиот автомобилски шампион Игор Стефановски – Иџе, започнува ново поглавје во својата богата тркачка кариера.По освоените европски титули и бројните успеси на најпознатите ридски патеки, оваа сезона тој ќе настапува со прототип болид, најмоќната и најпрестижната класа во ридскиот автомобилизам. Со овој историски чекор, Стефановски станува првиот македонски возач што ќе се натпреварува со прототип болид на официјални меѓународни натпреварувања, испишувајќи нова страница за македонскиот автомобилизам. „Отворам ново поглавје во мојата кариера. За овој момент сонувам цел живот. Ќе бидам првиот возач од Балканот кој ќе настапува со прототипот Норма, еден од само 12 вакви болиди произведени во светот. Станува збор за исклучително моќно возило, прототип чија технологија и перформанси се блиски до болидите во Формула 1. Денес го тестирам токму на Водно, местото каде што започна мојата тркачка приказна. Со овој болид влегуваме во нова категорија, со исклучително силна и бројна конкуренција. Верувам дека и во оваа класа ќе бидеме конкурентни и ќе се бориме за нови подиуми на европските ридски трки“, изјави Стефановски. Новиот прототип болид претставува врв на инженерството во ридскиот автомобилизам. Конструиран е исклучиво за натпреварување, со ултралесна шасија, исклучителен однос меѓу тежината и силата и аеродинамика што овозможува максимални перформанси на најтешките планински патеки. Управувањето со ваков автомобил бара врвна физичка подготвеност, големо искуство и беспрекорна прецизност. Со овој чекор, Игор Стефановски – Иџе не само што отвора ново поглавје во својата кариера, туку поставува нови стандарди за македонскиот автомобилизам, носејќи ја Македонија во највисоката класа на европските ридски натпреварувања.Тагови: Игор Стефановски Иџе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДрвошанов: Владата ја унапредува енергетската независност преку зелена транзицијаПриоритет на Владата од преземање на власта беше да ја зачува енергетската сигурност и да ги постави темелите на енергетиката.Приоритет на Владата од преземање на власта беше да ја зачува енергетската сигурност и да ги постави темелите на енергетиката , со најголемите законски реформи во последната деценија и силен инвестициски циклус во обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. Усвоивме нов Закон за енергетика, целосно усогласен со европските директиви и поздравен од Европската енергетска заедница, како и Интегрираниот национален план за енергија и клима (NECP) 2025-2030, со кој за првпат се воспоставува систем за следење на процесот на декарбонизација. Со тоа создадовме стабилна и предвидлива правна рамка што обезбедува сигурност за граѓаните и привлекува сериозни инвестиции. Во делот на обновливите извори, заклучно со 1 јуни 2026 година пристигнаа над 800 инвестициски иницијативи по јавниот повик за 2027 година. Финализиран е и проектот за државен батериски систем со капацитет од 300 MWh во соработка со ЕБОР, воведена е обврска за батериски системи за складирање енергија, воспоставен е ГИС-систем за дигитализација на постапките за ветерна енергија, исплатени се над 50 милиони денари поддршка за производство од обновливи извори, а новиот Закон за обновливи извори е во собраниска процедура. Ова значи поголема домашна енергетска независност и помала изложеност на ценовните шокови. Усвоен е тригодишен план за реконструкција на 14 државни објекти во кои се сместени 33 институции, вреден 11 милиони евра. Обезбедени се дополнителни 50 милиони евра во соработка со АФД, 18 милиони евра преку Светска банка и почетен капитал од 5 милиони евра за независен Фонд за енергетска ефикасност. Со новиот Закон за енергетска ефикасност воведовме обврска секоја година да се реконструираат најмалку 3% од јавните згради, како и задолжително поставување соларни панели на новите и реконструираните јавни објекти. Ја активиравме праведната енергетска транзиција преку Советот за праведна транзиција и 61 конкретна мерка со кои се обезбедува зелениот премин да биде економски одржлив и социјално праведен. Обезбедивме и силна меѓународна поддршка од 65,7 милиони евра од Европската комисија преку Планот за раст за Западен Балкан, 5,2 милиони евра ИПА средства, како и забрзување на реализацијата на енергетските интерконектори со Албанија, Грција и Србија. Почитувани, Продолжуваме да градиме енергетски систем кој е сигурен, модерен и одржлив, во интерес на секое домаќинство и на идните генерации. Жан Дрвошанов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook