Двајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)
2Двајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)
3Германската влада потрошила 5,8 милиони евра за мебел и декорирање- на граѓаните им препорачуваат да штедат
Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
2Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
3Маж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)
МакедонијаПуштена нова делница од 17 километри на автопатот Кичево-ОхридДенеска беа пуштени во сообраќај уште 17 километри од автопатот Кичево-Охрид, на делницата Климештани-Охрид...Пуштањето на уште еден дел од делницата Кичево - Охрид, е силен доказ дека Македонија се движи напред, се гради и се надминуваат долгите години на застој, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето на делницата Климештани-Охрид во должина од 17 километри, во близина на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле, -Автопатот Кичево-Охрид, е од стратешко значење за нашата земја. Тој е главна артерија за поврзување на југозападна Македонија со остатокот од државата и со Охрид. Град кој не е само наш туристички бисер, туку и светско културно наследство. Со овој автопат Охрид и целиот регион добиваат нова енергија за развој, нови шанси за туризмот и нова перспектива за економијата. Со побрзо, полесно и побезбедно патување, овој автопат ќе донесе повеќе туристи, повеќе инвестиции и повеќе можности за локалната економија. Ќе се скрати времето на патување, ќе се олесни транспортот на стоки и услуги и ќе се отвори простор за нови бизниси и нови работни места, рече премиерот. Изградбата на автопатот Кичево - Охрид, според него, речиси една деценија бил симбол на закочени и недовршени работи. -Граѓаните со право беа разочарани. Гледаа градилишта кои стојат, а не патишта што се користат. За жал поради таквата слика голем дел од наште сограѓани и го оставија својот живот овде. Денес ја менуваме таа слика. Денес покажуваме дека таму каде што имаше застој има решение, таму каде што имаше недоверба има резултати, подвлече Мицкоски. Оваа Влада, нагласи, не го троши времето на изговори, туку на работа. -Oва е нашата визија, Македонија на дела, не на изговори. Ова е доказ дека можеме да го оставиме зад себе периодот на застој и да го отвориме патот на развојот. Ќе продолжиме вака да градиме да завршуваме почнати работи и да создаваме ноив перспективи за секој регион и за секој граѓанин, рече претседателот на Владата. Тој потсети дека за година и половина оваа Влада ги ставила во употреба делниците Градско-Фариш од 25,7 километри, Страцин - Крива Паланка од 25,5 километри, Врбјани - Ботун од околу 20 километри. -Тоа се 70 километри нови патишта и со оваа делница од Кичево до Охрид бројката ќе достигне 87,5 километри. И тоа за помалку од година и половина. Тоа не се зборови тоа се дела, додаде Мицкоски. Според него, опозицијата ќе измислува невистини и ќе се обидат да конструираат многу работи за нанесување политичка штета на Владата. - Но, ние немаме потреба да реплицираме на таквата политика на црни мисли, политика која ја турка Македонија назад. Ние ќе работиме ќе градиме за разлика од тие кои што беа влада на СДСМ и ДУИ, кои седум години не направија ништо и само крадеа. Тоа е суштинската разлика меѓу едната и другата влада, рече Мицкоски во обраќањето. Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски истакна дека втор пат за помалку од два месеци Владата ја пушта во употреба втората делница од автопатот Кичево – Охрид во должина од 17 километри од Климештани до Охрид, што е вкпуно 34 километри или повеќе од половина од целиот автопат во должина од 57 километри. -Првата во должина од 20 километри, од кои 17 се во активна употреба и овие 17 километри, 34 километри во активна употреба што веќе претставува повеќе од половина од целиот автопат, а до крај на слендата година да го завршиме целиот. Разликата е јасна и јасно покажува голема разлика во пристапот и во работата. Претходно, седум години тука не се работеше ништо, беше уништен и постојниот магистрален пат. Граѓните на Охрид, Струга, Кичево и останатите места не можеле ни да пристапат до меѓународниот аеродром, а денес имаме меѓународен аеродром Свети Апостол Павле автопатски поврзан. Огромна работа е двата аеродроми во Македонија да бидат автопатски поврзани, а се зголеми и авиосообраќајот на кој многу работиме, се зголеми бројот на туристи, рече Николоски. Тој посака автопатот што повеќе да се користи, да носи повеќе туристи во Охрид и Струга, што повеќе бизнис, кој ќе оди не само во овој дел на државата, туку, вели, и преку Коридорот 8 кон соседна Албанија и земјава ќе ја поврзува со пристаништето во Драч. Тој очекува покрај овој автопат, да се развијат стопански субјекти кои ќе значат за што повеќе луѓе да си ја наѓаат среќата тука. Николоски потенцира дека ова беше заборавен и напуштен проект, проект кој претходната влада целосно го имаше запоставено и симбол за неспособноста и неработењето на претходната влада на СДСМ и ДУИ. -Очекувам за месец и половина до два да се заврши и клучката кај Требеништа и да биде ставена во функција. Веќе ги воведуваме во работа изведувачите во делот на стабилизација на косините - најголемиот проблем на овој автопат и заеднички да сработиме и да го завршиме. Овој автопат треба да се надоврзе на автопатот кој ќе оди од Букојчани до Кичево, за кој веќе има активна постапка за избор на изведувач и од Букојчани до Гостивар веќе акитвно се работи. Очекувам до крајот на 2028, почеток на 2029 година да имаме целосно автопатско решение кое ќе оди од Скопје преку Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и Охрид, истакна Николоски кој објави и видео на неговот фејсбук профил од новата автопатска делница пуштена во сообраќај. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски нагласи дека досега повеќе од 50 отсто од делницата Кичево-Охрид веќе се пуштени во употреба. -Вкупната должина на Кичево - Охрид е 57 километри. Во јули пуштивме добар дел, сега пуштаме околу 17 км. Повеќе од 50 отсто од делницата Кичево-Охрид веќе ја пуштаме во автопатска делница. Требаше многу труд, многу енергија, заради тоа што наследивме делница, на која практично градежните работи беа замрени. Скоро да не можеше да се види градежен работник и градежна машина на оваа делница до пред една година. Со доаѓањето на оваа Влада и со сите институции кои помагаат во тоа, успеавме во она што го направивме денеска за да може од Климештани до Охрид, во должина од 17 километри да направиме увид и наскоро да биде пуштена оваа делница со мал прекин кај Требеништа, рече тој. Трајановски нагласи дека ова е една од најтешките делници која е направена во земјава, бидејќи, како што посочи, се прави на постојан асфалт и патен премин. - Ова е една од најтешките делници која што е правена во Македонија. Се прави на постојан асфалт, на постојан патен премин, на кој незнам колку пати има скренување лево десно, за да може на истиот пат од обичен пат да се направи автопатска делница. И вториот огромен проблем е што поминува низ пет населени места, Мешеишта, Требеништа, Горенци, Оровник и Подмоље. Можеби повеќе од 100 луѓе од своите домови директно излегуваа на овој пат. Сето тоа требаше добро да се испланира и да се изведе. Затоа се направени и пристапните патишта кои пред нашето доаѓање абер немаше за нив, немаше експропријација, немаше проектирање или делумно беа проектирани. Многу е тешко да направите пат каде што има густо населени места или живи села како овие во Дебрца и Охрид, рече Трајановски. Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков потенцира дека со овој симболичен настан сакат да испратат јасна порака дека преку конкретни дела се гради иднината на земјава. Делот од делницата што го пуштаме во употреба денес, како што посочи, е уште еден чекор напред и мотив да продолжиме со уште поголема решителност и одговорност кон конечната цел, а тоа е воспоставување на сообраќај по целокупната должина на автопатската делница. -8-ми Септември не е само историски датум, тој е наша обврска, да градиме држава која ќе обезбеди подобар живот за своите граѓани. Со вакви дела ја исполнуваме таа обврска и создаваме подобри услови за нас и за новите генерации кои доаѓаат. Посакувам, секој нов километар асфалт поставен тука да донесе развој, поврзаност и просперитет за целиот Југозападен регион. Посакувам сите заедно да бидеме сведоци на уште многу успешни инфраструктурни проекти во иднина! Нека е честит и вековит утрешниот празник, нека е вечна Македонија!, рече Пецаков. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаРодители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долготБрачен пар од Рот ам Зе (округ Швебис Хол) во Германија е осуден на долги затворски казни од Регионалниот суд во Елванген за сериозно сексуално злоставување и силување на сопствената ќерка.Судскиот совет го осуди 45-годишниот татко на 11 години и шест месеци затвор, додека неговата 41-годишна сопруга доби казна од девет години и шест месеци, пишува Nezavisne.com. Во овој случај учествувал и нивниот семеен пријател, 54-годишен маж со двојно државјанство на Босна и Херцеговина и Хрватска, кој моментално е во бегство. По него е издадена меѓународна потерница. Според обвинението, германскиот пар му ја дал својата ќерка на овој маж, третирајќи ја како предмет на сексуална експлоатација. Девојчето ѝ се доверило на својата наставничка Според обвинението, родителите постојано ја принудувале нивната тогаш 11-годишна ќерка на сексуални односи во период од повеќе од една година. Подоцна, се сомнева дека нивниот семеен пријател, по потекло од Босна и Херцеговина, кој има и хрватско државјанство, исто така се придружил на злоставувањето. Во обвинението се наведува и дека родителите му се заканувале на девојчето со електрошокови за да ја принудат да молчи. Истражителите се сомневаат дека таткото имал значителни долгови кон 54-годишниот познаник. Случајот стана јавен откако девојчето ѝ кажала на својата наставничка за сè, која веднаш ја известила надлежната служба за заштита на деца и млади, која од февруари се грижи за девојчето, кое сега има 13 години. За време на судската постапка, родителите го искористиле своето право да не презентираат одбрана. Контроверзната судска одлука предизвика вџашеност За време на постапката, одлуката на судечкиот совет да ги ослободи обвинетите од притвор во јули привлече особено внимание. Во тоа време, судот процени дека нема доволно основа за итно сомневање дека сториле кривични дела, што е еден од условите за наредба за притвор. Портпаролот на судот објасни дека во тој момент постоела можност обвинетите да бидат осудени, но дека нивната вина сè уште не била сигурна. Девојчето сè уште не било сослушано, а бидејќи родителите одбиле да се изјаснат за обвиненијата, судот се нашол во ситуација каде што имало две спротивставени верзии за настаните. Сепак, Вишиот регионален суд во Штутгарт не се согласил со оваа проценка. Во август, повторно ја активираше потерницата за таткото и семејниот пријател. Сепак, дотогаш веќе беше предоцна да се спречи бегството на 54-годишникот, кој го искористил периодот на слобода за да ја напушти земјата. Според властите, бегалецот најверојатно е некаде во Источна Европа. Портпаролот на судот потврди дека мажот, покрај хрватското, има и државјанство на Босна и Херцеговина, што би можело да го комплицира процесот на екстрадиција. Таткото веќе бил осудуван Судскиот совет ги отфрли тврдењата дека имало сериозна грешка во правдата за време на постапката. Судот рече дека одлуките се донесени врз основа на доказите и информациите што им биле достапни во тоа време. Таткото веќе отслужувал затворска казна во Северна Рајна-Вестфалија за обид за измама. Претходно бил осуден и за дистрибуција на порнографски материјал. За разлика од него, мајката била уапсена дури минатата недела. Една од клучните причини за проценката дека постои ризик од нејзино бегство беше психолошката експертска проценка на сведочењето на девојчето, која судот ја оцени како особено значајна. Во случаите на сексуална злоупотреба, експертската анализа на сведочењето на жртвата игра важна улога во утврдувањето на фактите и донесувањето судска одлука. За време на сослушувањето, 13-годишното девојче го даде своето сведочење за насилството што го претрпела преку видео-снимка. Снимката, како и наодите и мислењето на вештакот, беа дискутирани на затворена седница, без присуство на јавноста. Сомнителни финансиски трансакции на двојката Дополнително, против мајката се води посебна постапка поради сомнение за злоупотреба на хуманитарни донации. Според истрагата, таа собрала пари преку платформата GoFundMe, презентирајќи им лажни информации на донаторите. Надлежните органи истражуваат и сомнителни финансиски трансакции на банкарските сметки на двојката. Банките пријавиле сомневања за можно перење пари до надлежните институции. Според досегашните сознанија на истражителите, 54-годишен маж кој е во бегство бил исто така вмешан во спорните финансиски трансакции.Тагови: ќерка родители Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноПијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни.Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни да собере повеќе од 290.000 долари, објави Засолништето за животни во округот Хановер, објави АП. Ракунот стана глобална медиумска сензација откако менаџерот на продавницата го пронашол во несвест покрај тоалетот неколку часа по провалата. Засолништето купува камери Животното се опоравило и било пуштено во дивината, на околу една милја од продавницата во Ашланд. Неговата авантура инспирирала скеч во емисијата „Saturday Night Live“, а Засолништето за животни во округот Хановер ја искористило неговата популарност за да собере пари со продажба на маици, дуксери со качулки, капи, шолји и налепници со зашеметениот ракун. Производите го носат слоганот „Wacky Panda“, додека се создадени тематски колекции за лето и Ноќта на вештерките. Директорот за заштита на животните во округот Хановер, Џефри Паркер, рече дека собраниот износ е многу пати поголем од вообичаените годишни донации на засолништето, кои обично не надминуваат 20.000 долари. Дел од парите ќе бидат искористени за купување камери за тело што ги носат осум службеници за заштита на животните. Камерите ќе им овозможат да собираат докази во случаи на злоупотреба на животни, како и да ги документираат постапките на службениците за време на интервенциите. Проба алкохол од повеќе шишиња Локалната самоуправа едногласно го одобри купувањето на камерите на 28 октомври, а се очекува службениците да почнат да ги користат околу јануари. Паркер рече дека сака дел од преостанатите пари да се издвојат за фонд за финансирање на третманот на повредени животни пронајдени за време на интервенциите. „Не знам кога некогаш сме му должеле на животно толку голема благодарност како што му должиме на овој ракун“, рече членката на локалната самоуправа Феј Причард. Ракунот се скрши и веројатно вкусил алкохол од неколку шишиња во продавницата, вклучувајќи рум, виски, вотка и други жестоки пијалоци. Откако беше пуштен во дивината минатиот ноември, контролата на животните не добила ниту еден извештај за друга провала на ракун, рече Паркер, изразувајќи надеж дека животното сега живее мирен живот. Продажбата на сувенири сè уште е во тек, а за да се одбележи годишнината од необичната провала, во продажба се појавија нови маички со слоганот: „Една лоша ноќ. Многу добри дела“.Тагови: ракун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветИран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне Иран нема да дозволи ниту една честичка збогатен нуклеарен материјал да ја напушти земјата, а во случај на нови напади на САД врз Исламската Република, ќе има последици, изјави шефот на иранската безбедност Мохсен Резаи во телевизиско обраќање.Резаи зборуваше за либанската телевизиска станица Ал Мајадин, која е блиску до Иран, откако американските претставници ја намалија потребата од дополнителни воени дејствија против Иран. Аналитичарите посочија на помирувачкиот тон на американскиот претседател Доналд Трамп по поразот на републиканците на изборите за Конгресот во САД одржани на 3 ноември. Резаи рече дека во моментов нема преговори меѓу Техеран и Вашингтон. „Ќе одговориме на секој нов напад на САД со таргетирање на американските бази далеку од нас“, рече тој. Врховниот лидер на Иран издаде директива со која наредува иранскиот ураниум збогатен на нивоа блиски до оние потребни за производство на нуклеарно оружје да не може да се испраќа во странство, изјавија двајца високи ирански претставници во мај. „Ни треба збогатен материјал за дизајнирање бродови и подморници на нуклеарен погон“, рече Резаи, додавајќи дека Техеран ја информирал Москва дека неговиот збогатен нуклеарен материјал ќе остане во земјата и „ќе го користиме ние самите“. Iran will not allow enriched nuclear material to leave the country, security chief says https://t.co/d1tf2XHDry — Reuters (@Reuters) November 11, 2026 Русија претходно понуди да зема збогатен ураниум од Иран како дел од потенцијален договор за ублажување на загриженоста на САД, но рече дека Техеран е тој што треба да одлучи дали да го отстрани од земјата. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) проценува дека Иран имал 440,9 килограми ураниум збогатен до 60 проценти - ниво далеку над она што било потребно за цивилна употреба кога Израел и САД ги нападнаа иранските нуклеарни објекти во јуни 2025 година. Не е познато колку од тој материјал ги преживеал нападите. Израел, САД и другите западни земји долго време го обвинуваат Иран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје. Иран ги негира обвинувањата. Вашингтон изјави дека нуклеарните прашања мора да бидат дел од сите почетни разговори со Иран насочени кон прекин на војната меѓу двете земји. Иран достави нуклеарен предлог до САД, преку Катар, кој ќе се дискутира дури откако Вашингтон ќе исполни седум барања што ги постави Техеран, изјави висок ирански функционер за Ројтерс минатата недела.Тагови: збогатен ураниум Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook